Милениумски јубилеј: Бигорски манастир денеска слави 1000 години од основањето

by | Oct 18, 2020 | настани, религија, соопштенија

Централната прослава на големиот јубилеј 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир ќе се одржи денеска со почеток во 9 часот со Божествена архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА.

По завршувањето на литургијата пред присутните, освен архиепископот г. г. Стефан, ќе се обрати и покровителот на прославата, претседателот на Македонија. Митрополитот г. Тимотеј и епископот г. Партениј, пак, ќе доделат ордени и благодарници на заслужни поединци и организации, кои дале значителен придонес за илјадалетието на Бигорски и за неговата евангелско-просветна мисија.

Поради зголемениот број случаи на заразени од ковид-19, како и засилените мерки и препораки на Министерството за здравство и на другите здравствени институции, прославата на 1000-годишнината ќе се одвива со строго запазување на предвидениот протокол за заштита.

– Програмата денеска, вклучително и светата богослужба, ќе се одвива на отворено, во дворот на Манастирот, каде ќе биде поставена монтажна бина, а, исто така, и два видео-екрана. На неколку места ќе има пунктови за дезинфекција, а носењето на маски и одржувањето на потребното растојание се задолжителни. За доследно запазување на споменатите мерки ќе биде ангажирана професионална и лиценцирана екипа на редари кои ќе се грижат бројката на посетители да не го надмине дозволениот капацитет според протоколот за заштита, соопштуваат од Манастирот.

По тој повод е објавен пригоден видео-спот „1000 години Бигорски манастир”, специјално подготвен за милениумскиот јубилеј, од продукциската куќа „Дрим фектори”.

За прославата ќе биде обезбеден директен пренос на МТВ, на Фејсбук страница и Јутјуб каналот на Бигорски и на Фејсбук страницата на МИА.

 

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Подвиг на Бистра: Спасени двајца вработени на мобилен оператор по цела ноќ во снежно „заложништво“

Зимата на планината Бистра уште еднаш ја покажа својата сурова страна. Изминатиов викенд, во атарот на нашето соседство, се одвиваше вистинска спасувачка драма која траеше повеќе од девет часа. Главни актери беа двајца теренски работници кои, извршувајќи ги своите работни обврски во екстремни...

Тресонче отсечено – паднати бандери ја исклучија струјата, патот од Гарски мост е премногу ризичен!

Од раните утрински часови, поточно од 05:00 часот по полноќ, жителите на село Тресонче, Селце, Росоки и околните населени места се соочуваат со целосен прекин во снабдувањето со електрична енергија. 🛠 Локација на дефектот и работа на ЕВН По контактирање на дежурните служби во ЕВН, добивме потврда...

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Невреме и тешко проодни патишта во западна Македонија

⚠️ Критична состојба на патиштата: Скопје-Тетово, Кичево-Охрид и Маврово-Дебар се тешко проодни поради невремето. Прочитајте ги деталите и советите за безбедно возење.

Известување за корекција на придонесот за вода и комуналии

Почитувани Тресончани, сопственици на имот и љубители на нашето село, Сакаме да ве информираме дека на последниот состанок на Извршниот одбор на Здружението на граѓани „Брзовец“, по детална анализа на состојбите и трошоците, донесена е неопходна одлука за корекција на износот на годишниот придонес...

Од инцидент до решение: нов објект за контејнерите во Тресонче

Во последниот период имавме неколку инциденти со посети на мечка, при што беше разрушувана заштитната ограда и дел од отпадот завршуваше во долот. Наместо да се помириме со проблемот, заедно најдовме трајно решение. Ново, безбедно место за контејнерите Со финансиска поддршка од АутоГруп, изграден...

Заврши шестата Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“ (30 август – 4 септември 2025)

Во периодот од 30 август до 4 септември 2025, Мијачкиот крај повторно стана духовно-научно средиште. Ова издание беше и најбројното досега, со учесници и гости од земјата и странство, меѓу кои и професори од Белград и Софија. Школата се одржа под покровителство на Бигорскиот Манастир „Св. Јован...

Шестата Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“ во Тресонче

Со големо задоволство ја најавуваме одржувањето на шестото издание на Малореканската летна школа „По патеките на Дичо Зограф“, кое ќе се одржи на 30 август 2025 година во живописното село Тресонче. Настанот традиционално ќе започне во 11:00 часот, во црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“, како што...

Забрана за движење во шумите од 1 јули до 31 август поради зголемен ризик од пожари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ја информира јавноста дека од 1 јули 2025 година стапува во сила целосна забрана за движење во сите шуми и шумски подрачја низ територијата на Република Северна Македонија. Забраната ќе трае до 31 август 2025 година, како дел од...

Заврши петтата Малореканска летна школа – „По патеките на Дичо Зограф“

Во периодот од 1 до 6 септември 2024 година, Бигорскиот Манастир беше домаќин на значаен културно-научен настан – петтата Малореканска летна школа. Овој школа посветено се занимава со духот на мијачката уметност и култура и е посветена на истражувањето на делото на еден од најголемите македонски...

Отворена е Петтата „Малореканска летна школа – По патеките на Дичо Зограф“

Во чест на македонскиот зограф Дичо Зограф денеска во неговото родно Тресонче ќе биде отворена петтата по ред Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“. Школата ќе се одржува во црквата „Св. Петар и Павле“ која се наоѓа во селото Тресонче и во Бигорскиот манастир. Под покровителство на...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

January 2026
M T W T F S S
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