ЖИВОТИНСКИОТ БИОДИВИРЗИТЕТ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ТРЕСОНЧЕ
Вкупниот број на досега познати видови од васкуларната флора за територијата на Тресонче и околината, како составен дел на Националниот Парк Маврово, изнесува 1,435 видови. Од нив, дури 404 видови и подвидови се вклучени во категоријата на лековити растенија. Биогеографски, територијата на Националниот Парк Маврово претставува матично подрачје за развој на бројни орео-тундрални (аркто-планински) и северни (бореални) флористички елементи.
Покрај високата биодиверзност на видови, вториот најзначаен аспект на флората во Националниот Парк Маврово е релативно високото ниво на ендемизам, со присуство на 13 ендемични видови, како и ретки растителни видови (29 видови), кои на територијата на Република Македонија се регистрирани само во Националниот Парк Маврово.
Во однос на биолошката разновидност, Националниот Парк Маврово се одликува со висок степен на видов диверзитет. Флористичките и фаунистичките елементи со понто-медиранско биогеографско потекло се доминантни, а потоа следува комплексот на видови со бореално или сибирско потекло и орео-тундралниот (аркто-планински) комплекс. Реликтниот алео-планински подкомплекс на видови е многу поброен во споредба со подкомплексот на видови со Арктичко (Тундрално) потекло, додека комплексот на видови со еремијално потекло (степи/полупустини/пустини) е помалку застапен.
Анализата и валоризацијата на компонентите на биодиверзитетот е извршена врз основа на бројни репрезентативни таксономски групи, вклучувајќи вкупно 3,757 таксони (видови и подвидови), меѓу кои:
-
Алги – 78
-
Габи – 661
-
Лишаи – 151
-
Растенија – 1,473
-
Инвертебратна фауна – 1,172
-
Риби – 8
-
Водоземци – 11
-
Влечуги – 24
-
Птици – 129
-
Цицачи – 50
Според Директивата за живеалишта, законски се обезбедува заштита за 20 видови (8 видови инвертебрати, 2 вида водоземци, 3 вида влечуги и 7 видови цицачи), кои се од интерес за Унијата и за чија заштита треба да се определат Посебни подрачја за заштита. Строга законска заштита (Annex IV) се обезбедува за 45 видови (1 вид растение, 7 видови инвертебрати, 6 видови водоземци, 18 видови влечуги и 13 видови цицачи). Директивата за дивите птици (Directive 2009/147/EC) обезбедува законска заштита за 19 видови птици, за кои е потребно да се определат „Подрачја за Посебна Заштита (Special Protection Areas – SPAs)“ на територии кои се најпогодни за нивните природни живеалишта (Annex I).
Седум (7) видови птици од Annex I и еден (1) вид од Annex II се класифицирани како Ранливи видови според Европскиот статус на закана на популациите на птици (European Threat Status – ETS). Два (2) вида птици се во категоријата SPEC1, а седум (7) видови се во категоријата SPEC2 според SPEC: Species of European Conservation Concern (Видови со европско значење за заштита).
На глобално ниво, IUCN Црвената Листа на видови под закана (2011) вклучува пет (5) видови, сите во категоријата Ранливи (VU – Vulnerable), меѓу кои три видови од инвертебратната фауна: Astacus astacus, Austropotamobius torrentium и Parnassius apollo; еден вид од влечугите: Vipera ursinii и еден вид од цицачите: Dinaromys bogdanovi.
На територијата на Националниот Парк Маврово се забележани вкупно 15 ендемични таксони (видови и подвидови), од кои: растенија (13), инвертебратна фауна (86), риби (3), водоземци (3), влечуги (5) и цицачи (5). Од вкупниот број ендемични видови и подвидови (115), 58 се локални/национални ендемити, додека останатите 57 се балкански ендемити.
