Андреја Дамјанов

Оставајќи зад себе околу 40 архитектонски дела, Андреја Дамјанов е најплодниот градител од фамилијата Рензовски-Дамјанови. Тој истовремено се афирмира и како најпознат мајстор од Македонија во текот на 19тиот век и е еден од најпознатите градители на балканскиот полуостров во тоа време.

Делото на Андреја Дамјанов претставува афирмација на градежништвото во Македонија кое во 19тиот век било многу развиено. Тој бил творец меѓу останатите градби и на големиот православен соборен храм Света Богородица во Скопје (запален од бугарските фашистити во 2рата светска војна), импозантниот манастир Св. Јоаким Осоговски близу К.Паланка, црквата Св. Пантелејмон во Велес и други.

Неговото име денеска го носи најпрестижната награда во областа на архитектурата во Р.Македонија, а патрон е и на Архитектонскиот факултет при универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Потеклото
Великанот Андреја Дамјанов потекнува од тресонечкиот род Рензовци-Дамјанови, род кој во мајсторкиот занает оддржувал и негувал повеќе децении, предаван од колено на колено и од кој потекнуваат голем број познати мајстори-градители, копаничари, зографи и уметници.
Прадедото на Андреја, Сиљан Рензовски, бил познат мајстор и со својата тајфа градел објекти низ целиот балкански полуостров (особено низ Тракија, Едрене, Цариград)
Синовите на Сиљан, Јанкула и Стефан, исто така работеле како градители во Солун, Драма, Кавала, Сер (Серез) и Измир.
Синот на Јанкула, Дамјан градел цркви во околината на Солун, во Самоков и Пловдив, по селата во Овче Поле, околу Гевгелија и др.

Во Скопје тој ја почнал градбата на соборниот храм Пресвета

 

Св. Богородица – Скопје

Богородица (скица десно), што ја завршуваат неговите синови во 1835 год. Со овој објект, голем по своите димензии и со базиликален тип на основа, мајсторот Дамјан-таткото на Андреја, се афирмира како мајстор со голема способност во решавањето на сложените архитектонско конструктивни предизвици.
Дамјан имал 4 сина – Ѓорѓи, Андреја, Коста и Никола. Постариот брат на Андреја, Ѓорѓи Дамјанов бил зограф а другиот брат Никола бил копаничар додека третиот брат Коста Дамјанов работел и како мајстор-градител и како зограф. Сите четворица браќа работеле во една Тајфа но меѓу нив најмногу се истакнувал Андреја. Тој го превземал раководството на тајфата и околу 1850 се преселил од с. Папрадиште во Велес.

Андреја Дамјанов мајсторкиот занает го научил работејќи во тајфата на својот татко и уште како млад покажувал голема наклонетост кон градежништвото .
Првите години работел на изградба на цркви во Македонија. Потоа работел во Србија, и во Босна истотака на црковни и сакрални објетки, афирмирајќи се како способен градител и еден од најпознатите градители во тоа време на Балканот.
Неговото име станало познато низ цела југо-источна Европа, а за неговите градби пишувале странските патописци.

Работејќи заедно со својот татко во разни краеви од Македонија, Андреја имал можност да се запознае со богатото наследство на својата земја.
Запознавајќи ги така конструктивните, функционалните и обликовните елементи на нашата стара архитектура, тој ги проширил своите архитектонски знаења инспирирајќи се од творештвото на старите мајстори. Така тој ги инкопонирал своите нови архитектонски решенија и замисли кои биле базирани на искуството од домашната традицијонална градба.
Средновековните цркви и манастири се исто така големо влијание врз неговиот веќе препознатлив архитектонски стил од кои вградувал одредени елементи во композициите на неговите објекти.
Андреја Дамјанов не заостанувал ниту од модерните архитектонски движења на крајот на 19тиот век. Тој успешно ги вметнувал и барокните елементи заедно со византиските и традиционалните (локалните) со што создава симбиоза на три видно различни стилови во еден кој стнува негов-препознатлив стил (пример за тоа се црквите во Мостар и Смедерево).
Покрај верски објекти,Дамјанов градел и објекти од областа на профаната архитектура. Така, додека ја градел црквата во Сараево, тој изградил и голема касарна за потребите на турскиот аскер, а работел и на поправката на саат кулата во градот.
За горенаведената касарна, Дамјанов изградил модел од дрво со кој отпатувал во Цариград. Според преданието за оваа градба бил одликуван од самиот султан со орден, а стекнал и право да носи сабја.

