loader image

Започна првата малореканска летна школа – По стапките на Дичо Зограф

by | Sep 2, 2020 | некатегоризирано

Деновиве, со благослов на нашиот надлежен Митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски и со благослов и иницијатива на нашиот Старец и Игумен, Епископот г. Партениј, а во содејство и организација со проф. д-р Сашо Цветковски, Свештена Бигорска Обител ќе биде домаќин на Првата малореканска ликовна школа, насловена: По стапките на Дичо Зограф. Конференцијата се одржува во чест на големиот јубилеј – 1000 години од основањето на Бигорски, а на неа учество ќе земат десетина звучни имиња од македонската научна јавност. Свеченото отворање на овој научен собир се одржа вчера, во дворот на црквата Свети Петар и Павле, во родното село на Дичо Зограф – Тресонче. Пригоден говор одржа проф. д-р Сашо Цветковски, научен соработник од МАНУ и коорганизатор на конференцијата, потоа академик Живко Попов, а од името на Владиката Партениј, учесниците и гостите ги поздрави јеромонахнашето братство. На отворањето присуствуваа научните работници, студенти, тресончани од здружението Брзовец и директорот на НП Маврово, г. Самир Ајдини. По отворањето, во храмот беше отслужена трисагија за покој на душата на великанот Димитар – Дичо Крстев.

Попладнето истиот ден, во великиот синодикон во Бигорскиот Манастир започна и сесијата предавања, а неа ја отвори јеромонахот Кирил, со реферат посветен на првиот Архиепископ Охридски и ктитор на Свештената Бигорска Обител, Светиот отец наш Јован Дебранин. Следниве денови свој реферат ќе одржат: проф. д-р Сашо Цветковски, проф. д-р Елизабета Касапова, проф. д-р Васил Ѓорѓиев, проф. д-р Александар Василески и други.

Преземено од bigorski.org.mk

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Времен режим на сообраќај на делницата Жировница-Бошков Мост

Поради санација на свлечиште од денеска е воведен 30-дневен времен режим на сообраќај на регионалниот пат Р1202, делница Жировница – Бошков Мост, кај село Скудруње на меѓународен пат кој не поврзува со Република Албанија, поточно на делницата Жировница-Бошков мост во близина на село Јанче и на...

Заврши научната конференција во чест на 1000-годишнината на Бигорски

Првата малореканска научна конференција, насловена: По патеките на Дичо Зограф, а посветена на великиотјубилеј – 1000 години од основањето на Свештената Бигорска Обител, којашто започна во понеделникот на 31 Август, денес ја дочека својата свечена завршница. Во големата приемна сала на Бигорскиот...

Започна првата малореканска летна школа – По стапките на Дичо Зограф

Деновиве, со благослов на нашиот надлежен Митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски и со благослов и иницијатива на нашиот Старец и Игумен, Епископот г. Партениј, а во содејство и организација со проф. д-р Сашо Цветковски, Свештена Бигорска Обител ќе биде домаќин на Првата малореканска ликовна...

Прва Малореканска Летна Школа – по стапките на Дичо Зограф

По повод долгоочекуваниот настан во организација на Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, Црковниот одбор и здружението „Брзовец“ од Тресонче, Бигорскиот манастир и Општината Маврово-Ростуше, како организатори на летната школа, информираат дека активностите ќе...

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

October 2020
M T W T F S S
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

Објавено 6 денови претходно од

Тресонче

https://www.facebook.com/745546048968431/posts/1513884605467901/Известување,Општина Маврово и Ростуше, ги известува своите граѓани дека, поради технички зафати, кои ќе се изведуваат од страна на ЕВН - Македонија, утре 22.10.2020 година (четврток) во целиот долнорекански регион ќе има прекин на електрична енергија од 08:00 до 16:00 часот. Со почит, ... ПовеќеНазад

Повеќе на ФБ

Објавено 3 недели претходно од

Тресонче

Почитувани, под влијание на последните извештаи за напредокот на Ковид пандемијата, и согласно денеска усвоените мерки за заштита и превенција од истата, по отворената дискусија членовите на одборот на ЗГ Брзовец едногласно зазедоа став и ве известуваме дека со големо жалење моравме да констатираме дека е невозможно, а воедно и неодговорно да продолжима со планирање и организирање на овогодинешната планинарска тура "Тресонечка Долина". Се надеваме на разбирање, бидејќи оваа тешка одлука ја донесовме во интерес на вашето здравје. Турата предвидена за 10-ти Октомври ќе биде одложена за некои подобри времиња.. ... ПовеќеНазад

Повеќе на ФБ

Објавено 1 месец претходно од

Тресонче

Се крчка трката... ... ПовеќеНазад

Повеќе на ФБ

Објавено 1 месец претходно од

Тресонче

Тресонче ... ПовеќеНазад

Повеќе на ФБ

Smash Balloon Custom Facebook Feed WordPress PluginThe Custom Facebook Feed plugin

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