ТРЕСОНЕЧКИ КАЊОН
Селото е опкружено со голем број на интересни морфолошки форми: речни долини, клисури, водопади, карстни полиња, ували, вртачи, пештери, циркови, глацијални езера, разни видови на денудациони облици и сл. Најголем број од овие форми се застапени во околината на Тресонечки Кањон кој се простира по течението на Тресонечка река, на 4 километри источно од село Тресонче во еколошки најчиста средина. Водата од реката се пие, а нејзината просечна температура е околу од 4°C до 6°C. Долж кањонот во должина од 2 km се сретнуват единаесет водопади. Водата од водопадите паѓа од различна височина. Најмалиот пад на водата е од 3-4 метри високите карпи, а најголем и секако највозбудлив е Тресонечки Водопад каде што водат паѓа од висина од 38 метри. До секој од нив се пристапува на исти начин.
Официјално водопадите се откриени од страна на алпинистите и спелолозите кои одттогаш во голем број ги посетуваат и истражуваат претставници на овие групи од цела Европа.
Прекрасните водопади заобиколени со богато зеленило не се единствениот предизвик за спелеолозите. На овој реон се наоѓаат три пештери познати под имињата Горна и Долна Алилица и Англиски канал. Два од трите отвора се наоѓаат еден над друг. Горниот отвор е откриен уште во 1975 година. Во него има јама долга 90 метри. По спуштањето на оваа јама, се влегува во долната пештера, а овој систем првпат е спуштен во 1998 година. Втората пештера, поточно долниот отвор, е достапен и за посетители. Третиот отвор, Англиски канал, наречен по Англичаните кои во 1998 година, првпат влегле во него и го пробиле, е полн со вода. Вистинско возбудување е поминувањето на тие 120 метри, кога само лицето ти е надвор од водата.
Овде е многу ладно и тешко, но за оние кои уживаат во тоа, ова е навистина убаво доживување. И овој дел се спојува со двата други отвора”- има изјавено познатиот спелеолог Никола Анѓелов од Македонското спелеолошко друштво „Пеони“.
Во вој комплекс од три хоризонтални спелеолошки отвори, спелеолозите си имаат своја кафе-сала, каде што се одмораат и си прават топло кафе или чај. Внатрешноста на пештерата е со прекрасни канали со пештерски украси, а еден од накитите на пештерата наликува на силуета на девојка. По ова спелеолозите овој дел го нарекуваат женска бања.
ВОДОПАДИ
ВОДОПАДИТЕ НА ТРЕСОНЕЧКИ КАЊОН
Водата од водопадите паѓа од различна височина. Најмалиот пад на водата е од 3-4 метри високите карпи, а најголем и секако највозбудлив е Тресонечки Водопад каде што водат паѓа од висина од 38 метри. До секој од нив се пристапува на исти начин. Официјално водопадите се откриени од страна на алпинистите и спелолозите кои одттогаш во голем број ги посетуваат и истражуваат претставници на овие групи од цела Европа.
ПЕШТЕРИ
КОМПЛЕС НА ПЕШТЕРИ ВО ТРЕСОНЕЧКИ КАЊОН
На овој реон се наоѓаат три пештери познати под имињата Горна и Долна Алилица и Англиски канал. Два од трите отвора се наоѓаат еден над друг. Горниот отвор е откриен уште во 1975 година. Во него има јама долга 90 метри. По спуштањето на оваа јама, се влегува во долната пештера, а овој систем првпат е спуштен во 1998 година. Втората пештера, поточно долниот отвор, е достапен и за посетители. Третиот отвор, Англиски канал, наречен по Англичаните кои во 1998 година, првпат влегле во него и го пробиле, е полн со вода. Вистинско возбудување е поминувањето на тие 120 метри, кога само лицето ти е надвор од водата.