loader image

ПРИРОДНИТЕ БОГАТСТВА НА ТРЕСОНЧЕ

КОИ ВРЕДИ ДА СЕ ПОСЕТАТ

Опкружувањето на Тресонче како составен дел од Националниот Парк Маврово изобилува со голем број на интересни морфолошки форми и извонредно флористичко богатство…

ГЕОМОРФОЛОШКИ ФОРМИ

ВОДОПАДИ
Водопадите на Тресонечка река
ПЕШТЕРИ
Пештерите во близина на Тресонче

Една од најпознатите, која припаѓа во категоријата на пештери природни реткости, е спелеолошката убавица Алилица. Таа се наоѓа на околу 3,5 км. источно од селото Тресонче кај Дебар, во долината на Тресонечката река, на северозападната страна на планината Бистра, во прекрасната природа на националниот парк Маврово, обвиткана со густа листопадна шума меѓу мијачките села Галичник и Лазарополе. Овој пештерски комплекс го сочинуваат два отвора – Долна и Горна Алилица, кои меѓусебно се поврзани со вертикален и кос канал, а вкупната должина на пештерските канали изнесува 590 м. Влезот во пештерата е тесен, вертикален канал длабок повеќе од 20 м., вистински предизвик за спелеолозите, но само на неколку чекори понатаму, пред вас ќе се отвори голема пештерска галерија.

Алилица, која важи за една од најубавите пештери во Македонија, во својата утроба крие импресивна карстна уметност со прекрасни гео-морфолошки облици, наречени пештерски накит. Таму ќе ве дочекаат безвременските сталактити, сталагмити, сливови, корали, шупливи висулци и секакви необични облици, а сето тоа во еден амбиент кој е збогатен со високи водопади и подземни бистри, проѕирни езерца. Пред неколку години спелеолозите во пештерата пронашле и скаменети коски од предисториски мечки. Иако во внатрешноста на пештерата е многу студено и темно, а тишината ја нарушува силниот татнеж на водата, за оние кои уживаат во истражувањата на подземниот свет, ова е едно возбудливо доживување и незаборавна авантура.

Постојат и неколку преданија за потеклото на името на пештерата. Според најпознатото, тоа потекнува од времето на Османлиското царство. Си бил некој Алил Паша, кој еден ден се враќал од собирање арач по мијачките села, но во близина на пештерата го нападнале арамии, па тој собраното злато го сокрил во пештерата. Според некои кажувања, Алил подоцна се вратил и си го земал, а според други, златото е сè уште сокриено некаде длабоко во пештерата…

ПЛАНИНИ
Прекрасните планински предели

Бистра Планина

Бистра е планина во централниот дел од Западна Македонија и е надалеку позната по своите пасишта, богатиот растителен и животински свет како и пријатната и лековита планинска клима. Бистра планина претставува голем зарамнет масив, опкружен со бројни планински врвови, меѓу кои голем број се повисоки од 2000 метри: Меденица (2163 м), Карбула (2151 м), Ќурков Дол (2141 м), Острово (2105 м), Бистра (2102 м), Десовтор (2092 м), Шарен Пејко (2086 м), Голем Брзовец (2085 м), Манастириште (2060 м), Думовица (2042 м), Јарочкач (2027 м), Говедарник (2018 м), Голем Рид (2015 м), Езерски Врв (2014 м), Горна Корија (2005 м), Мал Шар (1993 м), Сандакташ (1983 м), Зенгови Рупи (1980 м), Вели Врв (1916 м), Мал Брзовец (1899 м), Русин (1890 м), Старци (1710 м), Стог (Кочо Рацин) (1574 м), Стог (1363 м).

Стогово

 Стогово се наоѓа во западниот дел на Република Македонија. Највисоки врвови се Голем Рид на 2278 метри надморска височина и Бабин Срт на 2242 метри надморска височина. Овде природата е скоро недопрена поради тоа што во близина нема население, а и не се посетува често од планинарите.

Планината Стогово се наоѓа меѓу долината на Црн Дрим на запад и Сатеска од исток. На север и исток Стогово се надоврзува со планината Бистра, а на југ преку врвот Бабин Срт (2242 метри надморска височина) се надоврзува на планината Караорман. На север е ограничена со Мала Река, Гарска Река, Јамска Река и превојот Јама, а на југ преку Караорман допира до Охридско-струшката котлина.[1] На запад и југозапад падините на Стогово ги оградуваат Дебарското поле и долината на реката Црн Дрим односно областите Дримкол и Малесија, додека пак на исток и југоисток ги оградува Кичевската котлина и северниот дел на областа Дебарца.
Планината е млада верижна со остри сртови и припаѓа на Шарскиот планински систем. Сртот е јасно изразен по целата должина, на места е заоблен, а наместа остар и слабо расчленет. Планинската страна свртена кон север од почетокот благо се спушта, а потоа стрмно паѓа кон долината на Мала Река и нејзините притоки Гарска и Јамска Река.Највисоки врвови се Голем Рид – 2273 метри надморска височина,
17
Бабин Срт – 2241 м.н.в., Стогово – 2218 метри, Канеш – 2216 м.н.в. и а има уште 7 други врвови повисоки од 2000 метри.Ѓорче Петров го дава следниот опис на правецот на протегање на Стгово: недалеку од Дебар преку Радика, започнува планината Стогово, која врви кон југо-исток под тап агол со Кораб и се покажува во Кичевско 3 часа на југо-запад од градот Кичево, со врвот Стогово. Тука таа завртува на југ и под името Караорман завршува во Охридско.
Стогово е млада верижна планина која настанала за време на алпската орогенеза. Во геолошкиот состав се сретнуваат филитоиди, зелени шкрилци, карбонати, глинци, рожнаци и сл. За време на плеистоценот планината Стогово била зафатена со глацијација и денеска на неа се јавува глацијален (леднички) релјеф како циркови, валови и морени.Во цирковите се јавуваат три леднички езера: Горно и Долно Езеро и езерото Маруша.
Застапеноста на флората е „по катови“ односно во подножјето се застапени листопадните букови и дабови шуми, кон врвот тие се заменети со боровите зимзелени шуми, а самите каменести врвови се опкружени со високотревнати пасишта познати под името „алпски пасишта“. Бројни пасишта и бачила има на зарамнетото било на планината наречено Голема и Мала Мегданица која е опркужена со врвовите Голем Рид на запад, Бабин Срт на југ и Стогово на исток. Во 2012 година, на источните падини на Стогово во Кичевско во два наврати биле пронајдени единки на рис, во рамки на истражувањето на рисовите во Македонија.

РЕКИ
Тресонечка и нејзините притоки

Тресонечка Река

Река која потекнува од селото Тресонче, по кое и го добила своето име. Реката се наоѓа во малореканскиот крај, западна Македонија. Реката заедно со Гарска Река, ја создаваат Мала Река, збирно име за сите реки од подрачјето на планините Бистра и Стогово, која подоцна се влива во реката Радика (Голема Река).

Реката извира непосредно над селото кај Тресонечки Кањон. До самиот извор постои патека која води од селото.

Реката е понорница во нејзиниот извориштен дел. Понира кај месноста Ќириловец на височина од 1705 метри, додека вистинскиот водотек на реката почнува да се создава од водите на Три Извори.

Како главни и најзначајни притоки на реката се сметаат Росочка и Јадовска Река, кои ги дренираат водите на југозападните падини на планината Бистра.

Воден потенцијал

Реката отсекогаш изобилува со воден потенцијал, кој бил искористуван на различни начини, тргнувајќи од големиот број на воденици и валавница на самата река изградени во селото Тресонче. Реката има голем месечен проток на вода од 1,755 м³с.

Покрај тоа, реката е планирано да биде дел од идниот хидросистем „Бошков мост“, кој се предвидува да биде изграден во овој крај, за што била изработена и соодветна студија од страна на Електрани на Македонија.Студијата предвидува изградба на „Брана Тресонче“ и создавање на вештачко езеро во близина на селото. Со изведување на браната се предвидува потопување на малиот параклис „Св. Петка“ на вливот со Селечка Река, ливадите на вливот на двете реки користени од страна на локалното население и старите селски гробишта во близина на сретселото. Воедно, се предвидува дека ќе има и влијанија на двете главни цркви во селото поради големото количество на вода и во моментот на изградба на браната.

ЖИВОТИНСКИ БИОДИВЕРЗИТЕТ

ЦИЦАЧИ
Животински биодиверзитет

Во околината на Тресонче, низ неговите дабови и букови кории се среќаваат голем број видови растенија и животни, карактеристични за македонското поднебје. Бивајќи дел од националниот парк “Маврово”, на планината Бистра во атарот на селото се изградени две ловочуварски куќи во кои има 24 часовно присуство на шумари во текот на сите денови во годината. Ваквото присуство на власта е резултат на богатиот животински и растителен свет, кој вклучува мечки, дивокози, диви свињи, срни, лисици, волци, букови и дабови дрва и пастрмка во Тресонечка Река.

На високите врвови над селото на пролет и во текот на летото изникнуваат зелениот планински чај, мајчината душица, камилицата, кантарионот, шипките, малините, шумските јагоди, дивите сливи, јаболката и габите. Нивниот квалитет е доста висок поради незагаденоста на околината, каде не постојат никакви индустриски и рударски капацитети или поголеми собраќајници.

Пристапот до околните планински локации е исклучиво без употреба на моторни возила со што и квалитетот на воздухот е на највисоко можно ниво.

Во подолните редови следуваат основни податоци за видовите животни и растенија што живеат во атарот на Тресонче.

Мечка ( Ursus Arctos )

Кафеавата мечка е една од најраспространетите животни од фамилијата на мечки во Европа и може да се сретне скоро во целата северна хемисфера на светот. Се среќава и во планините околу Тресонче особено во повисоките предели и по речната долина.

Кафеавите мечки се големи цицачи чија големина варира во зависност од животната средина. Нејзината просечна големина изнесува 100 см кога е на сите четири нозе, додека должина на телото и е просечно околу 200 см . Просечната тежина изнесува 150 – 375 кг и е со просечен животен век од околу 25 години. Шепите се со кафеава боја и целото тело и е покриено со густо крзно. Воглавно мечките во околината на селото се вегетеријанци и јадат вооглавно сливи, јаболки, капини, малини, разни корења, лешници од сите облици, тревки и др. Но, исто така се храни и со риби, различни инсекти, мравки, разни мали цицачи и др. Сепак, низ годините во реонот на Тресонче се забележуваат и месојадни мечки кои од време на време причинуваат штети на добитокот.

