loader image

Адети за Летник -Пролетник кај Мијаците

by | Apr 1, 2017 | историја, мијаци, религија, фолклор

*Запишано од Панајот Гиноски (1842-1882)
Летник го наречуваме првиот ден од треќи месец – од мартов месец. Во цела година се зноет за четири годишни времиња… А март је најпрви месец пролетен. Затеа нашите стари најпрвиот ден од месецот пролетен го нарекле летник односно пролетник. Тој не је црковен, туку природен празник. Природата која зиме била спала и огрдела, одтуе од овја ден зафаќат кроце по кроце да се разбудуват и разубавуват.
Вечерта спроти ЛЕТНИК-ПРОЛЕТНИК, а едни пак утрината на летник, жените им клавает на децата млници-низалчиња кои што и носит од ЛЕТНИК-ПРОЛЕТНИК до ЃУРЃОВДЕН. Колку мошки (можи, момчиња, деца) се во секоја куќа толку млници-низалки клавает. Децата и носит своите низалки и низалките на другите мошка челат од куќата, затеа едно детуле моет да носит по две, три и четири млници-низалки. Сполај му на Бога за повеќе!
А шо се млници? Млници наречуваме низалче, низалче од неколку старицела-стребрени пари и жлтици, нанижани на еден конец бел и ленен, а другиот конец је од црвена коприна. Двата конци усукани се заедно и сторен је еден конец црвено-бел. Млниците и носит за здравје. Млница имат значение по самото име за млн`а (млња – МОЛЊА) за да и не удирила рофија (гром) пред лето.
Кога излагает и израстувает пролетни нови коприни децата велит: “на сува дрва и камење нека одит треска и огон, а на мене нека доет здравје и весеље!”. Ко ќа доет ЃУРЃОВДЕН жените им и соневает-симнуваат млниците, старицелата-париците, и клавает во кофшежиња, а млниците и клавает на трондафил, за да бидет како него црвен и бел и никаква лошотија да не и фатит да се пишманит од убоцувањето.
Обработил Мојсо Поповски
ФБ коментари

Може да ве интересира…

Нова божикна каланда „Христос се раѓа, на светот радост“

Традиционално, и овој Бадник, Здружението “Бадникови поворки” со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божикен спот како подарок за верниот народ. -Деновиве, на голема радост на сите, во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорската...

БАДНИКОВИ ПЕСНИ И АДЕТИ

Во Дебарско особено во нашите малорекански села, вечерта спроти бадникот се подготвуваат лебови што се викаат колаци, со различни форми. Заедно со овие колаци (или колендари) замесуваат по еден голем леб што се вика чист леб, којшто го јадат на првиот ден на Божикот, кога повозрасните деца варат...

Карактеристики на мијачката куќа

При анализата на градителството и градителските традиции во Македонија, и пошироко на Балканот, сите автори се согласуваат дека Мијачкиот крај е местото од каде што потекнува плеада на мајстори градители. Неколкугодишните истражувања на терен, недвосмислено упатија на нивниот особено различен...

Милениумски јубилеј: Бигорски манастир денеска слави 1000 години од основањето

Централната прослава на големиот јубилеј 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир ќе се одржи денеска со почеток во 9 часот со Божествена архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите...

Учеството на Тресончани под строги протоколи, викендов хиротонија на Отец Партениј за епископ Антаниски

Под строги контроли, со заштитни маски и дистанца викендов ќе се случи хиротонијата на Игуменот на Бигорскиот манастир, Отец Партениј за епископ Антаниски, каде на наше големо задоволство, како специјални гости ќе земат учество и претставници од Тресонче. Назначените од одборот претставници ќе...

Постарата ерминија на Дичо Зограф е најобемното дело на народен јазик од 19 век во Македонија

Јазикот на кој е напишана допрва ќе биде предмет на научен интерес на лингвистите што ги проучуваат нашите македонски дијалекти. Една од особеностите на оваа ерминија е и билингвалноста, двојазичноста, секоја одредница, сигнатура или наслов на сцена е испишан со црковнословенско писмо, заедно со...

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Мене куршум ме пронижа, на мајка ми да кажете Максима го женивме за црна земја македонска

Мене куршум ме пронижа, ако некој жив остане, на мајка ми да кажете Максима го оженивме за црна земја македонска, се вели во песната за војводата Максим Ненов од Тресонче, кој на денешен ден загинал за слобода на Македонија. На 29 мај 1903 година, на планината Голак, под врвот Чавките во...

Повеќе за Игуменот на Бигорската Обител, Отец Партениј – новиот епископ на МПЦ-ОА

Архимандрит г. Партениј Бигорскиот Старец и игумен, Архимандрит Партениј (Фидановски) е роден на 29 октомври 1970 година во Битола, во македонско православно семејство, коешто ревносно ги негувало традиционалните христијански вредности, како и родољубивиот и слободољубив дух. Уште од најрано...

Отецот Партениј нов епископ на МПЦ-ОА

Македонската православна црква – Охридска архиепископија доби нов епископ.  Синодот на МПЦ-ОА денеска го избра игуменот на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ архимандрит Партениј за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија со титула „Антаниски“ според античкиот град Антанија кој бил...

Бошкачки, вториот јазик на Мијаците

Скивај, скивај каква манука ни догуруват одозгора. Ама е апсика како десетка. Апсика е вајзана, ама имат и апсик манук. Абре е апсик, ама е многу плак. Не го бидува за такечинење. Жилкај и не боботари. Го скива манукот да ѕверкат како лајаче. Ваков дијалог иако звучи како да е воден на некој...

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

January 2021
M T W T F S S
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

Објавено 1 недела претходно од

Тресонче

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=415439603007608&id=100036247156942 ... ПовеќеНазад

Повеќе на ФБ

Објавено 2 недели претходно од

Тресонче

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10207749000998548&id=1699202236 ... ПовеќеНазад

Повеќе на ФБ

Објавено 2 недели претходно од

Тресонче

*ИЗВЕСТУВАЊЕ*🌧Поради обилните врнежи од дожд во скоро цела западна Македонија, и во очекување на уште поинтезивни, вклучително и с.#Тресонче, се замолуваат посетителите на екстремно внимание на патот до с.Тресонче како и на регионалниот пат Маврово-Дебар. Поради паднати дрва, помали одрони (со можност за поголеми) и надојдени води !Видео: Жан Илиќ ... ПовеќеНазад

Повеќе на ФБ

Објавено 1 месец претходно од

Тресонче

Поради асфалтирање на дел на регионалниот пат Маврови Анови - Дебар на 18.12.2020 година ќе има прекин на сообраќајот во делот под село Скудриње. Прекинот ќе биде од 10.00 до 13.00 часот. ... ПовеќеНазад

Повеќе на ФБ

Објавено 2 месеци претходно од

Тресонче

ЕВН Македонија извести дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа на ден 07.12.2020 година, без напојување со електрична енергија во периодот од 12 до 16 часот ќе останат корисниците од општините Дебар, Центар Жупа и Маврово – Ростуше. ... ПовеќеНазад

Повеќе на ФБ

Smash Balloon Custom Facebook Feed WordPress PluginThe Custom Facebook Feed plugin

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