Заврши втората малореканска научна конференција

by | Oct 10, 2021 | настани, соопштенија, школа

Во периодот од 5 до 9 октомври, Свештената Бигорска Обител беше домаќин на Втората малореканска научна конференција, насловена како: „По патеките на Дичо Зограф“, којашто се одржа со благослов на нашиот надлежен Митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски и со благослов и иницијатива на Епископ г. Партениј, а во соработка и организација со проф. д-р Сашо Цветковски. Годинешнава конференција се посветува на 40-годишниот јубилеј од архиерејската хиротонија на нашиот почитуван Митрополит г. Тимотеј.

Свеченото отворање на овој научен собир се одржа на 5 октомври во дворот на црквата „Свети Петар и Павле“, во селото Тресонче, родното место на Дичо Зограф. Пригоден говор одржа г. Сашо Цветковски, научен соработник од МАНУ и коорганизатор на конференцијата, а присуствуваа научни работници, студенти и тресончани од здружението „Брзовец“. На отворањето беше промовиран Зборникот на трудови од Првата малореканска школа По патеките на Дичо ЗографИсто така, во црквата беше отслужена трисагија од јеромонах од нашето братство, за покој на душата на великанот Димитар – Дичо Крстев, нашиот најпознат зограф од преродбенскиот деветнаесетти век.

Во деновите што следуваа се одржаа пет научни секции, на кои свои излагања имаа неколку звучни имиња од областа на историјата на уметност и архитектурата: Сашо Цветковски, Елизабета Касапова, Викторија Грозданова – Коцески, Васил Ѓорѓиев, Александар Василевски, Емилија Апостолова – Чаловска, Дарко Николовски и Борис Марковски. На првиот ден од Конференцијата свое излагање имаше и нашиот собрат, Архимандритот г. Доситеј, кој говореше за бигорските игумени – што е негова специјалност.

Научниот собир заврши денес, во присуство на нашиот старец и игумен, Неговото Преосвештенство Епископот г. Партениј, кој на учесниците им додели посебно изготвени сертификати во знак на благодарност за нивното учество. Во својот пригоден говор, Владиката срдечно им се заблагодари на научните работници што на овој начин, преку начни конференции на кои ги излагаат своите откритија, даваат значаен придонес за расветлување на историјата на Бигорскиот Манастир и на реканскиот крај општо. Тој им посака благоуспевање во нивната благородна дејност и ја искажа својата желба вакви научни собири да се организираат и во иднина, бидејќи тоа е од големо значење за Манастирот и за Река. Исто така, Епископот Партениј ја нагласи важноста на идејата за враќање на украдените икони во овој крај од Албанија, затоа што тие се драгоцени артефакти и извори за нашата историја. Тој повика и на поголема научна и општествена свест за значењето на Мијачијата и на повеќе труд, грижа и одговорност од надлежните институции за запазување на нејзиното непроценливо културно-историско наследство.

На крајот, сите учесници на Втората малореканска научна конференција ја посетија Бигорската книгохранителница.

Извор: bigorski.org.mk

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Од инцидент до решение: нов објект за контејнерите во Тресонче

Во последниот период имавме неколку инциденти со посети на мечка, при што беше разрушувана заштитната ограда и дел од отпадот завршуваше во долот. Наместо да се помириме со проблемот, заедно најдовме трајно решение. Ново, безбедно место за контејнерите Со финансиска поддршка од АутоГруп, изграден...

Заврши шестата Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“ (30 август – 4 септември 2025)

Во периодот од 30 август до 4 септември 2025, Мијачкиот крај повторно стана духовно-научно средиште. Ова издание беше и најбројното досега, со учесници и гости од земјата и странство, меѓу кои и професори од Белград и Софија. Школата се одржа под покровителство на Бигорскиот Манастир „Св. Јован...

Шестата Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“ во Тресонче

Со големо задоволство ја најавуваме одржувањето на шестото издание на Малореканската летна школа „По патеките на Дичо Зограф“, кое ќе се одржи на 30 август 2025 година во живописното село Тресонче. Настанот традиционално ќе започне во 11:00 часот, во црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“, како што...

Забрана за движење во шумите од 1 јули до 31 август поради зголемен ризик од пожари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ја информира јавноста дека од 1 јули 2025 година стапува во сила целосна забрана за движење во сите шуми и шумски подрачја низ територијата на Република Северна Македонија. Забраната ќе трае до 31 август 2025 година, како дел од...

Заврши петтата Малореканска летна школа – „По патеките на Дичо Зограф“

Во периодот од 1 до 6 септември 2024 година, Бигорскиот Манастир беше домаќин на значаен културно-научен настан – петтата Малореканска летна школа. Овој школа посветено се занимава со духот на мијачката уметност и култура и е посветена на истражувањето на делото на еден од најголемите македонски...

Отворена е Петтата „Малореканска летна школа – По патеките на Дичо Зограф“

Во чест на македонскиот зограф Дичо Зограф денеска во неговото родно Тресонче ќе биде отворена петтата по ред Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“. Школата ќе се одржува во црквата „Св. Петар и Павле“ која се наоѓа во селото Тресонче и во Бигорскиот манастир. Под покровителство на...

Чести одрони на патиштата во Дебарско, на Маврово снег

Обилните врнежи од дожд на патните правци во поширокиот дебарски регион предизвикаа чести одрони на патните правци, а утрово на Маврово има и слаби врнежи од снег. Поради одроните, но и влажните коловози од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта...

Трета Малореканска Зографска Школа

Почитувани, Како и минатите години (веќе традиционално) ќе се оддржи малореканската летна школа “По патеките на Дичо Зограф”. Отворањето на школото ќе биде на 03.09.22 со почеток во 11ч во дворот на црковниот храм Св.Ап. Петар и Павле во с.Тресонче. На отворањето најавени се гости од...

Заврши втората малореканска научна конференција

Во периодот од 5 до 9 октомври, Свештената Бигорска Обител беше домаќин на Втората малореканска научна конференција, насловена како: „По патеките на Дичо Зограф“, којашто се одржа со благослов на нашиот надлежен Митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски и со благослов и иницијатива на Епископ г....

Втора малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

  Под покровителство на Министерството за култура и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, на 5 октомври 2021 година, во с. Тресонче свечено ќе биде отворена Втората малореканска школа „По патеките на Дичо Зограф“. На отворањето на Школата, во дворот на...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

October 2025
M T W T F S S
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