Правосланите храмови – Надворешност (ентериер)

Поголемиот број на црквите што ги конструирал Дамјанов, решени се како трикорабни базилики со доста големи димензии со високо издигнати кораби, особено централниот. Меѓутоа, мајстор Андреја применувал и други типови основи. Така на пример, црквата Свети Ѓеорѓи во Смедерево е комбинација на базиликално решение со впишан крст и трикохонос со пет куполи и кула камбанарија на западната страна.
Со пет куполи се решени и црквите во Ниш, Сараево, Мостар… а со повеќе куполи централниот храм во манастирот Св. Јоаким Осоговски кај К. Паланка.
Изградбата на вака големи објекти, како што се соборните цркви, бара одредени техники и конструктивни познавања со кои Андреја Дамјанов се истакнува како одличен познавач на конструкциите и статиката која ја применува со доста храбри решенија кои се докажале до ден денес дека се издржливи.

Познат како докажан мајстор за градење сакрални обкети -цркви и манастири, Дамјанов бил повикан да ја продолжи градбата на мостарската црква. Оваа црква ја почнал некој мајстор со име Спасоје Вулич но бидејќи по 4 години градба почнале да пукаат столбовите, а подоцна и зидовите.
Андреја Дамјанов ја прифатил поканата и предизвикот и со неговата тајфа ја заздравел постојната конструкција и ја завршил црквата во 1872год.
Техничките познавања на Дамјанов доаѓаат до израз и при изградбата на цркви лоцирани на доста стрмни и тешко пристапни места со непогоден терен за градба, на пр. Црквата Св. Пантелејмон во Велес, манастирот Св. Јоаким Осоговски за кои создавал прво платоа за градба а потоа самите објекти ги вклопувал во непосредниот амбиент.

 

Пресек на храмот “Св. Пантелејмон”

Инаку, црквите ги гради од мешан материјал. Обемните зидови ги гради во камен или тула кои потоа главно се малтерисани. На пооделни објети во Македонија, апсидите и ќошињата на зградите се обработени во камен (Осоговскиот манастир, Св. Пантелејмон- Велес, Пресвета Богородица -Ново Село(штипско) и други.
Порталите, прозорските отвоти и завршните венци се обработувани исто така во камен, а при пооделни објекти зидани и малтерисани. За покривните делови на црквите употребувал дрвена рабиц конструкција во изградбата на сводовите и куполите. Лаците меѓу столбовите се изведувани во дрвена конструкција.
Интересно е да се наведе и начинот на изведбата на дрвените столбови во наосот кои се малтерисани и имитираат камен, што Дамјанов го применува во своите објекти. За да се добие кружен пресек, а истовремено и малтерот да се држи подобро, применувано е следново: на дрвениот столбец биле потиснувани летвички а потоа се обвиткувало дебело јаже преку кое се нафрлувал малтер. Со боење се тежнеело да се постигне имитацијата на камен.

Андреја Дамјанов посветувал големо внимание на естетското обликување на пооделните конструктивни детаљи.
Просторната пластика на неговите цркви главно е доста развиена, особено на оние во Србија. Примената на повеќе куполи и кула-камбанарија на западната страна исто така ја збогатува просторната пластика.
Во обработката на фасадните површини мајсторот Андреја особено внимавал.
Тоа е впечатливо во повеќе цркви во Србија како и во некој други. Тој обично по хоризонталата ги расчленувал фасадите со пиластри поставени помеѓу прозорските отвори, како и со самите прозорски отвори, при што се создавал ритам во композицијата на фасадните платна. Особено богато ги обработувал источните фасади на ти објекти. Апсидите се обично повеќестрано решавани, со витки колони на ивиците , а завршувањата со профилиран венец.
Под завршниот венец на некои цркви поставува фриз од слепи аркади на консоли (црквите во Смедерево и Ниш)

И овде при рачленувањето на фасадите, се применети елементи од средновековната архитектура, ренесансата и барокот. Некаде тие се поедноставни, почисти како при расчленувањето на фасадите на соборната црква во Ниш а на некои објекти се поразиграни.
Мајсторот Андреа посветувал посебно внимание и на обработката на порталите и прозорските отвори. Кај порталите видно е застапена рељефната пластика и тоа вегетабилната комбинирана со нешто пополна зооморфна пластика (претставување на животни ). Застапени се и барокни форми при кои доаѓа до израз одмереноста и прецизноста на обработката на каменот. Профилите се прецизно изведени, исто како и лисјата на капителите и разните претстави на фантастични животни

