Единаесет водопади на Тресонечка река

by | Apr 2, 2016 | водопади

Македонија има многу убавини. Само треба да имате желба да ги запознаете. А во меѓувреме љубителите на убавата природа ќе го прават тоа наместо вас. Можеби спелеолозите се едни од ретките кои виделе голем дел од богатството во Македонија, а истовремено и откриле нови дела на природата.

Тресонечка река - извор Син ВирЗа една таква убавина овојпат раскажува спелеологот Никола Анѓелов. Тој говори за она со што плени Кањонот Тресонче, на Тресоначка Река, затскриен зад зеленилото меѓу Лазарополе и Галичник. “Ова е еколошки најчиста средина. Водата од реката се пие, а нејзината просечна температура е околу 6-7 Ц”- беше првиот податок за реката што ни ја кажа Никола. Тој и неговите пријатели селеолози, редовно го посетуваат овој Кањон, од причина што 11-те водопади се голем предизвик за нив. Водата од водопадите паѓа од различна височина. Најмалиот пад на водата е од 3-4 метри високите карпи, а најголем и секако највозбудлив е оној каде што водат паѓа од висина од 38 метри. Единаесетте водопади се распространети на должина од 1,5 километри.  “Ние ги обработивме сите водопади. До секој од нив се пристапува на исти начин. Со помош на закованите клинови и јажиња се спуштаме по самото течение на реката. Поради малата должина на Кањонот и малото растојание од водопад до водопад, овој дел според светските стандарди во спелеологијата, е оценет со 2, што е релативно ниска оценка” – објаснува Никола, кој со колегите од Спелеолошкото друштво “Пеони” 940944_809007092544666_1863948544000522113_nги има пробиено правците за спуштање по водата. Тој раскажува дека при спуштењето се носат цели транспортни вреќи, што ја зголемува нивната тежина. Тоа претставува опасност за потонување во делот под водопадот, каде што има длабочина од 3 метри. Затоа, вели тој, тие настојуваат да не се спуштат директно во студената и длабока вода. “Ова не не` одушеви само нас. Ги однесовме нашите пријатели од Франција, кои уживаа во убавините на природата и предизвикот на водопадите”- додава спелеологот, кој кажува дека првото пробивање на овој Кањон го имаат направено алпинистите, меѓутоа се работи за патеки кои се движат по карпите настрана од водата.  Но, прекрасните водопади заобиколени со богато зеленило не се единствениот предизвик за спелеолозите. На овој реон се наоѓаат три пештери познати под имињата Горна и Долна Алилица и Англиски канал. Два од трите отвора се наоѓаат еден над друг. Горниот отвор е откриен уште во 1975 година. Во него има јама долга 90 метри. Никола вели дека по спуштањето на оваа јама, се влегува во долната пештера, а овој систем првпат е спуштен во 1998 година. Втората 1518_805948936183815_8094463775764486533_nпештера, поточно долниот отвор, е достапен и за посетители.  Третиот отвор, Англиски канал, наречен по Англичаните кои во 1998 година, првпат влегле во него и го пробиле, е полн со вода. Никола вели дека вистинско возбудување е поминувањето на тие 120 метри, кога само лицето ти е надвор од водата. “Овде е многу ладно и тешко, но за оние кои уживаат во тоа, ова е навистина убаво доживување. И овој дел се спојува со двата други отвора”- додава Никола. Во вој комплекс од три хоризонтални спелеолошки отвори, спелеолозите си имаат своја кафе-сала, каде што се одмораат и си прават топло кафе или чај. Според кажувањата на спелеологот од “Пеони”, има прекрасни канали со пештерски украси, а еден од накитите на пештерата наликува на силуета на девојка. По ова спелеолозите овој дел го нарекуваат женска бања. Ова е само едно од многуте патешествија на спелеолозите низ Македонија. Тие имаат доживеано многу такви и несебично ги пренесуваат на нашите читатели. Но, навистина, не е лошо тоа да се види и со свои очи.

Напишано од Билјана Зафирова во Вечер

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Единаесет водопади на Тресонечка река

Македонија има многу убавини. Само треба да имате желба да ги запознаете. А во меѓувреме љубителите на убавата природа ќе го прават тоа наместо вас. Можеби спелеолозите се едни од ретките кои виделе голем дел од богатството во Македонија, а истовремено и откриле нови дела на природата. За една...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

January 2025
M T W T F S S
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