loader image
teo selo 650-600
previous arrowprevious arrow
next arrownext arrow

ИСТОРИЈА

Тресонче е едно од најстарите села во Македонија. Неговото име најнапред било Старо Село. За првпат се споменува во еден попис од 1467 година, a нешто подоцна во Тахрир дефтер бр. 4 од 1474 – 1476 година, каде се наведува како дервенџиско село. Првите зачувани записи за селото потекнуваат откако на територијата на Македонија се зацврстила отоманската империја. 

СВЕТИЛИШТА

Жителите на Тресонче биле православни верници уште од најраните денови на населувањето на Мијаците на планината Бистра. Близината на манастирот “Свети Јован Бигорски” отсекогаш вршел големо влијание врз воцрковувањето на жителите од Мала Река, а преку тој манастир Мијаците развивале и директни врски со светогорските манастири на Атос, а особено со манастирот “Зограв“ (“Свети Ѓорѓи”), каде во минатото се замонашувале голем број Мијаци и Македонци воопшто.

ЛИЧНОСТИ

Тресонче е село од каде се родиле и сe уште се раѓаат уметници, зографи, копаничари, свештеници, монаси, ќеаи, сточари, министри, академици, ѕидари, дервенџии и градоначалници, село на над 50 лекари, доктори на науки, магистри, книжевници, филолози, новинари, писатели, комунисти и демократи, значајни архитекти, правници, економисти, учители, војводи и војвотки, село на амбасадори, конзули и трговци.

ПРИРОДА

Тресонечките шуми се дел од националниот парк Маврово. Тој парк зазема простор од 73.088 хектари и најголем е од веќе прогласените национални паркови во Македонија. Во околината на Тресонче паркот ги зафаќа западните и централните делови на Бистра.

Тресонечки Кањон

По течението на Тресонечка река, на само 4 км иточно од Тресонче се наоѓа импозантниот “ТРЕСОНЕЧКИ КАЊОН” кого го красат богати и уникатни морфолошки форми од кои се истакнуваат единаесет водопади и три пештери…

ДИЧО ЗОГРАФ

Животот на Дичо Зограф, како и на многумина средновековни уметници, ќе биде обвиткан со ореолот на таинственост. Досега не е откриен неговиот лик меѓу божествените негови дела, а нема ниту пишана документација со која би се осветлил неговиот живот. Малкуте достапни пишани податоци не овозможуваат целосно да се расветли неговата личност.

Подвиг на Бистра: Спасени двајца вработени на мобилен оператор по цела ноќ во снежно „заложништво“

Зимата на планината Бистра уште еднаш ја покажа својата сурова страна. Изминатиов викенд, во атарот на нашето соседство, се одвиваше вистинска спасувачка драма која траеше повеќе од девет часа. Главни актери беа двајца теренски работници кои, извршувајќи ги своите работни обврски во екстремни...

Тресонче отсечено – паднати бандери ја исклучија струјата, патот од Гарски мост е премногу ризичен!

Од раните утрински часови, поточно од 05:00 часот по полноќ, жителите на село Тресонче, Селце, Росоки и околните населени места се соочуваат со целосен прекин во снабдувањето со електрична енергија. 🛠 Локација на дефектот и работа на ЕВН По контактирање на дежурните служби во ЕВН, добивме потврда...

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Невреме и тешко проодни патишта во западна Македонија

⚠️ Критична состојба на патиштата: Скопје-Тетово, Кичево-Охрид и Маврово-Дебар се тешко проодни поради невремето. Прочитајте ги деталите и советите за безбедно возење.

Известување за корекција на придонесот за вода и комуналии

Почитувани Тресончани, сопственици на имот и љубители на нашето село, Сакаме да ве информираме дека на последниот состанок на Извршниот одбор на Здружението на граѓани „Брзовец“, по детална анализа на состојбите и трошоците, донесена е неопходна одлука за корекција на износот на годишниот придонес...

Од инцидент до решение: нов објект за контејнерите во Тресонче

Во последниот период имавме неколку инциденти со посети на мечка, при што беше разрушувана заштитната ограда и дел од отпадот завршуваше во долот. Наместо да се помириме со проблемот, заедно најдовме трајно решение. Ново, безбедно место за контејнерите Со финансиска поддршка од АутоГруп, изграден...

ПОСЕТЕТЕ ВО ТРЕСОНЧЕ

ГОРНА АЛИЛИЦА

Пештерата се наоѓа на околу 4 километри од Тресонче во средината на планината Бистра, од десната страна на Тресонечка Река..

ДОЛНА АЛИЛИЦА

Пештерата се наоѓа на околу 4 километри од Тресонче во средината на планината Бистра, од десната страна на Тресонечка Река..

ТРЕСОНЕЧКИ ВОДОПАД

Тресонечки водопад е седми по ред од низата водопади по течението на Тресонечка река, чија што горна точка е на надморска височина од 1435 метри, додека долната е на 1397 метри. Неговата висина од 38 метри го прави нај импонзантен водопад во Кањонот Тресонче…

СИН ВИР

Водопадот Си Вир се наоѓа на 4 километри од Тресонче долж течението на  тресонечка река непосредно после пештерскиот комплекс „Алилица“…

СВЕТИ МЕСТА

Близината на манастирот “Свети Јован Бигорски” отсекогаш вршел големо влијание врз воцрковувањето на жителите од Мала Река

МЕМОРИЈАЛЕН ПАРК „ДИЧО ЗОГРАФ“

По повод 200 години од раѓањето на нашиот великан Дичо Зограф го подигнавме меморијалниот парк …

ПЕШТЕРИ

ЦРКВИ

ВОДОПАДИ

МААЛА

ЗАДОВОЛНИ ПОСЕТИТЕЛИ