Со својата богата пластична обработка посебно се истакнуваат порталите во Мостарската црква како и западниот портал на црквата во Осоговскиот манастир.
Скулпортални претстави на ангели и животни сретнуваме и во украсувањето на апсидите (на пример во Осоговскиот манастир, црквата Св. Никола во Куманово и други).
Пластично се обработуваат во камен и прозорските отвори, потоа капителите, лаците на завршните венци. Рељњфната пластика е застапена и во декорирањето на капителите во внатрешноста на објектите изведена во дрво.

Православните храмови – Внатрешност (ентериер)

Во внатрешноста, црквите се доста пространи и делуваат импозантно, што е овозможено со големината на просторот и архитектонската обработка на внатрешноста
Со богатството на форми во ентериерот особено се истакмува обработката на западната страна каде што се издигаат галерии на два ката во разиграна и истовремено монументална барокна концепција. Тука би ги споменале галериите во црквата Цв. Пантелејмон во Велес и со соборната црква во Ниш, каде е достигнато најразвиено и најбогато просторно и декоративно решение во обработката на внатрешниот простор

Столбот како архитектонски елемент во внатрешната композиција на просторот е применет со одреден однос (тој е виток и има елегантна линија), така столбните композии придонесуваат за зголемување на импозантниот впечаток во внатрешноста на црквите.

Иако објектите што ги изградил Андреја Дамјанов не се сосема оргинални, тие како по својата архитектонска концепција, така и по архитектонската обработка, претставуваат најуспешни архитектонски остварувања од областа на сакралната архитектура во тоа време. Тоа го констатираат и странските патеписци од предминатиот век, кои црквите на Дамјанов ги вбројуваат меѓу најубавите и најголемите православни храмови на Балканот.

Така и самиот Мајстор Андреја станува уште попознат и пославен градител. Од неколкуте сочувани писма што му биле упатувани може да се види дека тој бил ценет, познат и баран мајстор и дека бил повикуван со група свои мајстори да презема градби по разни краишта на Балканот.

Од писмата и другата документација дознаваме и за називот со кој му се обраќале на мајсторот Андреја. Така , во писмото од 5 март 1868 год од Сараево го ословуваат како архитект јидарски, а во договорот пак за изградба на црквата во Ниш го ословуваат со первомајстор.

Самиот Андреја се потпишувал како мајстор, а во писмото во Мостар како архитектор.

Андреја како зограф

Значајно е да се спомене дека мајсторот Андреја, освен со градба на објекти се занимавал и со живопис, односно зографство. Така, на иконостасот во црквата Св. Пантелејмон во Велес е сочувана икона со потпис на Андреја, датирана со 1848 година, односно од времето кога работел и неговиот роднокраец познатиот Дичо Зограф од с.Тресонче.

Од Иконата која претставува лик на апостолот Тома, може да се видат и сликарските способности на Андреја Дамјанов и неговото чувство за бои и естетика.

И во областа на зографството, Дамјанов и неговите браќа се појавуваат како добри составувачи на веќе познатите сликарски техники. Имено тие се служеле со ерминија – ракописно упатство по кое ги работеле ликовите на светителите.

Смртта и делата

По долгогодишна творечка и напорна работа Андреја Дамјанов умира на само 65 годишна возраст во Велес некаде во втората половина на 1878 година. Погребан е на гробиштата кај црквата Св.Пантелејмон-Велес

За да добиеме појасна претстава за градежната активност на Андреја Дамјанов ги наведуваме хронолошки неговите дела по годината на градење:

Црква Пресвета Богородица во Скопје која Дамјанов ја работи со тајфата на својот татко во 1835 год.
*Овој храм по уништувањето се реконструира во 2004та година

Црква Св. Јован – Кратово 1836

Црква Св. Пантелејмон – Велес 1840

Црквата во Осоговскиот Манастир кај К.Паланка 1845

Црквата Св. Апостоли во Турековац 1845

Црква Пресвета Богородива – Ново Село (Штипско) 1850

Црква Св. Никола – Куманово 1851

Црква Св. Ѓеорѓи – Смедерево 1855