ЦИЦАЧИ
Цицачи на подрачјето на Тресонче
Во околината на Тресонче, низ неговите дабови и букови кории, се среќаваат голем број видови растенија и животни, карактеристични за македонското поднебје. Како дел од Националниот Парк „Маврово“, на планината Бистра, во атарот на селото, се изградени две ловочуварски куќи во кои има 24-часовно присуство на шумари, и тоа во текот на сите денови во годината. Ова присуство на властите е резултат на богатството на животинскиот и растителниот свет, кој вклучува мечки, дивокози, диви свињи, срни, лисици, волци, букови и дабови дрва, како и пастрмка во Тресонечка Река.
На високите врвови над селото, на пролет и во текот на летото, изникнуваат растенија како зелениот планински чај, мајчината душица, камилицата, кантарионот, шипките, малините, шумските јагоди, дивите сливи, јаболката и габите. Нивниот квалитет е исклучително висок поради незагаденоста на околината, каде не постојат индустриски или рударски капацитети, ниту поголеми сообраќајници.
Пристапот до околните планински локации е исклучиво без употреба на моторни возила, што го одржува квалитетот на воздухот на највисоко ниво.
Во следните редови, ќе бидат дадени основни податоци за видовите животни и растенија кои живеат во атарот на Тресонче.
Мечка ( Ursus Arctos )
Кафеавата мечка е една од најраспространетите животни од фамилијата на мечки во Европа и може да се сретне скоро во целата северна хемисфера на светот. Се среќава и во планините околу Тресонче особено во повисоките предели и по речната долина.
Кафеавите мечки се големи цицачи чија големина варира во зависност од животната средина. Нејзината просечна големина изнесува 100 см кога е на сите четири нозе, додека должина на телото и е просечно околу 200 см . Просечната тежина изнесува 150 – 375 кг и е со просечен животен век од околу 25 години. Шепите се со кафеава боја и целото тело и е покриено со густо крзно. Воглавно мечките во околината на селото се вегетеријанци и јадат вооглавно сливи, јаболки, капини, малини, разни корења, лешници од сите облици, тревки и др. Но, исто така се храни и со риби, различни инсекти, мравки, разни мали цицачи и др. Сепак, низ годините во реонот на Тресонче се забележуваат и месојадни мечки кои од време на време причинуваат штети на добитокот.
Кај нас живее кафената мечка која се соочува како во Европа така и кај нас со опасноста од целосно нејзино исчезнување. Нејзиното живеалиште – шумите се се позагрозени, а со тоа и самата мечка. Овој вид мечка во Македонија е застапена во трите национални паркови, забранета е за ловење, но нејзиниот број и понатаму се намалува.
Рис ( Lynx Lynx )
Рисот е доста редок жител на планините околу Тресонче. Не е забележан случај оваа дива мачка да предозвикувала проблеми за стоката или на жителите. Има сивкасто крзно со црни дамки со кратки краеви. Неговите долги нозе и големи стопала се прилагодени за ладни клими, така што во зимски услови не пропаѓа во снегот при движење.
Негови живеалишта се планинските и шумските региони подалеку од селото, иако неколкупати рис бил среќаван и во околината на селото. Поголемиот дел од денот го преспива. Рисот се храни со ловење различни цицачи, но омилени му се младенчињата на срните. Тој лови со помош на гледање и звук и е успешен скоро во секој 6-ти обид, а обично се храни навечер. Неговото тело просечно е долго 80-130 сантиметри, има тежина 18-35 кг и е со просечен животен век од околу 17 години.
Дивокоза ( Rupicapra Rupicapra )
Дивокозата е прекрасен жител на планинските врвови околу Тресонче, особено на врвот Брзовец. Живее на доста непристапни карпести терени над селото, но некои примероци слегуваат и во самата тресонечка котлина. Денес дивокозата на Брзовец се соочува со енормно намалување на нејзиниот број поради што е потребна нејзина целосна заштита.
За таа цел над селото има изградено шумарска куќа од каде секојдневно се внимава на ловокрадци. Дивокозата речиси во текот на целата година е забранета за отстрел, а казната за ловокрадство на ова животно изнесува околу 800.000 денари или до 2 години затвор.