Кај нас живее кафената мечка која се соочува како во Европа така и кај нас со опасноста од целосно нејзино исчезнување. Нејзиното живеалиште – шумите се се позагрозени, а со тоа и самата мечка. Овој вид мечка во Македонија е застапена во трите национални паркови, забранета е за ловење, но нејзиниот број и понатаму се намалува.

 

Рис ( Lynx Lynx )

Рисот е доста редок жител на планините околу Тресонче. Не е забележан случај оваа дива мачка да предозвикувала проблеми за стоката или на жителите. Има сивкасто крзно со црни дамки со кратки краеви. Неговите долги нозе и големи стопала се прилагодени за ладни клими, така што во зимски услови не пропаѓа во снегот при движење.

Негови живеалишта се планинските и шумските региони подалеку од селото, иако неколкупати рис бил среќаван и во околината на селото. Поголемиот дел од денот го преспива. Рисот се храни со ловење различни цицачи, но омилени му се младенчињата на срните. Тој лови со помош на гледање и звук и е успешен скоро во секој 6-ти обид, а обично се храни навечер. Неговото тело просечно е долго 80-130 сантиметри, има тежина 18-35 кг и е со просечен животен век од околу 17 години.

 

Дивокоза ( Rupicapra Rupicapra )

Дивокозата е прекрасен жител на планинските врвови околу Тресонче, особено на врвот Брзовец. Живее на доста непристапни карпести терени над селото, но некои примероци слегуваат и во самата тресонечка котлина. Денес дивокозата на Брзовец се соочува со енормно намалување на нејзиниот број поради што е потребна нејзина целосна заштита.

За таа цел над селото има изградено шумарска куќа од каде секојдневно се внимава на ловокрадци. Дивокозата речиси во текот на целата година е забранета за отстрел, а казната за ловокрадство на ова животно изнесува околу 800.000 денари или до 2 години затвор.

Срна ( Capreolus Capreolus )

Срната се среќава во шумите околу Тресонче. Ова животно е нежно и омилено меѓу љубителите на природата и децата, но, за жал, омилен плен е на ловците, како кај нас така и на други планини во земјава. Во Македонија е трајно забранет ловот на ова животно, а особено на Бистра чија територија влегува во границите на националниот парк “Маврово”.

Денес во Македонија нивниот број изнесува околу 10.000 примероци. Срната е преживар и се храни исклучиво со растителна храна. Телото на срната е грациозно, елегантно и хармонично градено. Нозете им се тенки и долги. Бојата на влакната има црвеникаво – портокалова нијанса во летниот период, а во зима преминува во костенливо – пепелава.

Волк ( Canis lupus )

Волкот е познат месојадец, со сивкаста боја, висок околу 80 см. и долг до 1,5 метри. Доста чест посетител на тресонечкиот атар. Бројот на волците е поголем во зимскиот период, ког а се случува да заколат некое домашно животно, но тоа се случува и на лето. На зима волците живеат во чопори, напаѓајќи ја стоката, особено овците со што им нанесуваат големи штети на жителите во овие краеви. Но, во последно време поради општото мислење за него како штетник, волкот е изложен на истребување.

Познавачите на животните опоменуваат дека на волкот му се заканува изумирање. Поради ваквото мислење за него тој е подложен на масовен лов, поради што тие се повлекуваат се подлабоко во шумите. За отстрел на волк, националниот парк “Маврово” исплаќа награда до 1.000 денари. Во реонот на Тресонче во изминатите децении не се отстрелани повеќе од три-четири волка.

Лисица ( Vulpes vulpes )

Во реонот на Тресонче се среќава и лисицата. Иако нивниот број не е голем колку во други области во земјава, не може да помине вечер, а доколку излезете низ шумите, да не чуете или видите барем една. Се хранат со помали животни и мрши. Честопати слегува и низ селото претура низ селските буништа. На зима има доста квалитетно и рујно крзно, па понекогаш е цел на ловците.

Дива свиња ( Sus scrofa )

Присуството на диви свињи во шумите околу селото во последните години е значително намалено, речиси сведено на минимум. Ваквиот пад на нивниот број во тресонечкиот атар, шумари те го толкуваат како резултат на немање храна. Суровата планинска клима честопати на пролет ги уништува желадите и јаболкниците, така што дивите свињи заминуваат на други реони низ Македонија. Овие животни можат да се сретнат по околните ридови, особено навечер. Се хранат со диво овошје, желади и корења. Женката (маторицата) може да роди и над 10 прасиња, но мал дел од нив преживуваат.

Во реонот на Тресонче се среќавале примероци на самјаци (вепри) тешки и до 250 кг со црни влакна и долги трофејни заби. Во текот на годината (особено зиме) ловците од ова, но и од околните села, Селце и Росоки, се собираат на хајка на диви свињи, но веќе неколку години бројот на отстрелани примероци е доста низок.

ПТИЦИ
Птиците на Тресонечкото небо

Фауната на во опкружувањето на Тресонче исто така се одликува со значителна разноликост. Таа се состои од 140 видови птици, од кои, позначајни се:

Сив Сокол (науч. Falco peregrinus)

Најбрзата птица, а воедно и живо суштество на планетата. Се храни со птици, најчесто гулаби, патки, сколовранци и сл. Во својот добро познат пад од небото постигнува фантастична брзина од 320 км/ч. Во Северна Америка измерена е брзина од дури 389 км/ч. Својот плен го лови исклучиво во воздух. Мажјакот кај сивиот сокол, како и кај повеќето птици-грабливки е 1/3 помал од женката. Својата сива боја ја добива по една година возраст, претходно младите се темно кафени.
Во Македонија се среќаваат два подвида: F.P. peregrinus или номиналниот подвид и медитеранскиот подвид, нешто помал – F.P.brookei.
Се гнезди во дупки на непристапни карпи. Како и сите останати соколи никогаш не прави гнездо, туку користи стари напуштени гнезда од гаврани, или, пак, едноставно ги несе своите јајца на карпата. Во гнездото обично несе од 3 до 4 јајца, во зависност од пристапот до храна. По 38-42 дена инкубација воглавно од страна на женката, се испилуваат малите сосема беспомошни соколчиња.За да излетаат од гнездото потребни се 40 дена. А за да станат неприкосновени ловци како своите родители, потребни се уште наредни 40 дена. Важно да се напомене е тоа дека само 1/3 од младите соколи успеваат да ја преживеат првата зима.

Орел Крсташ

Орелот крсташ спаѓа во загрозените видови во европски и светски рамки. Оваа импозантна птица има висина до 80см и распон на крилата околу 200см. Прави гнезда на високи дрва како брест, даб, црна топола а во последно време е почеста појавата да прават гнезда на големите електрични столбови. Годишно одгледуваат едно до две млади. Се хранат најчесто со глувци , змии , гуштери , ежови, желки и некои помали цицачи како што се зајакот , куната , невестулката итн. Орелот крсташ секогаш ги прави своите гнезда во близина на луѓето. Не може да се најде гнездо далеку од населено место. Уште од дамнешни времиња постоела поврзаност меѓу човекот и луѓето. Постоела поврзаност затоа што орелот се хранел со глувци , змии и умрени животни и ја чисти природата. Постои и верување меѓу постарите луѓе дека орелот го штити селото од градоносните облаци , кога ке наишле облаците тој ке влетал во нив правел кругови и со тоа го одвлекувал од населеното место и го спасувал од град. Ова верување секаде постои каде го има крсташот дури и во другите земји го има истото верување како што се Србија и Бугарија. Заради ова човекот го поштувал и штител орелот. Орелот го чуствувал и затоа правел гнезда во човекова близина. Сега со новите генерации и модерното време таа поврзаност е прекината и постои опасност од негово исчезнување. Она што е најинтересно што може да се каже е поврзано со Св.Николе и Овче Поле до пред 2 години до 2003 имаше 13-16 активни двојки и голема концентрација на млади птици видени се истовремено 26 млади крсташи кај селото Ерџелија. Овие бројки покажуваат дека Овче Поле е единственото место во Европа со толкав број на овој вид орел на толку мал простор. Практично беа зафатени сите добри места за гнездење бидејки тие си завземаат своја територија и ја брана од другите орли во просек една двојка има околу 20км2 некогаш и повеќе во зависнист од условите за преживување.

Златен Орел (науч. Aquila chrysaetos)

Златниот орел  е една од најголемите дневни грабливи птици.
Големината на возрасните златни орли може да биде различна. Единките од некои од најголемите подвидови може да бидат доста големи. Повеќето видови се долги 66-100 см со распон на крилјата помеѓу 150 и 240 см. Тежината се движи од 2,5 до 6,7 кг. Но, забележани се некои примероци во дивината кои се нешто поголеми, дури и до 9 кг во тежина и должина од 102 см. Како и кај многу други дневни грабливци, и кај златните орли женките се поголеми од мажјаците.

Бојата на пердувите може да биде црнкавокафеави и темнокафеави, со златна боја на задниот дел од главата и вратот, по што и го добил името. На горните делови на крилјата постои нешто посветла површина. Младенчињата многу личат на возрасните единки, но поседуваат бел опаш и бели дамки во близина на ножниот зглоб кои полека исчезнуваат со секое митарење и на крајот, во петтата година, потполно ги снемува.

Женката може да достигне тежина и до 6 кг, а мажјаците до 4 кг. Живее на различни места, најмногу на планинските масиви без густа вегетација. Животниот век на златниот орел може да трае и до 50 години.

Шумски Ут (науч. Strix aluco)

Планинската улулајка (Кафеав ут) е набиена, средно голема утка која е честа низ шумите на цела Евроазија. Долните делови ѝ се светли прошарани со темни линии, а горните делови ѝ се кафеави или сиви. Неколку од единасетте подвида ги имаат двете варијанти. Гнездото типично е во дупка во дрво каде се заштитени јајцата и пилињата од потенцијалните предатори. Оваа утка не е преселница и е многу територијална. Многу млади птици гладуваат ако не можат да најдат своја територија, откако ќе заврши родителската грижа.

