Свадбарски бајрак

mijacki2bsvadbarski2bbajrak2b2

Во Музејот на Македонија во Скопје се чуваат две верзии на мијачки знамиња кои се означени како свадбарски. Едното има некои заеднички елементи со претходните, само разликата е што ги нема животните, а знакот на полумесечината и ѕвездата се повторува четирипати и тоа околу средишниот крст по дијагонала, алтерниран со исто толку големи четири црни крста, што зборува дека не се работи за знак на турската империја. Средишниот круг не го содржи четирикракиот крст, туку се состои од деветнаесет крака-перки во три бои, бела, црна и црвена. Ова знаме има три триаголни издолжени завршници од слободната вертикална страна, а другите страни се обрабени по хоризонтала со една црна и една црвена лента, односно црна и бела околу дрвената дршка, која нема крст на врвот.

mijacki svadbarski bajrak 1

Особено е интересно другото изложено знаме кое нема ништо заедничко со досега опишаните. Во центарот на знамето има голем црвен круг формиран од црвени и посветло црвени брановидни ленти обрабен со бела лента и средишен помал круг со впишана мала четвртеста розета, која може да асоцира на лепче, најверојатно свадбарско. Во горните два агли има човечка фигура се една испружена рака кон средишната полумесечина, претставена наопаку со краците надолу. Долу под кругот се претставени лево и десно по две животни, куче или волк кој брка јагнее. По вертикала знамето има две широки црвени ленти со бел крст во средината, а четвртата страна која се виорела завршува со пет триаголници, три црвени и два бели, а таа наспроти нив е темна широка лента. Според позата на човечките и животинските фигури, ова знаме би требало да биде поставено со триаголниците надолу, инаку фигурите би се гледале од страна искривено.

 

Крстат бајрак

На горното црвено платно има навезено: крст, како оној на врвот од пратот, двоглав орел и полумесечина. Двоглавиот орел е остаток од богомилските времиња и Византија, а полумесечината со ѕвезда е илирски симбол. За Илири во средновековието се сметале сите јужни Славјани..

Семејно знаме

Во село Тресонче е зачувано знаме кое го поседува фамилијата Пандиловци, денес жители на Скопје, за кое сопствениците велат дека е старо повеќе од 200 години. Ова знаме е многу слично со општото мијачко знаме, но се разликува во некои детали..