СЕМЕЈНО ЗНАМЕ
Во село Тресонче е зачувано знаме кое го поседува фамилијата Пандиловци, денес жители на Скопје, за кое сопствениците велат дека е старо повеќе од 200 години. Ова знаме е многу слично со општото мијачко знаме, но се разликува во некои детали како: ѕвездата е поставена вон краците на месечината и двоглавиот орел нема крст врз телото. Долго е 1.30, а широко 0.70 метри. Изработено е од бело платно, а претставените орнаменти се работени како апликации со црвена боја. Во празните полиња околу крстот се впишани буквите „ИС ХР“ и „НИ КА“. Некои знамиња може наместо овие животни да содржат куче како замена за лавот и коњаници со целосна опрема.
Новооткриено мијачко знаме
Димензиите на новиот мијачки бајракот со коњаници се 130 см на 73 см. Над коњаниците на латинско писмо, со сини избледени букви, пишува „Usura famiglia“ (семејно знаме). Знамето е правоаголно со три јазици на долниот дел. По краевите на знамето има црвен правоаголник и во внатрешноста, која е бела, се наоѓаат кругот, коњаниците, полумесечината и уште една фигура. Потомците на ова семејство од Галичник живеат во Австралија.
Крстат бајрак
На горното црвено платно има навезено: крст, како оној на врвот од пратот, двоглав орел и полумесечина. Двоглавиот орел е остаток од богомилските времиња и Византија, а полумесечината со ѕвезда е илирски симбол. За Илири во средновековието се сметале сите јужни Славјани..
Свадбарски бајрак
Во центарот на знамето има голем црвен круг формиран од црвени и посветло црвени брановидни ленти обрабен со бела лента и средишен помал круг со впишана мала четвртеста розета, која може да асоцира на лепче, најверојатно свадбарско…