Срна ( Capreolus Capreolus )
Срната се среќава во шумите околу Тресонче. Ова животно е нежно и омилено меѓу љубителите на природата и децата, но, за жал, омилен плен е на ловците, како кај нас така и на други планини во земјава. Во Македонија е трајно забранет ловот на ова животно, а особено на Бистра чија територија влегува во границите на националниот парк “Маврово”.
Денес во Македонија нивниот број изнесува околу 10.000 примероци. Срната е преживар и се храни исклучиво со растителна храна. Телото на срната е грациозно, елегантно и хармонично градено. Нозете им се тенки и долги. Бојата на влакната има црвеникаво – портокалова нијанса во летниот период, а во зима преминува во костенливо – пепелава.
Волк ( Canis lupus )
Волкот е познат месојадец, со сивкаста боја, висок околу 80 см. и долг до 1,5 метри. Доста чест посетител на тресонечкиот атар. Бројот на волците е поголем во зимскиот период, ког а се случува да заколат некое домашно животно, но тоа се случува и на лето. На зима волците живеат во чопори, напаѓајќи ја стоката, особено овците со што им нанесуваат големи штети на жителите во овие краеви. Но, во последно време поради општото мислење за него како штетник, волкот е изложен на истребување.
Познавачите на животните опоменуваат дека на волкот му се заканува изумирање. Поради ваквото мислење за него тој е подложен на масовен лов, поради што тие се повлекуваат се подлабоко во шумите. За отстрел на волк, националниот парк “Маврово” исплаќа награда до 1.000 денари. Во реонот на Тресонче во изминатите децении не се отстрелани повеќе од три-четири волка.
Лисица ( Vulpes vulpes )
Во реонот на Тресонче се среќава и лисицата. Иако нивниот број не е голем колку во други области во земјава, не може да помине вечер, а доколку излезете низ шумите, да не чуете или видите барем една. Се хранат со помали животни и мрши. Честопати слегува и низ селото претура низ селските буништа. На зима има доста квалитетно и рујно крзно, па понекогаш е цел на ловците.
Дива свиња ( Sus scrofa )
Присуството на диви свињи во шумите околу селото во последните години е значително намалено, речиси сведено на минимум. Ваквиот пад на нивниот број во тресонечкиот атар, шумари те го толкуваат како резултат на немање храна. Суровата планинска клима честопати на пролет ги уништува желадите и јаболкниците, така што дивите свињи заминуваат на други реони низ Македонија. Овие животни можат да се сретнат по околните ридови, особено навечер. Се хранат со диво овошје, желади и корења. Женката (маторицата) може да роди и над 10 прасиња, но мал дел од нив преживуваат.
Во реонот на Тресонче се среќавале примероци на самјаци (вепри) тешки и до 250 кг со црни влакна и долги трофејни заби. Во текот на годината (особено зиме) ловците од ова, но и од околните села, Селце и Росоки, се собираат на хајка на диви свињи, но веќе неколку години бројот на отстрелани примероци е доста низок.
ПТИЦИ
Птици на подрачјето на Тресонче
Фауната во опкружувањето на Тресонче е извонредно разнолика и изобилува со многу интересни видови птици. Тие не само што ја збогатуваат еколошката вредност на регионот, туку и ја прават природата непроценлива во својата разновидност и баланс. Некои од најзначајните птици кои се среќаваат во ова поднебје вклучуваат:
Сив Сокол (Falco peregrinus)
Овој неверојатен ловец е познат по својата брзина и способност за лов во воздухот. Најбрзата птица на светот, која може да достигне неверојатни 320 км/ч при падот, а во Северна Америка дури и 389 км/ч. Сивиот сокол се храни главно со други птици, како гулаби и патки, ловечки во својот карактеристичен пад од височина. Мажјакот е помал од женката, а во Македонија се среќаваат два подвида: номиналниот (F.P. peregrinus) и медитеранскиот подвид (F.P. brookei).
