loader image

Отецот Партениј нов епископ на МПЦ-ОА

by | May 22, 2020 | религија

Македонската православна црква – Охридска архиепископија доби нов епископ.  Синодот на МПЦ-ОА денеска го избра игуменот на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ архимандрит Партениј за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија со титула „Антаниски“ според античкиот град Антанија кој бил епископско седиште. Тој истовремено ќе ја задржи и својата должност како игумен на Бигорскиот манастир, каде што ќе биде и неговото постојано седиште.

IZBOR_VLADIKA_OTEC_PARTENIJ-29На денешната седница на Светиот архиерејски синод е прифатена и одлуката на митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф да биде ослободен од митрополиската должност од здравствени причини, а за негов наследник е избран игументот на „Свети Јоаким Осоговски“, отец Григориј за епископ Сарандополски до моментот додека да биде интронизиран за Кумановско-осоговски.

Отец Партениј е избран едногласно, а отец Григориј со значително мнозинство. Одлуката на митрополитот Кумановско-осоговски да се повлече од митрополската должност, како што изјави портпаролот на МПЦ-ОА митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, е малку невообичаена, имајќи предвид дека г. Јосиф е човек на 40-тина години. – За најголем дел од македонската јавност, вклучително и за мене како портпарол на Светиот Архиерејски Синод, не знаев дека е во таква состојба, дека ќе побара ослободување од архиерејска должност имајќи предвид дека е човек на 40-тина години, изјави Тимотеј.

IZBOR_VLADIKA_OTEC_PARTENIJ-11Наречението (објавување на веста пред верниците) за отец Партениј е закажано за 11 јули во манастирот „Свети Јован Бигорски“, а на 12 јули на празникот на светите апостоли Петар и Павле ќе се одржи хиротонијата во храмот Света Софија во Охрид. За отец Григориј наречението е закажано за 25 во манастирот „Јоаким Осоговски“, а на 26 ќе се одржи хиротонијата во црквата Свети Никола во Куманово.

По тој повод раководството на Здружението на граѓани „Брзовец“ на чело со претседателот, г-дин Јосиф Саржовски испрати честитка за изборот на игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија.

Во писмената порака, меѓу другото, се нагласува дека Тресончани, како во минатото, така и во иднина, ќе продолжат да се грижат за традицијата од предците за негување на меѓусебната поддршка со Бигорскиот манастир, „Св. Јован Крстител“.

Писмото го пренесуваме во целост:

IMG-f1eb32d47d4084e2b5dea3d002fe17b5-V

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Милениумски јубилеј: Бигорски манастир денеска слави 1000 години од основањето

Централната прослава на големиот јубилеј 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир ќе се одржи денеска со почеток во 9 часот со Божествена архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите...

Учеството на Тресончани под строги протоколи, викендов хиротонија на Отец Партениј за епископ Антаниски

Под строги контроли, со заштитни маски и дистанца викендов ќе се случи хиротонијата на Игуменот на Бигорскиот манастир, Отец Партениј за епископ Антаниски, каде на наше големо задоволство, како специјални гости ќе земат учество и претставници од Тресонче. Назначените од одборот претставници ќе...

Повеќе за Игуменот на Бигорската Обител, Отец Партениј – новиот епископ на МПЦ-ОА

Архимандрит г. Партениј Бигорскиот Старец и игумен, Архимандрит Партениј (Фидановски) е роден на 29 октомври 1970 година во Битола, во македонско православно семејство, коешто ревносно ги негувало традиционалните христијански вредности, како и родољубивиот и слободољубив дух. Уште од најрано...

Отецот Партениј нов епископ на МПЦ-ОА

Македонската православна црква – Охридска архиепископија доби нов епископ.  Синодот на МПЦ-ОА денеска го избра игуменот на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ архимандрит Партениј за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија со титула „Антаниски“ според античкиот град Антанија кој бил...

