БАДНИКОВИ ПЕСНИ И АДЕТИ

by | Jan 6, 2021 | историја, мијаци, обележја, религија, фолклор

Во Дебарско особено во нашите малорекански села, вечерта спроти бадникот се подготвуваат лебови што се викаат колаци, со различни форми. Заедно со овие колаци (или колендари) замесуваат по еден голем леб што се вика чист леб, којшто го јадат на првиот ден на Божикот, кога повозрасните деца варат пченица (жито) со шеќер и ги пеат следниве песни:

1.

Утре вечер – бадник вечер, бодни коња на пазара,

купи риба јогула, дојди дома да ја вариш,

сркни риба – убоцај се, пи си вино – весели се!

2.

Теле велит: – Леле! Не колите мене,

ток` колите кокош! Кокош се скри пот кош!

3.

– Сива, сива гулабице, од коде си долетала до нашего господина?

Шчо чинеше наш господин?

– Ми правеше златни чаши, златни чаши и канати,

да послужит млада Бога, млада Бога и Божиќа.

Божик ми е на небеси, слава му е по се земја.

4.

Добро утро стара бабо! Дај ми колач и погача!

Напи се вино и ракија, појди в племна – запали ја!

Sркни каша – попари се, косни риба – убоцај се!

 

Од зборникот на Васил Икономов, објавено во lazaropolee.blogspot

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Мијаците се чисто македонско племе, кое било на удар на соседните пропаганди уште од XIX век

Двете пропаганди ќе се истиснуваат една со друга, во зависност од општествено-економските интереси на Мијаците, односно која пропаганда-партија ќе „стави повеќе пиљави на кантарот“, кажано на локалниот дијалект, а што значи – кој ќе даде повеќе пари. Поедноставно кажано, изнудувањето големи суми...

Заврши петтата Малореканска летна школа – „По патеките на Дичо Зограф“

Во периодот од 1 до 6 септември 2024 година, Бигорскиот Манастир беше домаќин на значаен културно-научен настан – петтата Малореканска летна школа. Овој школа посветено се занимава со духот на мијачката уметност и култура и е посветена на истражувањето на делото на еден од најголемите македонски...

Трета Малореканска Зографска Школа

Почитувани, Како и минатите години (веќе традиционално) ќе се оддржи малореканската летна школа “По патеките на Дичо Зограф”. Отворањето на школото ќе биде на 03.09.22 со почеток во 11ч во дворот на црковниот храм Св.Ап. Петар и Павле во с.Тресонче. На отворањето најавени се гости од...

Втора малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

  Под покровителство на Министерството за култура и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, на 5 октомври 2021 година, во с. Тресонче свечено ќе биде отворена Втората малореканска школа „По патеките на Дичо Зограф“. На отворањето на Школата, во дворот на...

Адети и песни кои се пееле за празникот Св.Ѓорѓија (Ѓурѓовден) во Мијачијата

Автор: Мојсо Поповски/lazaropolee.blogspot Песните се запишани од Васил Икономов Поповски Димкоски, објавени во Солун 1895 година, во “зборник од старо-народни умотворенија од дебарско, кичевско и охридско”. Ѓурѓовденските песни започнуваат од страна 45 до страна 49 од зборникот, со...

Воскресение Христово – Пасха во Тресонче

Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им подари! На ден 01.05.2021, на наше големо радување, по повеќе декади, црковниот одбор на село Тресонче организираше литургија со литија по повод Христовото Воскресение – Велигден. Во сепразничната и...

Нова божикна каланда „Христос се раѓа, на светот радост“

Традиционално, и овој Бадник, Здружението “Бадникови поворки” со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божикен спот како подарок за верниот народ. -Деновиве, на голема радост на сите, во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорската...

БАДНИКОВИ ПЕСНИ И АДЕТИ

Во Дебарско особено во нашите малорекански села, вечерта спроти бадникот се подготвуваат лебови што се викаат колаци, со различни форми. Заедно со овие колаци (или колендари) замесуваат по еден голем леб што се вика чист леб, којшто го јадат на првиот ден на Божикот, кога повозрасните деца варат...

Карактеристики на мијачката куќа

При анализата на градителството и градителските традиции во Македонија, и пошироко на Балканот, сите автори се согласуваат дека Мијачкиот крај е местото од каде што потекнува плеада на мајстори градители. Неколкугодишните истражувања на терен, недвосмислено упатија на нивниот особено различен...

Милениумски јубилеј: Бигорски манастир денеска слави 1000 години од основањето

Централната прослава на големиот јубилеј 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир ќе се одржи денеска со почеток во 9 часот со Божествена архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

July 2025
M T W T F S S
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