loader image

Курмија Андреева

Андреева била родена во 1872 година во дебарското село Тресонче. Била постојана курирка во кичевско-галичкиот револуционерен реон. Како курирка, најсовесно ги исполнувала наложените задачи со што ги одржувала во постојана врска четите со легалните начелства во реонот.

Во 1913 година, кога Србите го окупирале овој крај, била насила извлечена од куќата, на полноќ, со врзана уста, а потоа била соблечена гола пред црквата „Св. Петар и Павле“ во селото Тресонче и најжестоко мачена по што била убиена и фрлена во една провалија да ја јадат кучињата. Трупот и стоел непогребен три дена.