Орел Крсташ
Оваа импресивна птица се одликува со својата големина и уникатна способност да се адаптира на различни услови. Се храни со глувци, змии и други малки цицачи, а гнезди на високи дрвја или електрични столбови. Иако орелот крсташ игра важна улога во природниот екосистем, сега се соочува со загрозеност поради модерните промени во животната средина.
Златен Орел (Aquila chrysaetos)
Една од најголемите дневни грабливки, златниот орел е познат по својата величествена појава и ловечка техника. Женките достигнуваат поголема тежина од мажјаците, и често се забележани на планинските масиви. Овој вид може да достигне возраст од 50 години, што го прави еден од најдолговечните орли.
Шумски Ут (Strix aluco)
Планинската улулајка, со својот кафени перјен изглед, е ноќен ловец кој се храни со глодари и понекогаш птици. Оваа птица не се преселува и се смета за многу територијална. Неговите асиметрични уши му помагаат да лови во тишина и темнина, правејќи го ефикасен ловец и предатор.
Голем Ушест Був (Bubo bubo)
Еден од најголемите и најсилните среди на утки, големиот ушест був е познат по својата способност да лови ноќе и да се адаптира на различни животни средини. Неговата рика е едно од најпознатите и најдлабоките во природата, што им дава на ловците многу важни индикации за нивната територија.
Степска Еја (Circus macrourus)
Степската еја е преселница која лови во низок лет, адаптирајќи се на различни климатски и еколошки услови. Со својот полови диморфизам, мажјакот и женката изгледаат различно, а оваа птица игра важна улога во контролата на бројот на глодари.
Жолтоклуна Галка (Pyrrhocorax graculus)
Оваа акробатска птица се одликува со своите брзи летови и сјајното црно перје. Жолтоклуната галка има уникатен начин на гнездење, најчесто во дупки во карпи или напуштени објекти, и е позната по својата прилагодливост на живот во планините.
Селска Ластовичка (Hirundo rustica)
Можеби најпознатата и најраспространетата од ластовичките, оваа птица се карактеризира со сино-црни горни делови и долги опашни перја. Летот на селската ластовичка е елегантен и акробатски, а нејзиниот радосен повик е често слушан во летните месеци.
РИБИ
Рибен фонд во Тресонечка река
Помеѓу богатиот и разноврстен биодиверзитет во Тресонче, особено значајно е присуството на слатководни риби кои се однесуваат на Тресонечка и Мала Река, кои се дел од важната речна мрежа на Радика. Меѓу најзначајните видови риби кои го насочуваат вниманието на риболовците и биолозите се:
Радичка пастрмка (Salmo farioides)
Радичка или мавровска пастрмка е слатководна риба од видот Salmonae.
Во Македонија е распространета во Тресонечка река како и останатите притоки на Радика и Мавровското езеро и во други помали водотеци.
Според Караман (1937) ја има во сите води што се вливаат во Јадранското Море. Популацијата на пастрмката во Мавровската популација потекнува од популацијата на пастрмката затечена во преградениот Мавровски поток и неговите притоки при оформувањето на Мавровското Езеро во 1953 година.
Како резултат на изменетите животни се појавила и некоја морфолошка разлика меѓу пастрмката од реката Радика и од Мавровското езеро, од кои статистички значајни се оние во однос на пречникот на окото и ширината на горната вилица. Забите на ралото се наредени цик-цак линија. Муцката е многу зашилена. Покрај црните флеки, кои се почести, има и црвени. Црните се многу густо распоредени и тие имаат различна големина. Бројот на пилорични придатоци изнесува просечно 42, а варира од 36 до 50. Единките од Мавровско Езеро имаат просечно 45,3, а тие од реката радика 48,2 пилорични израстоци. Бројот на лушпи во страничната линија кај мавровските примероци варира од 99 до 117 (средно 108,4), а кај речната форма од р. Радика од 106 до 128 (средно 118,47 – Сидоровски, 1960). Достигнува должина до 61 cm.
Полови карактеристики
Оваа пастрмка се мрести главно во првата половина на декември (инаку од ноември до јануари, па и февруари).
