Црква Света Петка

Црква „Св. Петка“ е една од четирите светилишта  село Тресонче. Се наоѓа крај патот што води кон селото Селце. Параклисот се наоѓа во близина на вливот на Селечка и Тресонечка река, каде што се наоѓа голема ливада, користена за спортски и рекреативни цели од страна на локалното население.

Црквата е изградена во текот на доцните години на XX век. Местото на кој е изграден параклисот е поврзано со локална легенда. Параклисот е отворен и се употребува претежно лето и на барање на жителите.

Црквата се наоѓа под закана за нејзино потопување, како и нејзините околни гробишта поради најавениот проект за хидросистемот „Бошков мост“, кој предвидува изградба на брана во близина на селото Тресонче на Тресонечка река, со што се очекува црквата да биде потопена.