Оваа ноќна граблива птица лови претежно глодари, обично „паѓајќи“ од гранката на која седи и од каде го здогледува пленот, а во поурбаните средини исхраната опфаќа поголем процент птици. Видот, слухот и тивкиот лет се адаптирани за ноќен лов. Може да лови помали утки, но самиот е жртва на поголемите.

Иако многу луѓе веруваат дека овој ут има посебно силен ноќен вид, сепак, неговата мрежница не е почувствителна од човечката. Всушност, асиметричните уши се клучни за ловот и му даваат правец од каде нешто се движи. Неговите ноќни навики се застрашувачки, а огласувањето лесно се имитира, па затоа дошло до митската асоцијација на овој ут со несреќа и смрт.
Планинската улулајка е робусна птица, со должина од 37 до 46 см, распон на крилјата 81-105 см и тежина 385-800 грама. На големата округлеста глава нема китки од „уши“ и фацијалниот диск кој ги обиколува темните кафеави очи е светол. Номинираниот вид има две раси кои се разликуваат во бојата на перјето, едните имаат кремавокафеави горни делови, а другите сивокафеави, а има и мешани од овие две форми. Долните делови на двете раси имаат белкави долни делови со кафеави линии.[4] Кај видот е изразен полов диморфизам; женките се многу поголеми од мажјаците, 5% подолги и повеќе од 25% потешки.

Планинската улулајка лета со долго лебдење на своите заокруглени крилја, со помалку замавнувања од другите утки, и на поголеми височини. Летот е тежок и бавен, особено при полетување. Како и кај другите утки, летот е тивок заради мекоста на пердувите.

Очите на утот се сместени напред на главата и имаат визуелно поле од 50–70%, што опфаќа повеќе од дневните грабливки, чие поле е 30–50%. Мрежницата има околу 56,000 чувствителни на светлина ќелии на милиметар квадратен; мислењето од порано дека може да го гледа инфрацрвениот дел од спектарот е отфрлено.[6] Но, сè уште се вели дека видот кај птиците е 10 до 100 пати подобар отколку кај луѓето, во темнина или слаба светлина. Сепак, видот на утките е само малку подобар од луѓето и тие, и утките и луѓето, имаат најдобар вид од сите суштества.

Голем Ушест Був (науч. Bubo bubo)

Оваа птица е најголем вид меѓу утките, а воедно и најголема утка во Европа и западниот Палеарктик. Должината на телото се движи од 59 до 73 см, распонот на крилјата 160-190 см и масата 2-4 кг. Toj e нешто помал од златниот орел, но е поголем од снежниот був. Поседува големи пердувести „уши“ на врвот на главата кои немаат никаква врска со ушните отвори кои се наоѓаат пониско на главата. Мажјакот и женката не може да се разликуваат по надворешноста, бидејќи се потполно исти по боја и големина. Меѓутоа, мажјакот и женката се разликуваат токму по пердувестите „уши“ кои кај женката се спуштени надолу. Имаат руво во топла кафеава боја, градите се ишарани со широки линии, „лицето“ е темно и на него особено се оздвојуваат портокаловите очи.Бувот лови ноќно време, од квечерината до зората. Летот е бесшумен, со меки замавнувања кога прелетува долги растојанија. Бувовите имаат разни техники на лов. Може да го фатат пленот на земја, но и во полн лет. Исто така може да ловат во шума, но повеќе претпочитаат отворени простори. Можат да живеат повеќе од 60 години во заробеништво, а во дивината најмногу околу 20 години. Немаат вистински природни непријатели, па далеководите, сообраќајот, како и ловот се главните причини за смрт. Територијалното огласување на мажјакот е длабоко и звучно „хуу“ кое се повторува во интервали од околу 8 секунди. Женките често се огласуваат со лаеж кој личи на огласувањето на лисицата. Хукањето на мажјаците во текот на мирните летни ноќи надалеку се слуша, дури и на 2-3 километри. Најчесто се огласува во квечерина или во зорите.

Степска Еја  (науч. Circus macrourus) 

Степската еја или степски жабар е птица од родот еи (Circus) во семејството јастреби и е птица преселница, грабливка која лови во низок лет. Се размножува во јужните делови на источна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, како и во централна Азија (во Иран), а зимува во Индија и југоисточна Азија. Ретко заскитува во Велика Британија и западна Европа, иако значителен број младенчиња се забележани како презимуваат во Норфолк (источна Англија) зимата 2002/3 г.

Кај степската еја е изразен половиот диморфизам, односно мажјаците се белосиви одозгора и бели одоздола, со зашилени црни врвови на крилјата. Должината им е од 40 до 48 см, а имаат распон на крилјата од 95 до 120 сантиметри. Тежат околу 315 грама, а женките се поголеми и тежат околу 445 грама. Женките се кафени одозгора, со бели пердуви на горниот дел од опашката, а долниот дел ѝ е жолтеникав со кафени шари. Младенчињата се слични со женките и често, заради белото кај опашката се нарекуваат „прстенестоопашни“.

 Жолтокуна Галка

врапчевидна птица од фамилијата на враните (Corvidae), еден од двата вида на родот галици (Pyrrhocorax). Двата подвида се размножуваат низ високите планини на Шпанија, низ јужна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, Северна Африка, Индија, Кина.

Жолтоклуната галка има сјајно црно перје, жолт клун, црвени нозе и препознатлив повик. Има должина од 37-39 см и распон на крилјата 75-85 см. Лета со многу раширени и назабени примарни пердуви, со често лебдење. Летот на оваа птица е брз и акробатски, со поретки, длабоки замавнувања на крилјата.

Жолтата галка е моногамна птица. Гнездото го сместува во пештера, длабока пукнатина во карпа или напуштен објект. Леглото има 3-5 сјајни белкави јајца со ситни кафеави дамки. Ембрионот на птиците кои се размножуваат на голема надморска височина имаат хемоглобин со генетски определен висок афинитет за кислород.

Живеалиштето на жолтоклуната галка се високите планини помеѓу 1260 и 2880 м.н.в. во Европа, 2880-3900 м.н.в. во Мароко и 3500-5000 м.н.в. на Хималаите. Во текот на летото, оваа птица се храни главно со без ‘рбетници кои ги собира од пасиштата, како што се бумбарите, полжавите, скакулците, гасениците, мувите и слично. А во есен и рана пролет се исхранува главно со овошје и бобинки.

Селска Ластовичка (науч. Hirundo rustica) 

Најраспространет вид од фамилијата ластовици во светот. Тоа се претпознатливи птици од редот на врапчевидните, со сино-црни горни делови, долги заоблени, шпицасти крилја. Ги среќаваме во Европа, вклучувајќи ја и Македонија, Азија, Африка и во Америка. Во aнглофонска Европа се вика само ластовичка; а во северна Европа е единствениот вид којшто го нарекуваат „ластовичка“ наместо „мартин“
Возрасната машка селска ластовичка од подвидот H. r. rustica е 17–19 см долга вклучувајќи 2–7 см од продолжените надворешни перја на опашката. Има распон на крилја од 32 до 34.5 см и тежи 16–22 g . Има „челично“ сини горни делови и темно кафени чело, брада и врат, коишто се одделени од бело-жолтеникавите долни делови со темно-син дел на градите. Надворешните перја на опашката се издолжени, давајќи ги карактеристичните длабоко чаталести ластовични опашки. Има линија од бели дамки преку надворешниот дел од горниот дел на опашката.

Женката е слична во изглед со мажјакот, но опашните перја ѝ се пократки, синото во горните делови и делот на градите се помалку сјајни, а долните делови ѝ се побледи. Младенчињата се покафени, со побледо кафено лице и бели долни делови. Исто така, му недостигаат опашните перја коишто ги имаат возрасните. Ластовичките летаат многу добро и прават одлични маневри во воздухот. Нозете им се многу мали и недоволно развиени, и одат лошо и ретко.

Песната на селската ластовичка е радосно цвркотење, често завршувајќи со „су-сеер“ со втората нота повисока од првата но со опаѓачки интензитет. Повиците вклучуваат „вит“ или „вит-вит“ и гласно „спли-плинк“ кога е возбудена (или обидувајќи се да избркаат натрапници подалеку од нејзиното гнездо). Повиците за време на страв вклучуваат остро „сифлит“ за натрапници како мачки и „флит-флит“ за птици натрапници.

Комбинацијата на црвено лице и синиот дел на градите ја прават возрасната селска ластовичка лесно претпознатлива и ја издвојуваат од африканските Hirundo видови и од (Hirundo neoxena) со чиј домет се преклопува во Aвстралија. Во Африка каратките опашести пердуви на младата селска ластовица предизвикуваат заблуда, па може да се помеша со (Hirundo lucida), но втората има потесни гради и побела опашка.

РИБИ
Слатководен свет

Помеѓу богатиот и разноврстен биодиверзитет во опкружувањето на Тресонче, вредно е да се спомене и дел од слатководниот свет кој егзистира во Тресонечка, а потоа Мала Река како една од позначајните притоки на Радика. Од уникатниот рибен фонд вредно е да се одвојан неколку видови на риби:

Радичка пастрмка (Salmo farioides)
Радичка или мавровска пастрмка  е слатководна риба од видот Salmonae.
Во Македонија е распространета во Тресонечка река како и останатите притоки на Радика и Мавровското езеро и во други помали водотеци.
Според Караман (1937) ја има во сите води што се вливаат во Јадранското Море. Популацијата на пастрмката во Мавровската популација потекнува од популацијата на пастрмката затечена во преградениот Мавровски поток и неговите притоки при оформувањето на Мавровското Езеро во 1953 година.

Како резултат на изменетите животни се појавила и некоја морфолошка разлика меѓу пастрмката од реката Радика и од Мавровското езеро, од кои статистички значајни се оние во однос на пречникот на окото и ширината на горната вилица. Забите на ралото се наредени цик-цак линија. Муцката е многу зашилена. Покрај црните флеки, кои се почести, има и црвени. Црните се многу густо распоредени и тие имаат различна големина. Бројот на пилорични придатоци изнесува просечно 42, а варира од 36 до 50. Единките од Мавровско Езеро имаат просечно 45,3, а тие од реката радика 48,2 пилорични израстоци. Бројот на лушпи во страничната линија кај мавровските примероци варира од 99 до 117 (средно 108,4), а кај речната форма од р. Радика од 106 до 128 (средно 118,47 – Сидоровски, 1960). Достигнува должина до 61 cm.
Полови карактеристики
Оваа пастрмка се мрести главно во првата половина на декември (инаку од ноември до јануари, па и февруари).

