loader image

Искачување на врв Брзовец (12 врвови)

by | Sep 9, 2017 | планинарење

 

На денот на независноста на Македонија, 8 септември 2017, беше искачен последниот 12 врв за годинашниот планинарски предизвик „12 Врвови“, (Голем и Мал) Брзовец висок 2082 метри на планината Бистра. Околу 50-ина планинари и предизвикувачи од Скопје, Гостивар, Битола и други места во Македонија го започнаа искачувањето од селото Тресонче и движејќи се по шумовит, карпест и наместа многу стрмен терен, каде беа забележани и диви кози, по 4 часа беше искачен врвот Голем Брзовец. Помала група планинари директно се качија на врвот Мал Брзовец, при што на седлото во неговата близина повторно се приклучија на главната група која минувајќи низ долот на Јадовска Река над Селца и висорамнината Суво Поле пристигна во кампот на Селска Ливада кај Галичник, каде беа поделени наградите за сите кои успешно го исполнија и учествуваа на планинарскиот предизвик „12 Врвови“. Денот беше завршен со мала забава и пригодна закуска, како и огномет над ведрото небо во ноќта. Дел од учесниците останаа да кампуваат во шатори при што следниот ден беше искачен и највисокиот врв на Бистра – Меденица над Галичник, беше извозена и 50километарска велосипедска тура низ повеќе мијачки села, а се спроведе и акција за поставување на маси и клупи за седење на излетници.

 

Повеќе фотографии на линкот…

ФБ коментари

Може да ве интересира…

ТРЕСОНЧЕ НОСИ МИР…И ЕДЕН СИН ВИР

Благодарејќи на неговата местоположба, распослано во најживописниот предел од недопрената природа на Националниот Парк Маврово, Тресонче продолжува да привлекува и да плени посетители, како со својата богата историја, така и со раскошното флорастично богатство, шумите, планините, а посебно со...

Тресонче ја организира првата 11 Октомвриска Тура – Тресонечка Долина

Автор: Жан Илиќ На ден 10ти Октомври по повод државниот празник 11ти Октомври за прв пат ја организираме планинарската тура , кружна прошетка околу долината на Тресонче. Се надеваме дека од оваа година ќе прерасне во убава Октомвриска традиција на нашето село Тресонче. Патеката ќе се движи по...

Искачување на врв Брзовец (12 врвови)

  На денот на независноста на Македонија, 8 септември 2017, беше искачен последниот 12 врв за годинашниот планинарски предизвик „12 Врвови“, (Голем и Мал) Брзовец висок 2082 метри на планината Бистра. Околу 50-ина планинари и предизвикувачи од Скопје, Гостивар, Битола и други места во...

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

February 2021
M T W T F S S
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

Објавено 12 часови претходно од

Денес, 26.02.2021 се одбележува 17-годишнината од авионската несреќа на владиниот “Кингер” во близина на Мостар , каде на денешен ден 2004 животот го загубија сите членови на екипажот меѓу кои, покрај македонскиот претседател, Борис Трајковски, трагично згасна и животот на Ристо Блажевски, родум од Тресонче, кој што во својство на советник на претседателот го придружуваше на кобниот лет.
Тресонче и Тресончани со жалење ќе се сеќаваат на неговиот ведар лик.
Слава му!
... ПовеќеНазад
Повеќе на ФБ

Објавено 1 ден претходно од

Тресонче ... ПовеќеНазад
Повеќе на ФБ

Објавено 1 месец претходно од

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=415439603007608&id=100036247156942 ... ПовеќеНазад
Повеќе на ФБ

Објавено 2 месеци претходно од

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10207749000998548&id=1699202236 ... ПовеќеНазад
Повеќе на ФБ

Објавено 2 месеци претходно од

*ИЗВЕСТУВАЊЕ*

🌧Поради обилните врнежи од дожд во скоро цела западна Македонија, и во очекување на уште поинтезивни, вклучително и с.#Тресонче, се замолуваат посетителите на екстремно внимание на патот до с.Тресонче како и на регионалниот пат Маврово-Дебар. Поради паднати дрва, помали одрони (со можност за поголеми) и надојдени води !

Видео: Жан Илиќ
... ПовеќеНазад
Повеќе на ФБ

Smash Balloon Custom Facebook Feed WordPress Plugin The Custom Facebook Feed plugin

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