Водици во Битуше – обичај кој заслужува да биде заштитен од УНЕСКО

Автентичноста на празнувањето Водици во Битуше е изразена преку висок степен на присутност на изворното негување на верувањата, сродството, традиционалните носии, обредните песни, ора и зачуваноста на обредните реквизити кои се користат, пред сѐ литискиот крст во секое од кумствата”, се вели во...

† Бигорскиот манастир ќе прослави 1.000 години постоење

Игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј, во придружба на неколку монаси од Бигорски и монахињи од манастрот„ Свети Георгиј Победоносец“ од селото Рајчица, имаше работна средба со Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски,...

† Парастос по повод 200 години од раѓањето на Дичо Зограф

Оваа година се навршуваат 200 години од раѓањето на големиот зограф Димитрија Дичо Зограф од Тресонче, кој со својот опус и со својата продуктивност се издигнува во средишна фигура на уметноста во Преродбата

Адети за Цветници кај Мијаците – Цветоносна Недела

Зaпишaнo oд Пaнaјoт Гинoски (1842-1882) Цветници јa неречувaме цветoнoснa неделa, тaa неделa шo је пред ВЕЛИГДЕН. Утринaтa нaутрo млaдите невести ќa се прoменaт вo нoвa прoменa дoтoгa не oблеченa. Ќa си клaет нoв сoкaј и преврзoк нa глaвa или нa челo и дaрпнa везенa и зaеднo сo свекрвите ќa пoет...

Адети кај мијаците за Лазарица – Лазарева Собота

*Зaпишaнo oд Пaнaјoт Гинoски (1842-1882).* Лaзaрицa јa нaречувaме сoбoтaтa пред Цветници. Пoнaпред – oдaмнa oделе девoјките и децaтa oсoбнo (пoеднечнo; еден пoзaди друг вo групa). Сегa девoјки нa ЛАЗАРИЦА не oдит кaкo пoрaнo, туку oдит сегa сaде детулињa. Акo је веќ рaсипaн тoј aдет дa не...

Адети за Летник -Пролетник кај Мијаците

*Запишано од Панајот Гиноски (1842-1882) Летник го наречуваме првиот ден од треќи месец – од мартов месец. Во цела година се зноет за четири годишни времиња… А март је најпрви месец пролетен. Затеа нашите стари најпрвиот ден од месецот пролетен го нарекле летник односно пролетник. Тој...

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

November 2020
M T W T F S S
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

Објавено 3 недели претходно од

Тресонче

Тресонче во есен 🌲🍁🍂 ... ПовеќеНазад

Повеќе на ФБ

Објавено 1 месец претходно од

Тресонче

https://www.facebook.com/745546048968431/posts/1513884605467901/Известување,Општина Маврово и Ростуше, ги известува своите граѓани дека, поради технички зафати, кои ќе се изведуваат од страна на ЕВН - Македонија, утре 22.10.2020 година (четврток) во целиот долнорекански регион ќе има прекин на електрична енергија од 08:00 до 16:00 часот. Со почит, ... ПовеќеНазад

Повеќе на ФБ

Објавено 2 месеци претходно од

Тресонче

Почитувани, под влијание на последните извештаи за напредокот на Ковид пандемијата, и согласно денеска усвоените мерки за заштита и превенција од истата, по отворената дискусија членовите на одборот на ЗГ Брзовец едногласно зазедоа став и ве известуваме дека со големо жалење моравме да констатираме дека е невозможно, а воедно и неодговорно да продолжима со планирање и организирање на овогодинешната планинарска тура "Тресонечка Долина". Се надеваме на разбирање, бидејќи оваа тешка одлука ја донесовме во интерес на вашето здравје. Турата предвидена за 10-ти Октомври ќе биде одложена за некои подобри времиња.. ... ПовеќеНазад

Повеќе на ФБ

Smash Balloon Custom Facebook Feed WordPress PluginThe Custom Facebook Feed plugin

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