loader image

Антон Мирчев – Пешкоски

Ова е еден од последните големи тресонечки имиња кои оставиле свој печат на македонската, европската, но овој најверојатно и на светската историја!

Антон (Доне) Мирчев (Мирчин) – Пешкоски е роден во Тресонче во маалото Пешковци и бил брат на учителот Крсте Мирчески. Иако е еден од најмаркантните личности кои излегле од  нашето село (и од Македонија воопшто), податоците кои за него ќе бидат изнесени на ова место ќе бидат најсиромашни. Објавувањето на целата биографија на Доне, мошне значајна за Македонија и за една значајна ера од историјата на Европа и  на светот, најверојатно ќе чека некои подобри историски моменти!

 

От како заминал од Тресонче, Доне пристигнал во Русија во пре двечерјето на Октомвриската револуција. Станал член на Македонската колонија во Петроград, а веднаш потоа и на македонскиот револуционерен комитет во таа земја. Активно учествувал во Октомвриската револуција, бил член на петроградскиот револуционарен комитет, близок соработник на Владимир Илич – Ленин и на Кристијан Раковски. Бил еден од учесниците во нападот на зимскиот дворец на семејството  на  последниот руски цар, Николај Романов (фото -горе),раководен од бродот Аурора (фото – десно). Доне станал и функционер во Комунистичката интернационала, како и министер во владата на Украина, составена по Октомвриската револуција од 1918 година.

И покрај сето ова, македонската јавност сè уште не е воопшто запознаена со овој тресонечки и македонски великан, веројатно поради неговата идеолошка припадност.

Доне Мирчев мистериозно изчезнал една ноќ во 1942 година во Москва кога германските нацистички војски биле пред портите на главниот руски град.