„Матка“ ја изградил во предвидениот рок, Собранието, Стара железничка…

by | Dec 26, 2019 | историја, личности

Роден 1887 година во селото Тресонче, западна Македонија, во семејство на познатите градители, резбари и уметници Мијаци, Јосиф Михаиловиќ е човекот кој го претвори Скопје во модерен град. Во неговиот градоначалнички мандат се изградени највпечатливите зданија во македонската метропола – зградата на Вардарска бановина (денешно Собрание), Железничка станица (денес Музеј на град Скопје), индустријата за тутун „Вардар“ (денес зградата Монопол), Народна банка, Завод за социјално осигурување (денес Градска болница), зградата Ибни Пајко, дом на семејството Диќиџијан (денес хотел „Јадран“), браната Матка, каптажата Рашче…

Ова се само мал дел од зданијата што овој визионер ги оставил во наследство на граѓаните на Скопје. Колку е големо неговото значење за создавање на модерно Скопје, зборуваат плоштадите, улиците и цели населби.
grado
– Во 1926 заминува за Англија, а потоа и во Париз каде што ги дополнува своите знаења и усвојува модерни урбани тенденции – зелени градови што подоцна ги применува и во Скопје. На 27 јануари 1929 година и официјално започнува неговиот мандат како претседател на Градското собрание, вели историчарот Милош Стојковиќ на трибината и изложбата во чест на Михаиловиќ која беше отворена во Музејот на град Скопје.
Откако Михаиловиќ е назначен, веднаш започнува со активности за да создаде од Скопје град. Првата работа која била неопходна е урбанистичкиот план. Тој извршил авионско снимање и геодетски премер на градот и го изработил генералниот регулационен план на Скопје и тоа според идејниот проект на белградскиот архитект Димитрије Леко, школуван во Цирих и Минхен.

Михаиловиќ го знаел и значењето на струјата за граѓаните на еден град, па она што било исто така фасцинантно е неговата иницијатива за изградба на брана на реката Треска, локацијата Матка, заедно со хидроелектрана. Изградбата е започната во 1935 и завршена во предвидениот рок (1938).

Извор: Скопјеинфо

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Заврши петтата Малореканска летна школа – „По патеките на Дичо Зограф“

Во периодот од 1 до 6 септември 2024 година, Бигорскиот Манастир беше домаќин на значаен културно-научен настан – петтата Малореканска летна школа. Овој школа посветено се занимава со духот на мијачката уметност и култура и е посветена на истражувањето на делото на еден од најголемите македонски...

Трета Малореканска Зографска Школа

Почитувани, Како и минатите години (веќе традиционално) ќе се оддржи малореканската летна школа “По патеките на Дичо Зограф”. Отворањето на школото ќе биде на 03.09.22 со почеток во 11ч во дворот на црковниот храм Св.Ап. Петар и Павле во с.Тресонче. На отворањето најавени се гости од...

Втора малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

  Под покровителство на Министерството за култура и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, на 5 октомври 2021 година, во с. Тресонче свечено ќе биде отворена Втората малореканска школа „По патеките на Дичо Зограф“. На отворањето на Школата, во дворот на...

Адети и песни кои се пееле за празникот Св.Ѓорѓија (Ѓурѓовден) во Мијачијата

Автор: Мојсо Поповски/lazaropolee.blogspot Песните се запишани од Васил Икономов Поповски Димкоски, објавени во Солун 1895 година, во “зборник од старо-народни умотворенија од дебарско, кичевско и охридско”. Ѓурѓовденските песни започнуваат од страна 45 до страна 49 од зборникот, со...

Нова божикна каланда „Христос се раѓа, на светот радост“

Традиционално, и овој Бадник, Здружението “Бадникови поворки” со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божикен спот како подарок за верниот народ. -Деновиве, на голема радост на сите, во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорската...

БАДНИКОВИ ПЕСНИ И АДЕТИ

Во Дебарско особено во нашите малорекански села, вечерта спроти бадникот се подготвуваат лебови што се викаат колаци, со различни форми. Заедно со овие колаци (или колендари) замесуваат по еден голем леб што се вика чист леб, којшто го јадат на првиот ден на Божикот, кога повозрасните деца варат...

Карактеристики на мијачката куќа

При анализата на градителството и градителските традиции во Македонија, и пошироко на Балканот, сите автори се согласуваат дека Мијачкиот крај е местото од каде што потекнува плеада на мајстори градители. Неколкугодишните истражувања на терен, недвосмислено упатија на нивниот особено различен...

Постарата ерминија на Дичо Зограф е најобемното дело на народен јазик од 19 век во Македонија

Јазикот на кој е напишана допрва ќе биде предмет на научен интерес на лингвистите што ги проучуваат нашите македонски дијалекти. Една од особеностите на оваа ерминија е и билингвалноста, двојазичноста, секоја одредница, сигнатура или наслов на сцена е испишан со црковнословенско писмо, заедно со...

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Мене куршум ме пронижа, на мајка ми да кажете Максима го женивме за црна земја македонска

Мене куршум ме пронижа, ако некој жив остане, на мајка ми да кажете Максима го оженивме за црна земја македонска, се вели во песната за војводата Максим Ненов од Тресонче, кој на денешен ден загинал за слобода на Македонија. На 29 мај 1903 година, на планината Голак, под врвот Чавките во...

Бошкачки, вториот јазик на Мијаците

Скивај, скивај каква манука ни догуруват одозгора. Ама е апсика како десетка. Апсика е вајзана, ама имат и апсик манук. Абре е апсик, ама е многу плак. Не го бидува за такечинење. Жилкај и не боботари. Го скива манукот да ѕверкат како лајаче. Ваков дијалог иако звучи како да е воден на некој...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

December 2024
M T W T F S S
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