Адети и песни кои се пееле за празникот Св.Ѓорѓија (Ѓурѓовден) во Мијачијата

by | Apr 30, 2017 | историја, фолклор

Песните се запишани од Васил Икономов Поповски Димкоски, објавени во Солун 1895 година, во “зборник од старо-народни умотворенија од дебарско, кичевско и охридско“. Ѓурѓовденските песни започнуваат од страна 45 до страна 49 од зборникот, со кратко објаснување – “следуват песни кои се изведуваат на Св.Ѓорѓија, т.е. на 23-ти Април, кога момите и невестите заминуваат да берат разни биљачки и цвеќињ во горите.“.
Дел од песните запишани и објавени од Васил Икономов за Ѓурѓовден ќе Ви ги прикажеме и со текст запишан од Панајот Гиноскиобјавени (долго по неговата смрт) 1899-1905 година (списание Жива Старина, Русија, цaрски грaд – Петроград), кој што се однесува на адетите кои што се изведувале за празникот Св.Ѓорѓија познат како ЃУРЃОВДЕН.
ПЕСНИ ЗА ЃУРЃОВДЕН ЗАПИШАНИ ОД ВАСИЛ ИКОНОМОВ
126.
Сенуват слнце, зајдуват,
Зад високана планина,
Зад планината рудина,
Зад рудината зелен бор,
Зад зелени бор широки ограѓе,
Во ограѓе аргати,
Во аргати три моми;
Аргати збор си чинее,
Голем гунлук фрлае,
Фрлае шо ми фрлае:
На момите повише
Повише по илјада,
До илјада карагрошеви.
127.
Оздола идет старчишче,
Со това бело брадишче.
Со това црно шапчишче.
Викнае моми да плачет.
Млчите моми три моми,
Ја не ве зема замене,
Тук ќа ве зема за сина.
128.
Ајде, мори Цвето, на наш билает,
чекај, лудо, покроце, дур да ми доет шарен ковшек,
В шарен ковчек убава руба,
Шо се носит на добор ден,
на добор ден, ден Велигден,
ден Велигден, ден Ѓурѓoвен.
131.
Роса росит, под село,
Чума биет в`сред село,
Сине селани бегает,
Бела Неда небегат,
Тук си појде вчаршија,
Пак си купи кутија,
В`кутија бел шеќер,
Раат под визглавјето.
132.
Ал имаш, бре девојко.
Коде коњи да врза?
Имам, лудо, имам, широки се дворови!
Во дворови стребрени колови,
До колови јасли босилкови.
Во јасли сено копринено,
Во сеното две китки босилок.
Ал имаш бре девојко,
Коде китки да редиме?
Широки се, лудо нашите одаи!
Во одаи китки ќа редиме!
134.
Ајде сега, бре селани, за многу годиње
Да играме, да пееме, да се веселиме,
Со се село, со се село, со се пријатели,
како шо е винo црвено,
и како шo е љута ракија.
135.
Невесто око калешо,
Чиво е онеа девојче?
Шо рано одит на вода,
На таја чешма шарена,
Да плнит вода студена.
Ох! Море лудо, де младо,
Това е мое золвиче.
Невесто, око калешо,
Ај дај ми го замене,
Ох! Море лудо де младо,
Да това ми е малечко.
Невесто око калешо,
Ја ќа го чека да растет.
АДЕТИ ЗА ЃУРЃОВДЕН ЗАПИШАНИ ОД ПАНАЈОТ ГИНОСКИ
33693-durdevak-580x435th54y54y54Спроти ЃУРЃОВЕН на 22-ри од четвртиот месец на квечерина, девојките одит на  БИЉАЧКИ до 15-тина минути далеку од селото надвор; тамо пеејќи песни БИЉАРЕЧКИ; берет БИЉАРКИ – гороцвеќе, кукурек и млечка а и шума букова. Од како ќа се вратит по дома БИЉАЧКИТЕ и наредувает по враќето. А тие шо имает овци и друга домашна стока а је млечнодавна биљето и редит по ведрата и по бутињето и мешарките, кои и изваѓает надвор по дворови.Овеа наредување го викает запотнување а биљките запотка. Коде овците и другата стока 7c499c9999e2364c787a1e4c204c6ab1млечнодавна најмногу клавает од биљето млечка за да им бидет стоката млечна годината.
Старите жени пак тие одит на гробишча коде шо и накитувает гробовите на близните свои со гороцвеќе и распулена зелена букова шумринка.
На ЃУРЃОВЕН старите рано наутрина заминувает вцрков на молитва.
Младите невести и девојки убаво променети рано наутрина пред зора зазорена заминувает – одит на биље. Заедно со нив на биље одит и деца одрастени-пораснати замомчени, лепо променати и наоружани со кашлачиња и погрмовни нешча (мисли на пиштоли и пушки), како нихна предстража. Одејки кон биљароберењето девојките пеет најразлични песни за денот. Таму тие берет гороцвеќе, новоразлистена шума букова и секакви биљки кои и имает на дикат за лековити и со теслица и копает одкорен. Дур берет биљарките момчињата седит сите накуп на едно место убаво и и гледает. А од како ќа наберет биље биљарките се собирает сите на куп и поигрувает оро со песни, и после си заминувает подома.Враќањето им је посвеќено, пеет гласни песни биљарски, стокмени со цвеќе по главите и рубата. Нај напред одит пред нив момчињата фрлајќи пушки.
Кога ќа се вратит биљарките по дома пак и накитувает домашните потрепшчиње со биљачки. На децата им виет венци од гороцвеќе кои пак и носит посион ден.
Пушки се фрлает од зора па се до цел ден. Дека е адет во секое градинче да се фрлит по една пушка барем за да и исплашит поакосните животинки-кртови и други.
По ручок девојките наметнувает нишалки по дрвјето и на нив се нишает сите со ред. Една се нишат а друга со јоже кроце тегнет нишалката. При нишањето се пеет пригодни песни за денот но и свакидневни.
Во Лазарополе, дека храмот им је Св.Ѓорѓија тога по пушчање од црков после одит по крсти, исто како за Водици низ село со повите. Во други села на овја ден не се одит по крсти туку само на Водици.
                 дел од првата страна од собраните песни на Васил Икономов

