Пролетниот снег донесе лавини и забрана за движење

by | Mar 21, 2021 | соопштенија

Поради големи врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар, соопштија од АМСМ.

Забраната почнува да важи од 10:15 часот, и ќе важи додека не се расчисти ситуацијата.

„Од 10:15часот поради интензивни врнежи од снег
се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово –
Дебар.“, велат од АМСМ.

Претходно беше донесено задолжително користење на зимска опрема на тешките товарни возила на превојот Пресека меѓу Охрид и Кичево.

Градоначалникот Медат Куртовски изјави дека вечерва во близина на бензиската пумпа кај Бигорскиот манастир паднати се три лавини.

Една од лавините зафатила едно возило од кое еден од патниците е со лесна повреда на ногата.

Екипи на Македонија пат, општина Маврово и Ростуше и Бигорскиот манастир се на терен со свои машини и работат на расчистување на лавините.

Лавина кај Бигорски манастир

Во Тресонче и околните села според нашиот известувач состојбата е засега стабилна но со обилни врнежи на снег кои условијa повисока снежна покривка.

Поради тежината на влажниот снег можни се и прекини на напојување со електрична енергија.

 

Тресонче-снимено на 21.03.2021 од Жан Илиќ

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Годишно обраќање за 2020 – ЗГ Брзовец

Претседателот на Здружението на граѓани за развој на с.Тресонче “БРЗОВЕЦ“, г-дин Јосиф Саржоски денеска излезе со писмено годишно обраќање во кое изнесува краток осврт на 2020 година, каде ги истакнува активностите околу овозможување достапност до водопадите и пештерите кои се составен дел на...

Пролетниот снег донесе лавини и забрана за движење

Поради големи врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар, соопштија од АМСМ. Забраната почнува да важи од 10:15 часот, и ќе важи додека не се расчисти ситуацијата. „Од 10:15часот поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на...

Одржана работилница на тема „Изработка на 10 годишна програма за зголемување на популацијата на дивокоза“

Дивата коза (Rupicapra rupicapra) е еден од најзастапените животински видови во околијата на Тресонче која со својата грациозност ги краси околните ридови, и не случајно покрај водопадот и врвот Брзовец е заштитен симбол на логото на селото и ЗГ Брзовец.   Во периодот кој следи ќе отпочне...

Целосна забрана за сообраќај на патот Маврово-Дебар

Од 18.30 часот на патниот правец крак Маврово-Дебар воведена е забрана на движење за сите моторни возила, во двата правци.Од полицијата објаснуват дека забраната е поради сложените временски услови во регионот, паднати смрзнати дрвја и гранки на коловозите, како и потенцијалната опасност од паѓање...

Нова божикна каланда „Христос се раѓа, на светот радост“

Традиционално, и овој Бадник, Здружението “Бадникови поворки” со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божикен спот како подарок за верниот народ. -Деновиве, на голема радост на сите, во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорската...

ТРЕСОНЧЕ НОСИ МИР…И ЕДЕН СИН ВИР

Благодарејќи на неговата местоположба, распослано во најживописниот предел од недопрената природа на Националниот Парк Маврово, Тресонче продолжува да привлекува и да плени посетители, како со својата богата историја, така и со раскошното флорастично богатство, шумите, планините, а посебно со...

Средби по повод последните случувања со мавровското тло

По вчерашните силни земјотреси чиј епицентар беше во општината Маврово и Ростуше денеска градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски имаше работна средба со Директорот на Институтот на земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Влатко Шешов.На средбата е разговарано за...

Земјотресот предизвика одрон на патот Дебар – Маврово

Утрово околу 4 часот и 55 минути силен земјотрес го стресе Тресонче. Според првичните информации од сеизмолошките станици земјотресот бил со јачина од 5,5 степени по рихтеровата скала, со епицентар во Леуново, на длабочина од 10 километри. Земјотресот е почувствуван и во Дебар, Лазарополе, Тетово,...

Милениумски јубилеј: Бигорски манастир денеска слави 1000 години од основањето

Централната прослава на големиот јубилеј 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир ќе се одржи денеска со почеток во 9 часот со Божествена архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите...

Успешно завршена ХСО Тресонче 2020

Тресонче  Недела 27ми Септември 2020г. Автор: Жан Илиќ   Денес во нашето Тресонче за прв пат успешно се одржа трката за Државното Првенство на Македонија во Планински Велосипедизам  „ХСО Тресонче 2020“. Трката се возеше по кружна патека долга 3.2км  трасирана во атарот на Тресонче и...

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

April 2021
M T W T F S S
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

Објавено 3 недели претходно од

Тресонче | 25ти Март | фотографирано утрово од известувачот Ж. И. ... ПовеќеНазад
Повеќе на ФБ

Објавено 4 недели претходно од

Најнови снимки (22.03.21) од нашиот стален дописник од Тресонче - Ж.И.
Моментално снежната покривка изнесува 30цм..
... ПовеќеНазад
Повеќе на ФБ

Објавено 4 недели претходно од

#Тресонче 21.03.2021❄️.

Благодарност до Г-дин Жан Илиќ за фотографијата
... ПовеќеНазад
Повеќе на ФБ

Објавено 1 месец претходно од

По земјотресот со јачина од 3,4 степени по Рихтер околу 20 часот и 40 минути со епицентар во мавровско, во регионот се регистрираат серија земјотреси.

Во 22 часот и 17 минути регистриран е земјотрес со јачина од 4,9 степени, со епицентар 11 километри северно од Тресонче, а по него следуваше уште еден потрес од 4,4 степени.

Земјотресите се почуствувани во Тресонче како и околните села, но засега нема никакви известувања за констатирани штети или одрони.
... ПовеќеНазад
Повеќе на ФБ

Објавено 1 месец претходно од

Среќен 8ми Март на сите припаднички на понежниот пол!

Во духот на тресончанката Сирма, која многу одамна ги претрпела неправдите и истовремено успеала со својата храброст и одлучност да ги оттргне стереотипите кон Женскиот род во Мијачијата и пошироко.

Затоа и прославените Браќа Миладиновци ке објават песна (која подоцна има свој трансформации ) која почнува со зборовите:
"Коде се чуло и видело
Мома Војвода да бидет,
На седомдесет дружини.."
... ПовеќеНазад
Повеќе на ФБ

Објавено 2 месеци претходно од

Денес, 26.02.2021 се одбележува 17-годишнината од авионската несреќа на владиниот “Кингер” во близина на Мостар , каде на денешен ден 2004 животот го загубија сите членови на екипажот меѓу кои, покрај македонскиот претседател, Борис Трајковски, трагично згасна и животот на Ристо Блажевски, родум од Тресонче, кој што во својство на советник на претседателот го придружуваше на кобниот лет.
Тресонче и Тресончани со жалење ќе се сеќаваат на неговиот ведар лик.
Слава му!
... ПовеќеНазад
Повеќе на ФБ

Објавено 2 месеци претходно од

Тресонче ... ПовеќеНазад
Повеќе на ФБ

Smash Balloon Custom Facebook Feed WordPress Plugin The Custom Facebook Feed plugin

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