loader image

Црква Свети Никола

Црква „Св. Никола“ е постара црква помеѓу четирите цркви во селото. Се наоѓа во непосредна близина на месноста Ленишча, на западните падини од селото. Градена е во XVIII век. .

Оваа црква е доминантен објект во селото. Иако е помала и понова од другиот храм “Свети Петар и Павле”, таа е поставена на самиот влез во селото, како своевиден чувар и заштитник на Тресонче.

Се наоѓа во непосредна близина на Ленишча, на западните падини од селото. Градена е кон крајот на 19 или во почетокот на 20 век. Претставува мал, складно граден објект, по концепција еднокорабен, со централно поставена купола на низок тамбур. Ориентацијата на храмот е исток (олтарна апсида) – запад. Самата содржина на објектот претставува минимален простор за вршење верски обреди и ги содржи следните елементи:

 

  • Влез директно во објектот
  • Централен дел – наос
  • Олтарна апсида со ниши за проскомидија и ѓаконикон, одделени од наосот со иконостас
  • Хорска галерија, на запад
Основа на црквата