Пречникот на икрата се движи меѓу 3,70 и 4,82 mm, а во просек изнесува 4,4 mm.

Апсолутната плодност на женките од Мавровското Езеро просечно изнесува 2.731, а од реката Радика 396 зрна икра, додека релативната плодност е скоро еднаква кај обете форми: 3.396, односно 3.437 зрна икра.

Позитивна корелација помеѓу должината и масата на рибите-од една страна и апсолутната плодност-од друга страна постои кај обете форми, како што постои и негативната корелација меѓу должината и масата-од една и релативната плодност-од друга страна кај двете форми.

Главатица (Salmo marmoratus)

Главатица е вид на слатководна риба од фамилијата Salmonidae, вториот најголем вид на европска пастрмка, помал само од huchen (Hucho hucho).

Телото достигнува големи размери: должина до 140 cm и маса од 30 kg. Примероци од 10 до 20 kg не се ретки. Телото е издолжено и валчесто. Главата е релативно голема, усниот отвор голем, во устата се наоѓаат силни заби. Окото е релативно мало-неговиот дијаметар се содржи 5,5 до 7,5 пати во должината на главата. Меѓуочниот простор е голем од 1,7 до 2,0 очни дијаметра, а исто така и предочното растојание. Горно виличната коска достигнува до под задниот раб на окото и во својот заден дел е нешто поширока. Бројот на пилорични израстоци варира од 41 до 71. Диплоидната хромозомска гарнитура ја сочинуваат 84 хромозоми. Многу карактеристична е бојата на телото. Во основа таа е румено сива до темно зеленкаста, но со многубројни темни полиња. Стомакот и е бел. Шарите на главата имаат изгледа на неправилно извиени пруги, што на главата и даваат мермерен изглед, по што рибата го добила името. Црвени и црни петна по телото, вообичаени кај другите салмониди овде нема. Помладите примероци се разликуваат по бојата од постарите и тоа повеќе отколку кај кој било друг салмониден вид риба кај нас.

Главатицата ги населува просторните води; најмногу се задржува на вировите а ретко оди во поплитките води. Грабливка е што претежно се храни со други риби. Се мрести од ноември до јануари. Се мрести на чакалеста подлога во реките. Атрактивна е за спортски риболов, за која цел вештачки се мрести и одгледува. Се лови најдобро пред вечер и во рана зора, со блинкер и цврст прибор. На сезона е пролет и доцна есен. Помали примероци се ловат во август на големи мушички или крупни скакулци. За да се достигната длабчините каде што се задржува потребен е поголем и потежок блинкер, кој се влече косо низводно. Одличен мамец е и плетенката (copf). Кај нас ја населува реката Радика, а пошироко се среќава во реките на Јадранскиот слив. Освен на балканот живее само во некои реки и езера во северна Италија (притоки на реката По, езерата Лаго Магоре и Комо и во некои води во Фурландија).

Црна мрена (Barbus)

Телото на црната мрена има вретенест облик. Главата и е сплосната, а на горната усна има два мали бркови. Бојата на телото и зависи од местото во кое живее и најчесто е сивкаста, жолтеникава, или зеленкаста. Долж своето тело и на перките има многу темни точки, по што е препознатлива и поради што понекогаш ја мешаат со помалите кркушки. Стомачниот дел и е бела боја.

Големина, распространетост и навики

Црната мрена ги населува пред се поголемите и помалите реки и поретко и езерата.krkuska

Во пролет и лето најчесто се движи во поплитките делови на водата, на места со камено и песокливо дно. Во есен и зима се повлекува во подлабоките делови од водата со песокливо дно или дно со тиња. Често може да се сретне во друштво со кленот и белата мрена. Ги избегнува затревените места од водата.

Црната мрена е права денска риба, која денски е доста активна, а навечер лежи на дното. Таа е риба која се движи во јато и пред се по дното на реката или езерото. Кај нас достигнува големина од 25-30 см и тежина од 300-500 грама

За разлика од црната мрена, кркушката (Gobio), како што најчесто риболовците ја нарекуваат поточната мрена, е ситна риба, која најчесто не престигнува повеќе од 15сантиметри, но е доста популарна, како кај поискусните рибари (за да ги подобрат своите рефлекси), така и кај почетниците, затоа што цело време е гладна и не е многу тешко да се улови.

Размножување
Црната мрена се мрести во Мај и Јуни кога женката ја лепи икрата на водните растенија.

ВЛЕКАЧИ
Повеќе за влекачите

Поскок или камењарка (науч. Vipera ammodytes)

змија од семејството на отровниците (Viperidae) која живее во јужна Европа, на Балканот и делови од Блискиот Исток. Важи за најопасна змија во Македонија и цела Европа поради големината, долгите заби (до 13 мм) и јачината на отровот. Постојат пет подвида.
Оваа змија достигнува вкупна должина (тело и опашка) од највеќе 95 см, иако повообичаено е околу 85 см. Женките се малку поголеми од мажјаците. Единките што живеат во северните краишта се забележително поголеми од оние во јужните. Главата е прекриена со мали неправилни лушпи со мазна или само малку засртена површина, со исклучок на пар големи надочни лушпи што го го надминуваат задниот раб на окото. Околу самото око има 10-13 мали лушпи во два реда кои ги делат од надуснените лушпи. Носната лушпа е голема, единечна (ретко поделена) и одвоена од клунената лушпа со една носноклунена лушпа. Клунената лушпа е поширока, а покуса.

Јасна особеност на поскокот е рокчето (острица) на муцката, веднаш над клунената лушпа. Составено е од 9-17 лушпи распоредени во 2 (ретко 2 или 4) напречни редови. Достигнува 5 мм е меко и свитливо. Кај јужните подвидови рокчето е исправено, а кај западниот подвид е накосено нанапред.

Телото е прекриено со силно засртени грбни лушпи во 21 или 23 редови (ретко 25). Лушпите кои се граничат со стомачните лушпи се мазни или слабо засртени. Мажјаците имаат 133-161 стомачни лушпи и 27-46 подопашни лушпи во парови. Женките имаат 135-164 стомачни и 24-38 подопашни лушпи. Чмарната лушпа е единечна.

 

Ридска желка (Testudo hermanni) 
Медитерански вид кој што е ограничен главно на Балканскиот Полуостров и делумно на Апенинскиот Полуостров, вклучително Сардинија и Корзика. На територијата на Македонија, ридската желка е претставена со подвидот “boettgeri”, кој е балкански ендемит. Таа се среќава во различни типови на хабитати, вклучително бујни ливади, култивирани подрачја, ридови обраснати со жбуње, светли шуми и т.н. Во западниот дел од дистрибутивниот ареал, таа се среќава до 600 м.н.в., а во југоисточниот дел на Европа до 1.500 m. Ридската желка е активна преку ден. Во пролет и есен таа е активна преку целиот ден, а во лето само наутро и навечер.

Парењето е во текот на април и мај, а јајцата се инкубираат после 2 до 3 месеци. Ридската желка хибернира на земја, во дупки со длабочина од 40-90 cm. Мажјаците стануваат полово зрели на возраст од 8 до 12 години, а женките од 11 до 13 години.

Видот е Балкански ендемит кој е ранлив (осетлив) на исчезнување поради неговиот ограничен дистрибутивен ареал, кој покрива природни живеалишта (хабитатни типови) со дисјунктивна дистрибуција.

Од Европските документи видот е заштитен согласно: Директива за живеалишта 92/43/EEC Анекс II: Животински и растителни видови кои се значајни за Унијата и чија заштита бара определување на посебни подрачја за заштита; Анекс IV: Животински и растителни видови кои се значајни за Унијата и се под строга заштита, Конвенција за заштита на европскиот див свет и природните живеалишта (BERN) – Апендикс II строго заштитени фаунистички видови, како и според Конвенцијата за меѓународна трговија на загрозени видови од дивата фауна и флора (CITES).

Планинска гуштерица (Lacerta agilis)
Вид гуштер од фамилијата вистински гуштери , чиј ареал се протега низ речиси целата Европа и источно до Монголиј.

Има светол стомак и лента на грбот: мажјаците се потемни по боја, а стануваат делумно или целосно светлозелени во сезоната за парење. Достигнуваат должина до 25 см Има неколку подвида , од кои најзападен е Lacerta agilis agilis. Кај овој и другите два најзастапени западни подвида (Lacerta agilis argus) грбната лента е тенка и испрекината, или пак воопшто ја нема. Ова важи особено за третоспоменатиот подвид, кој има и фази кајшто е сосем црвен и кафеав на грбот, без никакви белези. Кај овие два подвида, мажјаците сезонски позеленуваат само на боковите, но источните видови (претежно Lacerta agilis exigua) мажјаците знаат да бидат целосно зелени, дури и вон сезоната за парење.

Женките ги несат јајцата во ровит песок на сончево место, а младите се развиваат и изведуваат благодарение на топлината на песокот.

Планински смок (Coronella austriaca)

Дистрибутивниот ареал на видот го покрива поголемиот дел од Европа. Во северните делови на континентот, тој е низински вид, додека во поголемиот дел од Јужна Европа тој е ограничен на планинската зона. Планинскиот смок е дневен вид на змија, иако е доста притаена и населува различни типови на суви, сончеви станишта. Овој смок избегнува екстремни температури и често е активен во поладните часови на денот, при топли облачни услови, па дури и ноќе, при топло време. Често може да се сретне како се сонча прикриен меѓу вегетација, или под метални отпадоци. Овој смок е слабо подвижен и флегматичен, но гризе секогаш кога ќе се фати со рака и испушта смрдлива течност од аналните жлезди. Се пари најчесто на пролет (април-мај), но може повторно да се пари на лето (август- септември) и тогаш младите се носат во хибернација, за да бидат родени откако женката ќе излезе од хибернација (на пролет).

Од Европските документи видот е заштитен согласно: Директива за живеалишта 92/43/EEC – Анекс IV: Животински и растителни видови кои се значајни за Унијата и се под строга заштита, Конвенција за заштита на европскиот див свет и природните живеалишта (BERN) – Апендикс II строго заштитени фаунистички видови, како и според Конвенцијата за меѓународна трговија на загрозени видови од дивата фауна и флора (CITES).

