Истакнати личности од Тресонче

Саржо Караџа Брадина

Саржо Караџа Брадина (1778 – 1889), еден од тројцата најмоќни и најбогати селски сточари и големопоседници во Мијачијата кои живееле кон крајот на 18 и во 19 век. Покрај него, кој бил од Тресонче, носители на целокупниот развој на Бистра биле и галичанецот Тодор Томоски и лазоровецот Ѓурчин Кокале (Кокалески)…

Дичо Зограф

Животот на Дичо Зограф, како и на многумина средновековни уметници, ќе биде обвиткан со ореолот на таинственост. Досега не е откриен неговиот лик меѓу божествените негови дела, а нема ниту пишана документација со која би се осветлил неговиот живот. Малкуте достапни пишани податоци не овозможуваат целосно да се расветли неговата личност…

Аврам Дичов

Роден е во големото мијачко село Тресонче, Дебарско, во 1840 година во семејството на славниот мајстор Дичо Зограф. Во 1863 година, негова прва творба беше сликањето на црквата „Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид со неговиот брат Спиридон (Спире) Дичов и сликарот Петар Јоанов. Сликал во „Успение на Пресвета Богородица“ во Гари…

Димитар Аврамовски Пандилов

Димитар Аврамовски Пандилов припаѓа на генерацијата сликари кои во минатиот век се издвојуваат со својата уметничка љубопитност околу модерниот европски сензибилитет, трудејќи се во жанрот на импресијата да го дадат својот творечки опус истовремено олицетворувајќи ги македонскиот живот и поднебје…

Томо Смилјаниќ – Брадина

Смилјаниќ е роден во Тресонче на 13 јуни 1888 година, во големото семејство Брадиновци. Прекарот го добил по својот прадедо Сарџо Караџа Брадинa. Презимето Смилјаниќ го добил во Белград, каде што како бистро момче бил прифатен од Друштвото „Св. Сава”…

 

Антон Мирчев – Пешкоски

Антон (Доне) Мирчев (Мирчин) – Пешкоски е роден во Тресонче во маалото Пешковци и бил брат на учителот Крсте Мирчески. Иако е еден од најмаркантните личности кои излегле од  нашето село (и од Македонија воопшто), податоците кои за него ќе бидат изнесени на ова место ќе бидат најсиромашни…

Јосиф Михајловиќ

Тој бил градоначалник на Скопје во два мандата: од 1929 до 1936 година, и од 1939 до 1941 година, кога починал. Во неговото време Скопје интензивно се гради, ги добива своите модерни урбани белези. Изградени се Железничката станица и На­род­на­та банка, Поштата, зградата на денешниот Парламент, водоводот Рашче, хид­ро­цен­тра­ла­та “Матка”, направен е геодетски премер и урбанистички план на гра­дот, подигнати се многу станбени објекти. И тоа е само еден дел од она што е нап­ра­ве­но во неговиот период…

Архитект Андреја Дамјанов

Андреја Дамјанов (1813 – 1878) е македонски градител, протомајстор, од родот Реизовци, еден од најзначајните градители на Балканот. За време на македонската преродба, заедно со своите браќа, тој гради повеќе од 40 зданија, од кој најголем дел цркви на територијата на Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

Кузман Смилевски

Кузман Смилевски – Брадина (Тресонче, Дебарско, 22 август 1924) бил учесник во НОБ, првобригадирец, вицеадмирал и контраадмирал на Југословеската Народна Армија.

Животопис
Смилевски е роден во дебарското село Тресонче на 22 август 1924 година. Пред Втората светска војна бил ученик. Од 1944 година се вклучил во НОВМ и станал член на КПЈ. Во војната бил политички комесар на чета и на баталјон, а потоа помошник на политички комесар на осмата македонска ударна бригада[1] Ја вршел должноста началник на одделение во армијата и во ССНО, началник на катедра во ВМ и во ВВА. Завршил Виша воена поморска академија на ЈНА. Во 1973 година се пензионирал.

Иван Несторовски

Несторовски е роден на 17 март 1921 г. во дебарското село Тресонче. Дипломирал и докторирал по геологија на Рударско-геолошкиот факултет’ во Белград. Покрај педагошката активност на факултетот, каде што држел настава по општа геологија и петрографија…

Сирма Војвода

Сирма Војвода (Крстева Стрезова) (с. Тресонче, Дебарско, 1776 – на пат од Прилеп за Варош, Прилепско, 1864) – биле една од ретките жени војводи на ајдутска дружина. Според народните песни, за војвода била избрана откако ги надминала сите 70 свои соборци во ајдутските вештини…

Кумрија Андреева

Андреева била родена во 1872 година во дебарското село Тресонче. Била постојана курирка во кичевско-галичкиот револуционерен реон. Како курирка, најсовесно ги исполнувала наложените задачи со што ги одржувала во постојана врска четите со легалните начелства во реонот…

Максим Нинев – Војводата

Максим Нинев – Војводата е роден во Тресонче во 1870 година. Кај народот е познат како Максим Војвода, а академиците и уметниците го познаваат како Максим Зографот. Роден е неколку години пред формирањето на ТМОРО (Тајната македонско-одринска револуционерна организација) на која и се приклучил откако наполнил дваесетина години. Во селото го завршил основното образование, но се истакнувал како момче кое ја сака книгата и црквата, па набрзо станал ученик на зографот Дичо Крстевич (кој е од истото село).