loader image

Мијачко Наречје

Мијачкиот “јозик” се говори и во селата Галичник, Лазарополе, Тресонче, Селце, Росоки, Осој, Гари, Жерноница, Сенце, Скудриње, Могорче, Присојница, Јанче, Битуше, Велебрдо, Ростуше, Мелничани, Косоврасти и во уште некои други места со помали промени, особено во фонетиката.

Диалектичка поделба на Македонскиот јазик-Аврамовски

Западномакедонската дијалектна група се протега од реката Вардар на исток, до границата со Албанија на запад, со северномакедонските говори во Полог, а на југ допира до Егејска Македонија, односно до егејските дијалектни подрачја.
Мијачкиот дијалектен говор е дел од пошироката група дебарски говори, каде се среќава под името малорекански, односно рекански говор, кои пак претставуваат географскиот регион каде живеат Мијаците.

Во западномакедонските говори влегуваат и охридско-преспанските (долнопреспански, вевчанско-радошки, охридски, струшки и горнопреспански), како и преодните дримколско-голобрдски и гостиварските говори во Полог. Западните македонски дијалекти се зборуваат и во Албанија каде живее македонско население, како и дел од Горанците.

Мијачките, односно западномакедонските говори ги поврзуваат повеќе од триесетина фонетско-фонолошки и граматички особености, кои се јавуваат истовремено и како разликувачки црти по однос на говорите во источна Македонија.

Такви диференцијални црти во фонетиката се:
појава на консонантската група шч, наместо шт, во другите македонски говори: шчо чудо е теа, шчо ќа велит, шчо јадет и сл.
вокалот а на многу места се заменува со о: зоби (заби), пот (пат), коде (каде), рока (рака)… губење на х во почетната позиција на зборот или меѓу два вокала, може и меѓу вокал и слоготворно р: ќа те нарана, појди на отел и сл.
појава на палатализирано (меко) л наместо љ.
замената на групата *цв во *цу: цутит, расцутит…
замената на *ѕв со *ѕу: ѕунит, ѕумкат, ѕункот…
преодот на *св во *су: осуна, осунуење…
у >о: седум, седом…
Честичката ќа за градење на идното време (наместо ќе), односно промената а<е. промената на кратко ‘е’ во ‘е’ во сите позиции и зад согласката ‘ц’: цена, цедило, цевка, цепит… остатоците од старословенската замена на *јон со *јен: јазик (јозик), јачмен (јочмен), јатрва (јотрва) итн. појавата на протетичкото ‘ј’ пред рефлексот на иницијалното ‘он’… третосложниот акцент… градењето акцентски целости: не-го’-виде, не-му’-реков, пода’ј-ми-ја, не-го’-барај… јасен изговор на неакцентираните вокали… губење на интервокалното ‘в’: Јоан, осноа, биол, столој… отсуство на гласот ‘х’ и негова замена со ‘ф’, т.е. ‘в’ пред консонант и на апсолутниот крај на зборот: јавна, бефте, чевли, нивно-нифно, пифтија, офкат, врф, праф… промена на спирантите ‘с’, ‘з’, ‘ш’ пред ‘ц’ и ‘ч’ преку ‘х’ во ‘ф'(в): мофче, круфче, грофче, мафца, прафци (од ‘прасе’). Повеќе црти има и од областа на морфологијата, синтаксата и зборообразувањето. кај именските зборови треба да се одбележи разликувањето на општата од номинативната форма кај личните и роднинските имиња од машки род што завршуваат на консонант, на -о и -е: Стојан – со Стојана, Марко – на Марка, татко – на татка му, Крсте – на Крстета, бате – на батета… множинската наставка -ови>-ој: волови – волој, долови – долој, столој, клучој…
тројниот член: човекот, човекон, човеков, жената, женава, женана, детево, детето, детено, децата, децава, жениве…
личната зам. за 3 лице еднина е тој… [​IMG]
личната заменка за 3 лице еднина среден род е теа, наместо тоа…
кратката множинска заменска форма ‘и’: и виде луѓето…
дативната форма за женски род нејзе од која е образувана и посесивната нејзин…
употребата на синтетичката дативна форма кај заменките: мене ми, тебе ти, нему му, нејзе ñ (је) – нези је, нам ни, ними им, вам ви, кому, некому, никому, дем. овему, онему…
и кај личните и роднинските имиња од машки и женски род: Стојану, Марко(в)е или Маркоту, Петре(в)е или Петрету, Илију, Мари или Маре, татко(в)е, теткине…
Во глаголскиот систем како дијалектно-диференцијални црти во мијачкото наречје се јавуваат:
наставката -т во 3 лице еднина сегашно време: имат, немат, носит, седит, одит, јадет, пасет, играт, се смеет, пеет, работит, нарочуват, токмит…
обликот се во 3 лице множина од глаголот сум,
партиципската форма донесол, донел, во северните и во источните говори),
широката употреба на конструкциите со ‘има’ – ‘нема’ и глаголска придавка во среден род: имат работено, имал работено, ќа имаше работено…
честата употреба на формите од типот е дојден, беше дојден (глаголската придавка од непреоден глагол со формите од помошниот глагол сум).
на целото западно дијалектно подрачје предлогот в се среќава само во формите в, во: во Скопје, в град, в село (или ф село).
предлогот со не се удвојува: со сила, со мака…
додека прилогот врз не се употребува воопшто.
поголемиот број од овие говори го познаваат и предлогот кон.
а од може да се употреби и за искажување посвојност: детето от сестра ми, куќата от мајка ми.
од суфиксите само за западното наречје е карактеристичен деминутивот -уле, што може да се комбинира и со некои други деминутивни суфикси: детуле, женчуле, крфчуле, брадуле…
Бројот на синтаксичките особености не е голем, но тие се доста забележителни:
кратките заменски форми по правило стојат пред глаголот и во почетокот на реченицата: го викнав него, ми реков Мирко(в)е…
во 3 лице во сложенте глаголски форми со ‘сум’, помошниот глагол се губи: тој дошол, ќа доел, тие дошле…
презент од перфективен глагол со повторливо значење во независни реченици овде не се употребува.
употребата на удвоениот објект во мијачкиот дијалект (како и на целата територија на западна Македонија) е регуларна појава.
Во минатото низ мијачките села постоеле т.н. тајни говори кои најчесто ги употребувале ѕидарите или печалбарите. Овие говори карактеристични за Мијаците се фокусирале на формирање нови зборови, логични за ситуациите во кои се наоѓале говорителите. Во голем број случаи се земале и албански и турски зборови, а некои од нив подлегнувале на помијачување, односно на постројување во калапите на македонскиот јазик.
(алб.) djal[ (djal’) – момче > дјале > (дј > ѓ) > ѓале: “Кажи му на ѓалено да жилкат повеќе” – Кажи му на детено да работи повеќе, каде глагол за работи е жилка(т).
Во подолните редови следуваат некои покарактеристични зборови на тајните “ѕидарски” мијачки јазици:
– жилкат (работи), бошкач (мајстор), гледаче (прозорец), клинка (зграда), зоден (јајце), нурец (ѕид), љавит (малтерисува), нуркање (ѕидање), се мижит (се стемнува), светачка (црква), трљачка (пила)…