Иван Несторовски
Иван Несторовски (17 март 1921 – Скопје, 17 февруари 1976) — македонски геолог и редовен професор на Институтот за географија при ПМФ во Скопје.
Животопис
Несторовски е роден на 17 март 1921 г. во дебарското село Тресонче. Дипломирал и докторирал по геологија на Рударско-геолошкиот факултет’ во Белград. Покрај педагошката активност на факултетот, каде што држел настава по општа геологија и петрографија, бил еден од пионерите на македонската геологија и многу активен во научноистражувачката дејност од областа на регионалната геологија. Зел учество во изработката на Основната геолошка карта на СФРЈ 1:100.000 (за листовите Охрид, Крушево, Гостивар), а реализирал и повеќе проекти од оваа област.
Библиографија
Несторовски е автор на повеќе дела:
Геолошкиот состав и тектонскиот склоп на терените на Сува Гора–Осој–Групчин–долината на Треска, „Трудови на Геолошки завод на СРМ“, св. 10, Скопје, 1963.
Појави на јаглен во реонот Катланово – скопско и негово значење, Скопје, 1974
Стратиграфска положба на слоевите од профилот „Кремен II“ на планината Стогово (Западна Македонија), Скопје, 1960
Претходно соопштение за стратиграфијата и тектониката од Бистра-Стогово-Кораб-Дешат (Западна Македонија), Скопје, 1960
Геологија на поширока околина на Лазарополе и Дебар, Скопје, 1968
Тектоника на планината Бистра, Стогово и Кораб со Дешат, Скопје, 1969
Магматски карпи на Бистра, Стогово и Дешат, Скопје, 1970
Инженерско-геолошки услови за градење на ХЕЦ „Бошков Мост Дебарско, Скопје, 1971