Пречникот на икрата се движи меѓу 3,70 и 4,82 mm, а во просек изнесува 4,4 mm.
Апсолутната плодност на женките од Мавровското Езеро просечно изнесува 2.731, а од реката Радика 396 зрна икра, додека релативната плодност е скоро еднаква кај обете форми: 3.396, односно 3.437 зрна икра.
Позитивна корелација помеѓу должината и масата на рибите-од една страна и апсолутната плодност-од друга страна постои кај обете форми, како што постои и негативната корелација меѓу должината и масата-од една и релативната плодност-од друга страна кај двете форми.
Главатица (Salmo marmoratus)
Главатица е вид на слатководна риба од фамилијата Salmonidae, вториот најголем вид на европска пастрмка, помал само од huchen (Hucho hucho).
Телото достигнува големи размери: должина до 140 cm и маса од 30 kg. Примероци од 10 до 20 kg не се ретки. Телото е издолжено и валчесто. Главата е релативно голема, усниот отвор голем, во устата се наоѓаат силни заби. Окото е релативно мало-неговиот дијаметар се содржи 5,5 до 7,5 пати во должината на главата. Меѓуочниот простор е голем од 1,7 до 2,0 очни дијаметра, а исто така и предочното растојание. Горно виличната коска достигнува до под задниот раб на окото и во својот заден дел е нешто поширока. Бројот на пилорични израстоци варира од 41 до 71. Диплоидната хромозомска гарнитура ја сочинуваат 84 хромозоми. Многу карактеристична е бојата на телото. Во основа таа е румено сива до темно зеленкаста, но со многубројни темни полиња. Стомакот и е бел. Шарите на главата имаат изгледа на неправилно извиени пруги, што на главата и даваат мермерен изглед, по што рибата го добила името. Црвени и црни петна по телото, вообичаени кај другите салмониди овде нема. Помладите примероци се разликуваат по бојата од постарите и тоа повеќе отколку кај кој било друг салмониден вид риба кај нас.
Главатицата ги населува просторните води; најмногу се задржува на вировите а ретко оди во поплитките води. Грабливка е што претежно се храни со други риби. Се мрести од ноември до јануари. Се мрести на чакалеста подлога во реките. Атрактивна е за спортски риболов, за која цел вештачки се мрести и одгледува. Се лови најдобро пред вечер и во рана зора, со блинкер и цврст прибор. На сезона е пролет и доцна есен. Помали примероци се ловат во август на големи мушички или крупни скакулци. За да се достигната длабчините каде што се задржува потребен е поголем и потежок блинкер, кој се влече косо низводно. Одличен мамец е и плетенката (copf). Кај нас ја населува реката Радика, а пошироко се среќава во реките на Јадранскиот слив. Освен на балканот живее само во некои реки и езера во северна Италија (притоки на реката По, езерата Лаго Магоре и Комо и во некои води во Фурландија).
Црна мрена (Barbus)
Телото на црната мрена има вретенест облик. Главата и е сплосната, а на горната усна има два мали бркови. Бојата на телото и зависи од местото во кое живее и најчесто е сивкаста, жолтеникава, или зеленкаста. Долж своето тело и на перките има многу темни точки, по што е препознатлива и поради што понекогаш ја мешаат со помалите кркушки. Стомачниот дел и е бела боја.
Големина, распространетост и навики
Црната мрена ги населува пред се поголемите и помалите реки и поретко и езерата.krkuska
Во пролет и лето најчесто се движи во поплитките делови на водата, на места со камено и песокливо дно. Во есен и зима се повлекува во подлабоките делови од водата со песокливо дно или дно со тиња. Често може да се сретне во друштво со кленот и белата мрена. Ги избегнува затревените места од водата.
