loader image

Тресонче ја организира првата 11 Октомвриска Тура – Тресонечка Долина

by | Sep 20, 2020 | настани, планинарење, соопштенија, спорт и рекреација

Автор: Жан Илиќ

На ден 10ти Октомври по повод државниот празник 11ти Октомври за прв пат ја организираме планинарската тура , кружна прошетка околу долината на Тресонче. Се надеваме дека од оваа година ќе прерасне во убава Октомвриска традиција на нашето село Тресонче. Патеката ќе се движи по шумските патеки на нашите предци, патишта по кои тие работеле, живееле и се движеле секојдневно. Ќе ги посетиме месностите Сечен Камен, Змејовица, Змејово Чардаче, Изворот на Тресонечка Река, Гуменце, Брзовец и преку Присој ќе се вратиме во Тресонче на Леништа. Овие за нас, од кажувања топоними и локации, беа до скоро обраснати , непроодни и препуштени на забот на времето, но еве, денес ги имаме сите патеки до нив исчистени, маркирани, проодни и ни ја прикажуваат убавината на нашата Тресонечка Долина во полн сјај.

11 октомвриска тура – Жан

Патеката на движење е безбедна и спаѓа во класата на Средна тежина и се надеваме дека Тресончани и драгите пријатели и љубители на планинарењето ќе дојдат на незаборавна прошетка во голем број. ДЕТАЛИ за турата: почеток : 09ч на Леништа (собирот е во 08:45!) должина : 17км вкупна висинска разлика : 1390м (uphill) максимална нмв : 1590м (Гуменце) минимална нмв : 1006м (Леништа) Вкупно времетраење: околу 6.5 ч (со пауза за оброк) ОСНОВНИ ПРЕПОРАКИ: . планинарски обувки . еден лесен оброк по учесник . сад/термос за вода . соодветна облека /види метео прогноза . препорачано е за деца над 14г. Турата ќе има т.н. познавачи на теренот – водичи, 2 до 3 лица представници на З.Г. Брзовец кои ќе се грижат за правецот и тајмингот како и за почитување на препораките . Мерките за заштита од Ковид 19 ќе бидат истакнати на видно место. Ве очекуваме на 10ти Октомври на Леништа! Здружение на Граѓани “Брзовец“

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Милениумски јубилеј: Бигорски манастир денеска слави 1000 години од основањето

Централната прослава на големиот јубилеј 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир ќе се одржи денеска со почеток во 9 часот со Божествена архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите...

Успешно завршена ХСО Тресонче 2020

Тресонче  Недела 27ми Септември 2020г. Автор: Жан Илиќ   Денес во нашето Тресонче за прв пат успешно се одржа трката за Државното Првенство на Македонија во Планински Велосипедизам  „ХСО Тресонче 2020“. Трката се возеше по кружна патека долга 3.2км  трасирана во атарот на Тресонче и...

ХСО – ТРЕСОНЧЕ 2020, државно првенство во планински велосипедизам

    Во организација на Велосипедска Федерација на Македонија, В.К. “ЕНЕРЏИ“ и З.Г. “Брзовец“, како и подршка на Општина Маврово -Ростуше , на 27ми Септември Недела на кружната патека низ Тресонче ќе се одржи Државното Првенство во Планински Велосипедизам ХСО “Тресонче 2020“ Трката е за...

Тресонче ја организира првата 11 Октомвриска Тура – Тресонечка Долина

Автор: Жан Илиќ На ден 10ти Октомври по повод државниот празник 11ти Октомври за прв пат ја организираме планинарската тура , кружна прошетка околу долината на Тресонче. Се надеваме дека од оваа година ќе прерасне во убава Октомвриска традиција на нашето село Тресонче. Патеката ќе се движи по...

Учеството на Тресончани под строги протоколи, викендов хиротонија на Отец Партениј за епископ Антаниски

Под строги контроли, со заштитни маски и дистанца викендов ќе се случи хиротонијата на Игуменот на Бигорскиот манастир, Отец Партениј за епископ Антаниски, каде на наше големо задоволство, како специјални гости ќе земат учество и претставници од Тресонче. Назначените од одборот претставници ќе...

Тресонче организира голема работна акција за рaсчистување на селото

ИЗВЕСТУВАЊЕ! На ден 27.06.2020 (сабота) во Тресонче ќе се одржи традиционалното пред-Петровденско расчистување на гробиштата, црквата, Лениште и тн. кое што е планирано да заврши со заедничка скара.. Ги повикуваме сите Тресончани и љубители да се вклучат во акцијата, секој што е во можност да...

МВР нема да го спречува одењето во викендички

Со огледа на продолжениот викенд за време на празникот Велигден и можноста многу граѓани да се упатат кон своите викендички или станови во туристичките места, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев апелира граѓаните да ги организираат своите обврски до 16 часот во петок и притоа внимавајќи...

Долго очекувана вест за отстранување на блокадата: Заврши кризната состојба во Дебар

Од денешен ден за Дебар и Центар Жупа на сила се само мерките кои важат за територијата на целата држава, соопшти директорот на Центарот за управување и кризи, Агрон Буџаку. Викендов заврши кризната состојба на териториите на општините Дебар и Центар Жупа. На денешната седница Владата одлучи да се...

Владата ги задолжи МВР, ЦУК и МЗ сите затекнати лица безбедно да ги напуштат викенд куќите во Маврово и Ростуше

Владата на синоќешната седница го задолжи Министерството за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи и Министерството за здравство да ја разгледаат можноста сите лица кои се затекнати во своите викенд куќи за одмор и рекреација во општините Маврово и Ростуше или во непосредна околина,...

Контроли кај Маврови Анови и Бошков Мост и прекин на автобускиот сообраќај Гостивар – Дебар

Автобуските линии од Гостивар кон Дебар привремено се укинати, а угостителите доследно го почитуваат новото работното време. Кон препорачаните мерки се приклучи гостиварската локална самоуправа, која синоќа отпочна со дезинфекција на градските улици. Според информациите од гостиварската автобуска...

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

October 2020
M T W T F S S
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

Објавено 6 денови претходно од

Тресонче

https://www.facebook.com/745546048968431/posts/1513884605467901/Известување,Општина Маврово и Ростуше, ги известува своите граѓани дека, поради технички зафати, кои ќе се изведуваат од страна на ЕВН - Македонија, утре 22.10.2020 година (четврток) во целиот долнорекански регион ќе има прекин на електрична енергија од 08:00 до 16:00 часот. Со почит, ... ПовеќеНазад

Повеќе на ФБ

Објавено 3 недели претходно од

Тресонче

Почитувани, под влијание на последните извештаи за напредокот на Ковид пандемијата, и согласно денеска усвоените мерки за заштита и превенција од истата, по отворената дискусија членовите на одборот на ЗГ Брзовец едногласно зазедоа став и ве известуваме дека со големо жалење моравме да констатираме дека е невозможно, а воедно и неодговорно да продолжима со планирање и организирање на овогодинешната планинарска тура "Тресонечка Долина". Се надеваме на разбирање, бидејќи оваа тешка одлука ја донесовме во интерес на вашето здравје. Турата предвидена за 10-ти Октомври ќе биде одложена за некои подобри времиња.. ... ПовеќеНазад

Повеќе на ФБ

Објавено 1 месец претходно од

Тресонче

Се крчка трката... ... ПовеќеНазад

Повеќе на ФБ

Објавено 1 месец претходно од

Тресонче

Тресонче ... ПовеќеНазад

Повеќе на ФБ

Smash Balloon Custom Facebook Feed WordPress PluginThe Custom Facebook Feed plugin

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