 

Обработил: Мојсо Поповски
Извор: Блог за Лазарополе

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Заврши петтата Малореканска летна школа – „По патеките на Дичо Зограф“

Во периодот од 1 до 6 септември 2024 година, Бигорскиот Манастир беше домаќин на значаен културно-научен настан – петтата Малореканска летна школа. Овој школа посветено се занимава со духот на мијачката уметност и култура и е посветена на истражувањето на делото на еден од најголемите македонски...

Трета Малореканска Зографска Школа

Почитувани, Како и минатите години (веќе традиционално) ќе се оддржи малореканската летна школа “По патеките на Дичо Зограф”. Отворањето на школото ќе биде на 03.09.22 со почеток во 11ч во дворот на црковниот храм Св.Ап. Петар и Павле во с.Тресонче. На отворањето најавени се гости од...

Втора малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

  Под покровителство на Министерството за култура и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, на 5 октомври 2021 година, во с. Тресонче свечено ќе биде отворена Втората малореканска школа „По патеките на Дичо Зограф“. На отворањето на Школата, во дворот на...

Адети и песни кои се пееле за празникот Св.Ѓорѓија (Ѓурѓовден) во Мијачијата

Автор: Мојсо Поповски/lazaropolee.blogspot Песните се запишани од Васил Икономов Поповски Димкоски, објавени во Солун 1895 година, во “зборник од старо-народни умотворенија од дебарско, кичевско и охридско”. Ѓурѓовденските песни започнуваат од страна 45 до страна 49 од зборникот, со...

Нова божикна каланда „Христос се раѓа, на светот радост“

Традиционално, и овој Бадник, Здружението “Бадникови поворки” со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божикен спот како подарок за верниот народ. -Деновиве, на голема радост на сите, во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорската...

БАДНИКОВИ ПЕСНИ И АДЕТИ

Во Дебарско особено во нашите малорекански села, вечерта спроти бадникот се подготвуваат лебови што се викаат колаци, со различни форми. Заедно со овие колаци (или колендари) замесуваат по еден голем леб што се вика чист леб, којшто го јадат на првиот ден на Божикот, кога повозрасните деца варат...

Карактеристики на мијачката куќа

При анализата на градителството и градителските традиции во Македонија, и пошироко на Балканот, сите автори се согласуваат дека Мијачкиот крај е местото од каде што потекнува плеада на мајстори градители. Неколкугодишните истражувања на терен, недвосмислено упатија на нивниот особено различен...

Постарата ерминија на Дичо Зограф е најобемното дело на народен јазик од 19 век во Македонија

Јазикот на кој е напишана допрва ќе биде предмет на научен интерес на лингвистите што ги проучуваат нашите македонски дијалекти. Една од особеностите на оваа ерминија е и билингвалноста, двојазичноста, секоја одредница, сигнатура или наслов на сцена е испишан со црковнословенско писмо, заедно со...

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Мене куршум ме пронижа, на мајка ми да кажете Максима го женивме за црна земја македонска

Мене куршум ме пронижа, ако некој жив остане, на мајка ми да кажете Максима го оженивме за црна земја македонска, се вели во песната за војводата Максим Ненов од Тресонче, кој на денешен ден загинал за слобода на Македонија. На 29 мај 1903 година, на планината Голак, под врвот Чавките во...

Бошкачки, вториот јазик на Мијаците

Скивај, скивај каква манука ни догуруват одозгора. Ама е апсика како десетка. Апсика е вајзана, ама имат и апсик манук. Абре е апсик, ама е многу плак. Не го бидува за такечинење. Жилкај и не боботари. Го скива манукот да ѕверкат како лајаче. Ваков дијалог иако звучи како да е воден на некој...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

December 2024
M T W T F S S
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