Црната мрена е права денска риба, која денски е доста активна, а навечер лежи на дното. Таа е риба која се движи во јато и пред се по дното на реката или езерото. Кај нас достигнува големина од 25-30 см и тежина од 300-500 грама
За разлика од црната мрена, кркушката (Gobio), како што најчесто риболовците ја нарекуваат поточната мрена, е ситна риба, која најчесто не престигнува повеќе од 15сантиметри, но е доста популарна, како кај поискусните рибари (за да ги подобрат своите рефлекси), така и кај почетниците, затоа што цело време е гладна и не е многу тешко да се улови.
Размножување
Црната мрена се мрести во Мај и Јуни кога женката ја лепи икрата на водните растенија.
Кркушка (Gobio)
Мала риба, слична на црната мрена, која не расте повеќе од 15 cm. Популарна е кај почетниците во риболов, благодарение на нејзината агилност и леснотијата со која се уловува.
Сите овие видови не само што ги красат водите на Тресонче и околината, туку претставуваат и важен дел од локалниот еколошки систем, а исто така се важни за спортскиот риболов, што привлекува многу љубители на природата и авантуристи.
ВЛЕКАЧИ
Влекачи на подрачјето на Тресонче
Природата околу Тресонче и Македонија е дом на разновиден фаунистички свет, кој вклучува и некои од најопасните, но и најинтересни животни во Европа. Меѓу нив, од големо значење се некои видови змија, кои се претставени со уникатни карактеристики и навики. Тие играат важна улога во екосистемите во кои живеат, но и ги привлекуваат вниманието на љубителите на природата, како и на тие што се запознаваат со нивната опасност. Еве неколку од најпознатите видови змија кои се среќаваат во овој регион:
Поскок или камењарка (Vipera ammodytes)
Поскокот, познат и како камењарка, е змија од семејството на отровниците (Viperidae), која живее на Балканскиот Полуостров, јужна Европа и делови од Блискиот Исток. Овој вид се смета за една од најопасните змији во Македонија и Европа, поради големината, длабоките и долги заби (до 13 мм), како и силата на отровот. Поскокот има пет подвида и е познат по својата специфична форма на муцката, која завршува со острица, позната како рокче.
Должината на оваа змија може да достигне до 95 см, иако пообично е околу 85 см. Женките се малку поголеми од мажјаците, и тие што живеат во северните краишта обично се поголеми од јужните. Главата е прекриена со неправилни лушпи, и има карактеристичен изглед на муцката која ја издигнува над клунената лушпа.
Поскокот е активен најчесто во пролет и есен и се храни со различни животни, вклучувајќи и помали сисари и птици. Иако опасен, поради неговата способност за маскирање и повлекување пред опасност, не претставува голема закана за луѓето, освен ако не се потресен и во дефанзивна позиција.
Ридска желка (Testudo hermanni)
Ридската желка е медитерански вид кој се наоѓа на Балканот и делови од Апенинскиот Полуостров. Во Македонија, овој вид е претставен со подвидот “boettgeri”, кој е балкански ендемит. Живеат во светли шуми, ливади и ридови обраснати со жбуње и растенија. Женките ги несат јајцата во ровит песок, каде што младите се развиваат благодарение на топлината. Овој вид е под заштита и се смета за ранлив поради неговиот ограничен дистрибутивен ареал.
Планинска гуштерица (Lacerta agilis)
Гуштерот планинска гуштерица е присутен низ речиси цела Европа. Мажјаците сезонски позеленуваат во текот на пролетта за време на парењето. Женките ги несат јајцата на сончеви места, а младите се развиваат во песокот, без потреба од дополнителна грижа.
Планински смок (Coronella austriaca)
Планинскиот смок е присутен во поголемиот дел од Европа, но претежно во планинските области. Овој вид е дневен, но често избегнува екстремни температури и често е активен на поладните часови на денот. Смокот има мирен темперамент и флегматичен начин на движење.
Шарка (Vipera berus)
Шарката е широко распространета и лесно препознатлива змија по својата кратка опашка и специфичната шема на боја со темни пруги на грбот. Иако нејзиниот отров не е многу силен, се смета за опасна поради можноста за фатални последици ако не се интервенира веднаш по каснувањето.