 Шарка (науч. Vipera berus)

Лутица или осојница  — змија отровница од родот шарки (Vipera) и е многу распространета во светот, вклучувајќи ја Македонија. Отровот го вбризгува со каснување, преку жлебот на отровниот заб. Делува бавно и не е многу силен, но сепак може да усмрти и човек.

Шарката е бавна, со многу кратка опашка, со елипсовидна и сплосната глава, која што јасно се одделува од трупот. Мажјаците се помали од женките и имаат сива боја, додека женките се црвенкасто-смеѓи. И двата пола по должината на грбот имаат темна пруга со темни дамки по страните. Стомакот им е со сива до црна боја послан со бели точки, а долната страна на опашката им е со жолта до црвена боја. Обично пораснуваат околу 70 сантиметри во должина.

Имаат голема глава, тенок врат, долг јазик и дебело тело кое е помалку елегантно од телото на поскокот, со коса испрекината пруга која служи за прикривање.

РАСТИТЕЛЕН СВЕТ

ШУМИ
Шумски фитоценози

Од извршените теренски истражувања на Д‐р Јане Ацевски и Инж. Бојан Симовски (UCODEP (УКОДЕП) 15.IX 2010 година), утврдени се растителните заедници, поточно шумските фитоценози наведени подолу во текстот, со преглед на подрачјата во кои се застапени.

Крајречни шумски фитоценози

Ass. Tamarici-Мyricarietum Em 1976

Крајречна шумска заедница на Tamarix parviflora (вреж) и Myracaria germanica (чибуковина)

Оваа крајречна шума е локално еколошки условена појава, најмногу
поради влијанието на субмедитеранската клима по течението на р. Радика.
Се сретнува на потегот од Св. Јован Бигорски до с. Ростуше, врз чакалести и
песокливи алувијални наноси. Често се случува, на пролет, шумата да биде
поплавена поради зголемување на водостојот на реката. Покрај горенаведените
два вида, може да се забележат и следните: Salix amplexicaulis, S. elaeagnos,
Rubus caesius, Saponaria officinalis, Licopus europaeus, Mentha longifolia и други
крајречни видови.
Бидејќи чибуковината (Myracaria germanica) е глацијален
реликт, оваа заедница има посебно значење.

Ass. Salicetum incanae Jov. 1963 (Epilobio dodonaei-Salicetum
elaeagni Em 1976)
Крајречна шумска заедница од црна врба (Salix incana)

Пионерска заедница на црната врба (Salix incana) што фрагментарно
се сретнува крај брдските рекички со студена вода (Мала Река, Тресонечка
Река, Селечка Река, Гарска Река, Росочка Река, Валавичарска Река, Радика,
Аџина Река, Танушка Река, Длабока Река и др.). Расте на чакалести и песокливи речни наноси на варовник или серпентин, кои во текот на сите
сезони имаат високо ниво на подземни води.
Во оваа заедница доминира Salix incana (црната врба), којашто
образува врбјаци високи 5-6 метри. Покрај оваа врба се сретнуваат и S.
purpurea и Rubus caesius.
Во приземниот кат често се сретнуваат Mentha aquatica, Polygonatum
lepatifolium, Petasites officinalis и др. 

Ass. Fraxino-Alnetum glutinosae Lj. Micevski 1978
Крајречна шумска заедница од бел јасен (Fraxinus ornus) и евла (Alnus
glutinosa)

Една од позначајните хигромезофилни крајречни заедници којашто се
сретнува на територијата на Паркот. Заедницата најчесто се сретнува во вид на
тесен појас непосредно покрај водотеците. Овие локалитети, особено во
пролетниот период, често се поплавени, поради што месторастежните услови се
карактеризираат со мошне влажна педоклима и клима која значително се
разликува од околната микроклима. Почвените услови, заедно со високата
релативна влажност на воздухот, создаваат услови за развиток на изразено
хигромезофилни видови.
Заедницата се карактеризира со јасно издиференцирана катова
структура. Во катот на дрвја, апсолутно доминираат евлата (Alnus
glutinosa) и белиот јасен (Fraxinus excelsior), коишто јасно ја одредуваат
физиономијата на оваа асоцијација. Покрај овие видови, во овој кат може да се
сретнат и: Salix alba, S. incana, S. fragilis, Carpinus betulus, Juglans regia и др.
Во катот на грмушки се забележуваат следниве видови: Alnus glutinosa,
Salix amplexicaulis, Sambucus nigra, Thelicrania sanguinea, Rubus caesius,
Corylus avellana, Euonymus europaea, Rhamnus falax и др. Во овој кат мошне
големо учество имаат и ползавиците, како што се: Hedera helix, Clematis vitalba
и Humulus lupulus.

Во приземната вегетација се сретнуваат следните хигрофилни,
хигротермофилни и хигромезофилни видови: Lysimachia vulgaris, Lythrum
hyssopifolium, Angelika silvestris, Aegopodium podograria, Mentha aquatica,
Equisetum palustris, Ranunculus repens, Prunella vulgaris, Rumex
conglomerratus, Juncus conglomerratus, Saponaria officinalis, Petasites officinalis
и др.

Ass. Aesculo hippocastani-Ostryetum Em 1965
Крајречна шумска заедница од Aesculus hippocastanum (див костен) и Ostrya
carpinifolia (црн габер)

Оваа арктотерциерна реликтна и ендемска заедница се
забележува непосредно по течението на р. Гарска Река, со најголема
популација на дивиот костен околу м.в. Три Чешми. Речиси сите стебла на
дивиот костен, поради неговиот мезофилен карактер, се наоѓаат веднаш до
речното корито, на надморска височина од околу 830 m. Вегетациската
покривка е густа, но пристапноста на теренот до локалитетот е овозможена со
пат (непосредно до асфалтиран пат).
И покрај карпестите карбонати, поради засенетоста, поточно
акумулацијата на хумусен почвен слој крај реката (наносни почви) и влажноста
во воздухот, во катот на дрвјата се среќаваат: Carpinus betulus, Ostrya
carpinifolia, Salix alba, Fraxinus excelsior, F. ornus, Tilia tomentosa, Alnus
glutinosa и др.
Катот на грмушките е составен од: Salix incana, Fraxinus ornus,
Sambucus nigra, Rhamnus falax, Thelicrania sanguinea и др. Покрај нив, учество
имаат и ползавиците, како што се: Hedera helix, Clematis vitalba.
Во приземниот кат се застапени типични претставници на крајречната
флора: Petasites officinalis, Geranium macrorrhizum, Mentha aquatica и др.
Иако се работи за мала површина опфатена со оваа заедница,
поради тоа што дивиот костен е реликт од терциерот и балкански ендемит, а дотолку повеќе поради уникатноста на оваа фитоценоза
во Македонија (ваква заедница, односно стебла на дивиот костен се
среќаваат уште на само еден локалитет кај нас), претставува појава
од исклучителна важност како природна, научна и ретка
вредност за нашата земја. 

Шумски фитоценози

Ass. Querco-Carpinetum orientalis macedonicum Rudski 1939 apud. Ht.
1954
Заедница на даб благун (Quercus pubescens) и бел габер (Carpinus orientalis)

Се простира на најјужниот дел по течението на р. Радика во Паркот,
поточно во непосредна близина на Бошков Мост и Еленски скок, на надморска
височина до 780 m и истата претставува еколошко-едафски условена појава.
Локално се сретнува во тесен појас и околу населените места Ростуше и
долниот дел на Аџиевци. Нема континуиран ареал. Таа е резултат на силното
влијание на субмедитеранската клима којашто навлегува по течението на р.
Радика. Матичниот супстрат претежно е карбонатен, со силно изразени
рељефни структури. Почвите се најчесто варовничко-доломитни црници во
почетен или иницијален стадиум. Често пати матичниот супстрат избива на
површината во форма на различни камени облици.
Катот на дрвја речиси секогаш изостанува, само ретко се забележуваат
поединечни стебла од Fraxinus ornus (црн јасен), Ostrya carpinifolia (црн
габер) и Quercus pubescens (благун), малку повисоки од 6 m.
Катот на грмушки е претставен со голем број на дрвенести растенија со
грмушеста форма како резултат на неповолните еколошки услови. Во овој кат
се забележуваат следните видови: Carpinus orientalis, Quercus pubescens,
Fraxinus ornus, Acer monspessulanum, A. campestre, Cornus mas, Arthemisia
lobelli, Euonymus verrucosa, Coronila emerus var. emeroides, Colutea arborescens,
Cytisus sp., Rubus tomentosus, R. ulmifolius, Rosa canina, Prunus cerassifera, P. spinosa, Ostrya carpinifolia, Pyrus amygdaliformis, Juniperus oxycedrus, Lonicera
caprifolium, Arceotobium oxycedri, Loranthus europaeus и др.
Катот на приземната вегетација го сочинуваат голем број на
термофилни едногодишни и повеќегодишни тревести растенија: Cyclamen
neapolitanum, Silene veridiflora, Helleborus cyclophyllus, Thymus pseudoatticus,
Teucrium chamaedrys и др.
Вегетацијата е силно деградирана, од типот на псеудомакии, густа и
тешко проодна. Во минатото често била подложна на сеча и уништување
поради искористување на дрвото за огрев и други потреби на месното
население, како и за проширување на обработливите површини и пасиштата.
Оваа шумска заедница нема големо стопанско значење, но има голема
заштитна улога. 

Ass. Seslerio-Ostryetum carpinifoliae Ht. et H-ić 1950
Шумска заедница на Sesleria autumnalis (есенска шашика) и Ostrya carpinifolia
(црн габер)

Се сретнува на стрмно наклонети, наместа тешко проодни камени
падини со западна и северна експозиција во тесен појас, од месноста Трница
до Болетин, од левата страна на асфалтниот пат кон Дебар. Застапена е на
надморска височина од 900 до 1200 метри на варовнички матичен супстрат,
на плитки и скелетни органогени варовничко-доломитни црници.
Во флористичкиот состав е многу слична со Ass. Querco-Ostryetum
carpinifoliae Ht. 1938, со единствена разлика што во приземниот кат како
едификатор се сретнува есенската шашика (Sesleria autumnalis).
Оваа шумска заедница има заштитна функција, без поголемо
стопанско значење.

Ass. Querco-Ostryetum carpinifoliae Ht. 1938
Шумска заедница на Quercus pubescens (даб благун) и Ostrya carpinifolia (црн
габер)

Претставува една од почесто застапените заедници во Паркот. Се развива
на стрмно инклинирани падини, во подрачја кадешто доаѓа до судир на
умерено студеното климатско подрачје со субмедитеранската клима. Таа е
локално еколошки и орографски условена појава. Застапена е од непосредна
близина на Мавровската брана, лево и десно од магистралниот пат кон
Дебар (со исклучок на тесниот појас на аs. Seslerio-Ostryetum carpinifoliae Ht. et
H-ić 1950), од с. Болетин до с. Селце, по падините на Дешат и по присојната
страна на реката Мавровска Река, како и по левата и десната страна на
течението на р. Радика до Стрезимирска Планина. Геолошката подлога е
најчесто составена од мезозојски варовници на коишто се оформиле плитки
рендзини или варовничко-доломитни црници. Овие почви се со сразмерно
плиток педолошки профил, голема скелетност и присуство на карбонати по
целата длабочина на профилот. Тоа условува појава на калцифилни видови
прилагодени на овие месторастежни услови.
Покровноста на вегетацијата варира и е во тесна корелација со
локалните месторастежни услови. Покровноста на шумската вегетација се
движи од 50 до 70 %. На најистакнатите форми на рељефот, кадешто почвата е
релативно плитка, речиси секогаш отсуствува катот на дрвја. Меѓутоа, на
благо наклонети падини, во долови со поголема релативна влажност на
воздухот, како и во негативните рељефни форми (вртачи, валти, карстни
полиња и сл.), кадешто по правило почвата е подлабока, јасно се забележува
катова издиференцираност. На одредени локалитети оваа заедница се
среќава и на поголеми надморски височини, односно 1000-1400 m надморска
височина.
Во катот на дрвјата се забележуваат следните видови: Ostrya
carpinifolia, Quercus pubescens, Q. cerris, Acer obtusatum, Tilia tomentosa и др.

Ass. Corylo colurnae-Ostryetum carpinifoliae Blečić 1958
Шумска заедница на Corylus colurna (мечја леска) и Ostrya carpinifolia (црн
габер) 

Шумската заедница на Corylus colurna (мечја леска) и Ostrya carpinifolia
(црн габер) локално се сретнува на два локалитета: источно над с. Тресонче и
на локалитетот Острово, во близина на Требишка Рупа. Населува, најчесто,
стрмни и осојни падини, кадешто преовладува поголема релативна влажност
на воздухот. Матичниот супстрат е варовник врз кој се образувале
браунизирани варовничко-доломитни црници, свежи и хумусни, со плиток до
средно длабок педолошки профил. Оваа заедница се формира во зоната на
подгорската букова шума, од 900 до 1400 метри надморска височина.

Ass. Orno-Quercetum cerris macedonicum Em 1964
Шуми од Quercus cerris (дабот цер) и Fraxinus ornus (црн јасен) 

Оваа шумска заедница се сретнува на највисоките делови од дабовиот
шумски појас (до 1500 m надморска височина), при што гради шумски
комплекси како резултат на локално еколошки условена појава. Најчесто
населува падини со западна, северозападна и североисточна експозиција.
Геолошката подлога е силикатна- филитоиди, на којашто се развиле средно
длабоки до длабоки камбични почви- еутричен камбисол. Застапена е до
влевот на Росочка Река во Мала Река, Селечка Река и дел од Тресонечка Река,
помеѓу селата Селце, Тресонче и Росоки до Осој. 

Оваа заедница се карактеризира со склоп 0,7-0,8.
Во флористичкиот состав е апсолутна доминацијата на дабот цер
(Quercus cerris), којшто има едификаторско значење. Покрај овој вид, во
катот на дрвјата се сретнуваат и следниве видови: Quercus petraea, Prunus
avium, Acer obtusatum, A. platanoides, Sorbus torminalis, Tilia officinarum и др.
Во катот на грмушки се среќаваат: Quercus cerris, Q. petraea, Fraxinus
ornus, Corylus avellana, Crataegus monogyna, C. orientalis, Sorbus torminalis, S.
aria, Rosa arvensis, R. canina, Cornus mas, Pyrus piraster, Juniperus sabina, J.
oxycedrus, J. communis, J. intermedia, Rubus ulmifolius, Loranthus europaeus,
Arceotobium oxycedri, Cytisus nigrikans, Chamaecytisus hirtus и др.
Катот на приземната вегетација е составен од некои од следниве
термомезофилни видови: Festuca heterophylla, Luzula forsteri, Viola silvestris,
Danaa cornubiensis, Lathyrus niger, L. venetus, Veronica chamaedris,
Brachipodium silvaticum, Cyclamen neapolitanum, Primula acaullis и др.
Церовите шуми немаат посебно стопанско значење, поради тоа што
многу ретко ова дрво се користи како огревно.

Ass. Orno-Quercetum petraeae Em 1968
Шуми од Quercus petraea (даб горун) и Fraxinus ornus (црн јасен) 

Оваа шумска заедница во истражуваното подрачје се забележува на
поголеми континуирани локалитети на потегот од с. Селце, покрај
шумскиот пат во правец на с. Галичник, од патот за с. Лазарополе, покрај
Гарска Река, Мала Река, на мали локалитети по падините на Дешат од 1000
до 1300 метри надморска височина во близина на селата Аџиевци, Ростуше,
Видуше и Требиште, а на Шар Планина во околината на селата Тануше и
Ничпур. Таа е локално еколошки педолошко-петрографски условена, т. е. како
резултат на промена на матичниот супстрат од карбонатен во силикатенфилитоиди и почвен тип еутричен
камбисол. Горуновите шуми имаат јасно изразена катова структура. Во флористичкиот состав се забележува горунот (Quercus petraea), којшто има
едификаторско значење. Во катот на дрвјата се сретнуваат и следниве
видови: Quercus cerris, Prunus avium, Acer obtusatum, A. platanoides, Sorbus
torminalis, Fraxinus ornus, Pyrus piraster, Carpinus betulus и др.
Во катот на грмушки се среќаваат: Quercus cerris, Q. petraea, Fraxinus
ornus, Carpinus orientalis, Ostrya carpinifolia, Corylus avellana, Crataegus
monogyna, C. orientalis, Sorbus torminalis, S. aria, Rosa arvensis, R. canina,
Cornus mas, Pyrus piraster, Juniperus sabina, J. oxycedrus, J. communis, J.
intermedia, Rubus ulmifolius, Loranthus europaeus, Arceotobium oxycedri, Cytisus
nigrikans, Chamaecytisus hirtus и др.
Катот на приземната вегетација е составен од некои од следниве
термомезофилни видови: Festuca heterophylla, Luzula forsteri, Viola silvestris,
Danaa cornubiensis, Helleborus cyclophyllus, Lathyrus niger, L. venetus, Veronica
chamaedris, Brachipodium silvaticum, Cyclamen neapolitanum, Primula acaullis и
др.
Поради квалитетот на дрвната маса, горуновите шуми имаат широка
примена, а најползувани се за огревно дрво. 

Ass. Festuco heterophyllae-Fagetum Em 1965
Подгорска букова шума

Ова е шумска заедница којашто почесто се среќава во Паркот. Се
забележува на поголем број локалитети: во сливот на р. Мала Река, Гарска
Река, во непосредна близина на Лазарополе, Сушица, Селце, Болетин, како и
на два локалитети во непосредна близина на Мавровското езеро, планината
Дешат, Елешица и Битуше, во Горна Радика до под с. Бродец. Локално се
сретнува и на други месторастења, најчесто од 1100 до 1500 (1600) метри
надморска височина, во зависност од локалните еколошки услови. Застапена е и на карбонатен и на силикатен матичен супстрат, а
почвите најчесто се кафеави врз варовник или варовничко-доломитни црници,
додека на силикат се еутрични камбисоли. Растежните услови се мезофилни,
без изразена летна суша.
Во оваа шума апсолутна доминантна улога има Fagus sylvatica ssp.
moesiaca (мезиската бука), со јасно изразена катова структура, а во катот
на дрвјата се среќаваат и: Prunus avium, Quercus petraea, Q. cerris, Sorbus
torminalis, Betula pendula, Populus tremula, Ostrya carpinifolia, Acer obtusatum,
A. pseudoplatanus, A. platanoides, Abies borisii-regis и др.
Поради тоа што склопот е околу 0,6-0,8, често пати е развиен и катот
на грмушки, со следниве видови: Corylus avellana, Lonicera xylosteum, Cornus
mas, Crataegus orientalis, C. monogyna, Salix caprea, Euonymus europaea, Malus
pumila, Fraxinus ornus, Ribes alpinum, Rhamnus falax, Rosa canina и др.
Во катот на приземната вегетација речиси подеднакво учество имаат
мезофилните дабови и мезофилните букови елементи како што се: Festuca
heterophylla, Lathyrus venetus, Trifolium pignanti, Mycelis muralis, Luzula
luzulina, Aremonia agremonoides, Digitalis ambiqua, Melica uniflora, Galium
silvaticum, Dactylus glomerata, Viola silvestris, Veronica chamaedrys и др.
Поради силното влијание на антропозоогениот фактор, во природата
многу тешко може да се одреди јасно видлива граница помеѓу подгорската и
горската букова шума.
Во последно време е забележителна појава на ширење на елата
(Abies borisii-regis) во оваа шумска заедница.
Подгорските букови шуми во Паркот имаат најчесто вегетативно
потекло. Продуцираат дрвна маса којашто најмногу се употребува за огревно
дрво. 

Ass. Seslerio autumnalis-Fagetum moesiacae Blečić et Lakušić 1970 (leg.
et det. J. Acevski et B. Simovski 2010)
Шумска заедница на Sesleria autumnalis (есенска шашика) и Fagus sylvatica
ssp. moesiaca (бука) 

Оваа шумска заедница во Паркот се простира на мали површини, во
западните карпести предели по средишното течение на р. Радика, во
горниот дел надоврзувајќи се на шумата од црн габер и дабот благун (Ass.
Querco-Ostryetum carpinifoliae Ht. 1938 и Ass. Seslerio-Ostryetum carpinifoliae
Ht. et H-ić 1950). Оваа шума е локално еколошки условена. Се образува на
карбонатен матичен супстрат и ги има истите карактеристики на
подгорската букова шума, со тоа што покрај буката (Fagus sylvatica ssp.
moesiaca) како едификатор, во приземниот кат се сретнува есенската шашика
(Sesleria autumnalis).
Значењето на шумската заедница е идентично со подгорската букова
шума, но, поради тешката пристапност има карактеристики на девствена
шума. 

Ass. Calamintho grandiflorae-Fagetum Em 1965
Горска букова шума

Оваа шумска заедница зафаќа големи пространства во истражуваното
подрачје. Забележана е на сите планински масиви во Паркот. Височински се
протега од 1200 (1300) до 1700 (1800) метри. Застапена е и на карбонатен и на
силикатен матичен супстрат. На карбонат се среќава на кафеави почви врз
варовник и браунизирани варовничко-доломитни црници, додека на силикат
почвите се најчесто од типот дистричен камбисол и ранкер. Шумите се
карактеризираат со мезофилни еколошки услови (нема прекин на вегетацијата
во летниот период) и истите имаат генеративно и вегетативно потекло.
Склопот на шумата најчесто се движи од 0,8 до 1. Асоцијацијата има јасно изразена катова структура. Во катот на
дрвјата апсолутна доминација има буката (Fagus sylvatica ssp. moesiaca),
едновремено и едификатор на заедницата. Покрај неа, со поединечни
примероци се сретнуваат следните видови: Acer pseudoplatanus, A. obtusatum,
A. platanoides, Abies borisii-regis, Betula pendula, Salix caprea и др.
Поради густиот склоп, катот на грмушки е слабо изразен и во неговиот
флористички состав се сретнуваат следниве видови: Rubus hirtus, R. caesius, R.
idaeus, Acer pseudoplatanus, Abies borisii-regis и др.
Во катот на приземната вегетација, најголемо учество имаат
мезофилните букови елементи: Calamintha grandiflora, Dryopteris filix-mas,
Sanicula europaea, Aremonia agrimonoides, Geranium robertianum, G.
silvaticum, Epilobium montanum, Dentaria bulbifera, Geum urbanum, Mycelis
muralis, Saxifraga rotundifolia и др.
Во последните години на одредени локалитети се забележува ширење
на елата (Abies borisii-regis) во потстојниот буков кат (локалитет
манастир Св. Танасие, с. Лазарополе). Горската букова шума е изложена на
инвазија од страна на елата и има тенденција во иднина да
прерасне во мешана буково-елова шума. Со оваа појава се добиваат
најстабилни и најквалитетни шумски заедници во синдинамскиот
развој на овие месторастења.
Горската букова шума има големо стопанско значење како шума со
најголема биомаса. 

Ass. Abieti-Fagetum macedonicum Em (1962) 1985
Буково-елова шумска заедница

Буково-еловата шумска заедница во Паркот е застапена на поголеми
површини: по падините на Бистра, Кораб и Горна Радика. За истакнување е
дека оваа шумска заедница е во експанзија, такашто во последните децении го
проширува својот ареал на распространување. Се образува на силикатен
матичен супстрат, најчесто врз еутричен и дистричен камбисол и ранкер, а
на карбонатен матичен супстрат- кафеави почви врз варовник и
браунизирани варовничко-доломитни црници. Овие шуми се формираат на
изразено мезофилни месторастења, во зоната на буковиот шумски регион од
1100 до 1600 метри надморска височина, претежно на северни, северозападни
и североисточни експозиции. Шумите се густо склопени, 0,9-1.
Буково-еловите шумски заедници се карактеризираат со јасно изразена
катова структура. Во катот на дрвјата, апсолутна е доминацијата на
Fagus sylvatica ssp. moesiaca (буката) и Abies borisii-regis (елата). Покрај овие
два вида, ретко и со поединечни стебла се сретнуваат и: Prunus avium, Acer
pseudoplatanus, A. obtusatum, Ulmus montana и др.
Во катот на грмушките, поради густата склопеност, бројот на видови е
релативно мал, а претежно се карактеризираат со сенкоподносливост. Во овој
кат се сретнуваат Fagus sylvatica ssp. moesiaca, Abies borisii-regis, Euonymus
latifolia, Rubus hirtus, Corylus avellana, Daphne mezereum, Ribes alpinum, Sorbus
aucuparia и др.
Во катот на приземната вегетација, со поголем степен на присутност
и покровна вредност се забележуваат следните видови: Pirola secunda, Galium
rotundifolium, Luzula silvatica, Mycelis muralis, Asperula odorata, Anemone
nemorosa, Actaea spicata, Calamintha grandiflora, Lamium galeopdolonи и др.

Во овие шуми јасно се забележува агресивност на ширењето на
елата, а тоа се манифестира во најголема мера со голема појава на
подмладок. Ова резултира поради поголем број фактори, пред сè на:
 Намалување на антропозоогеното влијание, особено во последните
педесетина години,
 Промена на климатските услови, како и
 Промена во светлосниот режим во склопот на овие шуми, што
условува и дава можност елата, како вид со голема сенкоиздржливост,
многу лесно да се репродуцира.
Врз основа на сегашната состојба на овие шуми, може да заклучиме дека
во минатото биле распространети на многу големи површини, па затоа денес,
при поволни услови, повторно се враќаат на пространствата,
како едни од најпродуктивните, но истовремено и како трајни
стадиуми од синдинамиката на овие месторастења.
Шумите имаат извонредно стопанско/економско значење,
бидејќи се најпродуктивни, лесно обновливи (голема вегетативна моќ на
буката, голема репродуктивна-семена моќ на елата) и големо значење во
биодиверзитетот (живеалишта на голем број видови од фауната).

РАСТЕНИЈА
Флорастично богатство

Како резултат на постоечките податоци за флората на Националниот Парк Маврово и истражувањата реализирани во рамките на проектот за изработка на менаџмент план на НП Маврово, вкупниот број на видови од васкуларната флора на територијата на НП Маврово е заокружен на 1,435 видови. Во Annex листата на Растенија (Plantae) нумерирани се вкупно 1,473 таксони (видови и подвидови), додека пониските таксономски категории, како што се вариетет (var.) и форма (f.) не се нумерирани, иако истите се наведени во рамките на повисоките таксономски категории (вид и подвид).

Огромниот диверзитет на растителни видови присутен на територијата на Националниот Парк Маврово, застапен со 1,435 видови претставува 45% од вкупниот број на видови од васкуларната флора регистрирани во Република Македонија.

Дополнително на тоа, флората во НП Маврово се одликува со висок диверзитет на таксони од пониските таксономски категории, при што вкупниот број на таксони кои вклучуваат видови и подвидови е заокружен на 1,473 таксони, додека заедно со вариететите и формите, оваа бројка се искачува до близу 1,600 таксони. Од биогеографски аспект, територијата на Националниот Парк Маврово, во рамките на Република Македонија, претставува матично подрачје на кое се развиваат бројни орео‐тундрални (аркто‐планински) и северни (бореални) флористички елементи.

Од вкупниот број на 1,473 регистрирани видови и подвидови, дури 404 видови и подвидови се вклучени во категоријата на лековити растенија. Покрај високиот диверзитет на видови, втора највпечатлива карактеристика на флората на Националниот Парк Маврово е високиот степен на ендемизам (13 видови), како и присуство на ретки растителни видови (29 видови), кои на целата територија на Република Македонија се регистрирани единствено на локалитети во Националниот Парк Маврово.

Дополнително на тоа, 31 вид на растенија, покрај Националниот Парк Маврово, утврдени се само на уште еден локалитет надвор од Паркот, на целата територија на Македонија. Во рамките на теренските истражувања поврзани со флората, посебно внимание беше посветено на лековитите растенија во границите на НП Маврово, при што беше утврдено присуство на вкупно 404 видови и подвидови на лековити растенија. За најголемиот број на видови на лековити растенија, утврдени се ареалите на дистрибуција во Паркот, како и сознанија за cостојбата на нивните популации.

ЧАЕВИ
Лековити билки

Ајдучка трева (Аchillea millefolium)

Ајдучката трева или столисник (Аchillea millefolium) — отпорна и приспособлива билка, која е позната и како столисник. Латинскиот назив на оваа билка значи Ахилова трева со илјада листови и доаѓа од преданијата дека митскиот јунак Ахил со оваа билка ги лечел раните.

Цветот се собира за време на цветањето во Мај и Јуни, а листовите се берат до есен. Оваа билка содржи и многу танини, провитамин А, витамин К, калиум, флавоноиди, инулин и етерско масло богато со пинен, цинеол и хамазулен.

Често се наидува на оваа билка за време на прошетките по ливадите во околината на Тресонче.

Најчесто се употребува кај желудечно-цревните заболувања, при грозница, зголемен крвен притисок, како средство за сопирање на крварењето, при мозочни и срцеви тромбози.

Освен тоа, ајдучката трева се користи и како јако антибактериско средство против стафилококите, ешерикија коли, кандида и други микроорганизми.

Во народната медицина се користи за зараснување на раните и за намалување на болката. Ајдучката трева се користи во составот на горчливите чаеви, во чаевите за прочистување на организмот, чаеви за зголемено излачување на жолчна киселина, чаеви за нормализирање на метаболизмот и за чаеви за смирување. Може да се користи и за испирање на рани, за купки и облози.

Поради присуството на витамин Ц, ајдучката трева се дава при крварење и при хемороиди. Горчливиот ахилеин, заедно со танините и витаминот К, ја прави билката погодна за сопирање на внатрешни и надворешни крвавења.

Жолта Ајдучка трева (Achillea filipendulina)

Во фитотерапијата нема официјална употреба. Народот ја користи за некои заболувања, но без докажани лековити својства и ефекти.

Црвен кантарион (Centaurium erythraea)

Црвениот кантарион е двегодишно тревно растение. Стеблата се прави, единечни или по неколку прости или од основата разгранети. Листовите во  основата се собрани во розета, јајцевидно- ланцентни или елипсовидни.

Цвета во јуни – август, а раѓа плод во јули – септември. Се размножува со семе. Берењето на ова растение се врши во текот на цветањето. Се собира на чисти места по суво и сончево време. Тоа е многу горчливо растение, но не е отровно.

Уште во античко време кантарионот бил опишан како лековито растение. Црвениот кантарион има три важни особини. Тој е добар стомахик, амарум и тоник. Го подобрува апетитот и варењето на храната и затоа се става во ракија и се користи како добар аператив, особено кога имаме слаба функција во желудникот и слабо лачење на сокови.

Пациентите кои имаат лошо варење на храната и хронични проблеми како што е хронична диспесија треба да го користат кантарионот. Пациентите кои имаат многу гасови исто така треба редовно да го користат. Една од најважните особини што ги има црвениот кантарион е што го стимулира панкреасот и доведува до зголемена продукција на инсулин, а со тоа преставува извореден лек за дијабетичари, бидејќи го намалува шеќерот. Се користи и против слабокрвност и ја намалува температурата.

Диво нане (Mentha pulegium)

Дивите врсти на нане (Mentha arvensis и други), како и питомите, се користат за подготвување вкусен и здрав чај, кој помага при многу заболувања. Чајот од дивото нане е корисен при главоболка, стомачни тегоби, несоница, општа слабост и малаксаност, настинка и кашлица. Во народната медицина дивото нане се покажало како природен лек при: стомачни заболувања, заболувања на дишните патишта, нервоза, болести на жолчните патишта, цревни заболувања, болести на црниот дроб итн. Дивото нане во исхраната може да се употребува и како зачин и често се додава во многу јадења, бидејќи го подобрува варењето на храната.

Жолт кантарион (Hipericum perforatum L) 

Kантарионот содржи многубројни лековити состојки: етерични масла, јагленохидрати, белковини, пектинска и миристинска киселина, витамин Ц, танини (9-11%), смола, антоцијанини, хиперфорин и хиперицин кои му ја даваат црвената боја на неговиот сок, каротен, биофлавоноиди, холин, фитосерин и трагови од алкалоиди.

Кантарионот содржи и мелатонин, хормон кој се лачи во организмот при заспивање и е потребен за одржување на сонот (на овој начин кантарионот делува против несоница и помага за опуштање на организмот и емоционална добросостојба).

Жолтиот кантарион е многугодишна билка со жолти цветови собрани на врвните делови. За терапија се користат надземниот дел на билката и цветовите. Цвета цело лето, а се бере од јуни до август. Се користи при лекување депресија и мигрена, гастрит, кожни рани и настинки.

Мајчина душица(Hipericum perforatum L

Мајчината душица е многугодишно растение со виолетово-црвени цветови. Цвета во јуни и во јули, а понекогаш и до септември. Се користат расцветаните делови, кои треба да се отсечат без да се оштетува долниот здрвенет дел на билката. На мајчината душица и треба многу сонце и топлина и затоа се среќава на суви каменести места и планински пасишта, каде што има топла почва. Мајчината душица може да се користи во форма на чај, сок и масло.
Маслото од мајчина душица е корисно кај мултиплаксклероза, реума, набиеници и опекотини на телото парализа и мозочен удар.
Чај или сируп се користат против бронхитис. Пневмонија, ларингит, кашлица, против цревни заболувања, дијареја, за подобрување на апетитот, за жолчка и црн дроб.
Мајчината душица има антибактериско дејство и се препорачува да се пие во зимскиот период, против инфекции на дишните патишта.
Мајчината душица се препорачува како лек против парализа, нервни болести, епилепсија, алкохолизам, слабокрвност, бледило, зајакнување на нервите, грчави во стомакот, матката, ревматизам и менструални тегоби.
Мајчината душица може да се користи како добар зачин..

Маточина (Melissa officinalis)

Маточината е многугодишно зелјесто растение, со четириаголно стебло, доста разгрането. Листовите се спротивноположни, срцесто јајцести, со неправилно назабени рабови, со лисни дршки од кои горните се најкратки. Цветовите се пршленесто поставени, собрани по 3-6 или повеќе во пазувите на листовите. Во почетокот на цветањето тие се жолти, а подоцна стануваат сини. Целото растение мириса пријатно на лимон, особено кога листовите се тријат меѓу прсти.

Исушените листови (Melissae folium) коишто се користат како активен дел од растението се тенки, на лицето имаат темнозелена боја, рапави се, со ретки влакненца, а на опачината имаат посветла зелена боја, пунктирани се со жлезди и ишарани со испакнати нерви.

Содржат танини, поради што листот наоѓа примена како благо и пријатно средство за смирување на дијареја, особено летните детски дијареи. Присуството на горчливи и опорни материи ја објаснуваат употребата на листот од маточина во функција на јакнење на организмот. Листот од маточина особено се цени поради неговото мирисливо испарливо етерично масло.

Маточината е блага, добра и пријатна лековита билка која се препорачува при проблеми во системот на органите за варење (против надуеност на цревата, желудочни тегоби, гадење, повраќање и против дијареја). Поради присуството на танини во неговиот состав, коишто имаат атсрингентно дејство (што стега) овој чај со право може да се употребува за подобрување на состојбата при дијареја, особено кај децата.

Планински чај (Sideritis scardica)

Расте на поголема надморска височина во суви предели, на песоклива почва, на карпи или карпести пукнатини. Цвета од јуни до август во зависност од регионот и надморската виснина.

Во различни региони виреат разни подвидови познати под повеќе имиња: шарпланински чај, пирински чај, овчарски чај, итн.

Најмногу го има на високите планински пасишта најчесто на висина над 1500 метри н.в. Може да се одгледува и во вештачки услови во алеи со песок, или масовно да се сади на планинските пасишта.

Планинскиот чај е високоценета билка во народната медицина. Се употребува како универзален лек против настинки, грип и за целокупно јакнење на имунолошкиот систем. Научните истражувања покажуваат дека е богат со антиоксиданси и може да се користи за превенција и борба против рак. Исто така докажано е дека делува против бактерии и воспаленија, а може да се користи и како алтернативен лек против остеопороза.

Растението со своите лековите својства било познато уште од античко време. Со популаризацијата на алтернативната медицина, станува сè попопуларно поради своите анти-канцерогени својства. Во Грција е брендиран и заштитен како „грчки планински чај“ и се извезува на големо како билошки здрава храна и алтернативен лек

ГАБИ
Печурки

Мувоморка змиска габа (Amanita Muscaria) 

Оваа печурка има црвен глобус со бели ситни остатоци од нејзиниот омот, бели густи ливчиња, бело стебло кое на дното е задебелено. Расте од лето до крајот на есента во листопадни и иглолисни шуми. Ова е отровна габа со психотропни својства.

Буковка  (Pleutrous Ostreatus)

Клобукот е сив, кафен или жолтеникав со бели и подоцна сивкасти ливчиња. Стеблото е кратко, месото на габата е бело, цврсто со пријатна миризливост. Расте во есен и зима, во големи групи исечени стебла и живи листопадни дрва. Таа се користи во исхраната, има одличен вкус и е добро позната габа.

Црна Труба (Craterellus Cornucopioides)

Телото на оваа габа е тенко, во вид на труба, внатре е кафено-црно или црно со модро-сиво стебло. Месото е тенко, сивкасто, еластично со пријатен мирис и сладок вкус. Расте во големи групи во летниот период и на есен на влажни шумски терени. Таа се користи во исхраната и е карактеристична со многу добар квалитет и вкус.

Јајчарка, Кралевка, Благва (Amanita Caesarea)

Клобукот е со убава портокалово-црвена боја со густи жолти ливчиња. Стеблото е жолто со венче кое виси. Месото е бело-жолтеникаво со слаб но пријатен мирис. Расте во лето и есен во шуми и чистини. Оваа печурка има извонреден вкус и важи за една од најквалитетните габи.

Лигав Вргањ (Suillus Gravillei)

Клобукот е со златно жолта боја, лигав и кожичката се лупи. Цевчињата се жолти со мали отвори. Стеблото е високо и жолто-кафено. Месото е жолто, не променува боја и има пријатна миризба. Се јаде само клобукот бидејќи стеблото е тврдо и често црвливо.

Лисичарка (Cantharellus Cibarius)

Клобукот е стеснат, сув, во средина вдлабнат со свиткани рабови и жолта до портокалова боја. Ливчињата се жолти и од клобукот се симнуваат по стеблото кое е голо, а кон коренот е потенко и посветло од клобукот. Месото е со жолто-бела боја со мирис на праски. Расте од доцна пролет до есен, групно во листопадни и иглолисни шуми. Габата е јадлива со извонреден квалитет.

Ливадски Шампињон (Agaricus Campestris)

Клобукот е широк, бел, кафен со густи розови, а потоа кафени и на крај црни ливчиња. Стеблото е бело со мало венче. Месото е бело, на пресек со розова нијанса и одличен вкус и мирис. Расте поединечно и во групи, во период од мај до крај на есен, на ливади и пасишта. Таа е јадлива и извонредно вкусна габа која може да се приготвува на разни начини.

Правутка (Bovista Plumbea)

Плодното тело е топчесто со коренест продолжеток. Тоа е бело и мазно со кожичка која подоцна се збрчкува и распаѓа. Месото е тврдо и бело, а потоа сиво-кафено во вид на прашина. Габата  се јаде додека месото е цврсто и бело. Остарената габа на врвот добива отвор низ кој на притисок излегува кафеава прашина (спори) со кои се размножува, а народот ги користи за лекување на рани кои тешко заздравуваат.

Рујница (Lactarius Deliciosus) 

Клобукот е конвексен со портокалово-црвена боја и концентрични кругови кои добиваат зелени дамки. Ливчињата се густи, портокалови, а на притисок позеленуваат. Стеблото е високо и при дното потесно со плитки вдлабнатини со портокалова боја. Месото е жолто-портокалово и испушта портокалова течност (млеко). Расте од лето до зима во борови шуми. Рујницата е јадлива со одличен квалитет, а може да се пече на жар, да се додаде во салата, да се конзервира и слично.

Срндач, сонларка (Macrolepiota Procera)

Клобукот е голем и тркалезен, во младоста топчест, на средина издигнат и кафеав, а по површината има ситни лушпи. Ливчињата се густи и бели. Стеблото е високо и витко, тврдо, влакнесто и шупливо со подвишен прстен. Месото е бело, меко, на издигнатиот дел тврдо. Се карактеризира со пријатен мирис и вкус на лешник. Расте во лето и есен во сите шуми. Габата е јадлива со извонреден квалитет, но се употребува само клобукот и тоа на разни начини. Најдобро е клобукот да се подготвува со јајца и брашно или да се пече на скара.