Постарата ерминија на Дичо Зограф е најобемното дело на народен јазик од 19 век во Македонија

by | Jul 1, 2020 | дичо зограф, зографи, историја, личности

Јазикот на кој е напишана допрва ќе биде предмет на научен интерес на лингвистите што ги проучуваат нашите македонски дијалекти. Една од особеностите на оваа ерминија е и билингвалноста, двојазичноста, секоја одредница, сигнатура или наслов на сцена е испишан со црковнословенско писмо, заедно со превод на грчки јазик, со особености на писмото од 19 век. Сликаната орнаментика, иницијалите и колоритноста во смисла на постојано користење црно и црвено мастило го даваат тој раскошен визуелен впечаток кога ерминијата се зема во раце и се чита нејзината содржина, вели Цветковски

Сашо Цветковски, историчар на уметноста

Научниот советник во истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“, Сашо Цветковски, кој е и приредувач на фототипното издание на зографскиот прирачник „Ерминија“ (1844) на Дичо Зограф, укажува дека засега многу малку се знае како двете ерминии на овој наш најпознат зограф од 19 век, стигнале во Бугарија. Цветковски најавува и дека во септември во Тресонче и во манастирот Бигорски ќе се одржува првата малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“. На ланското одбележување на 200-годишнината од раѓањето на најзначајниот македонски зограф од 19 век, Дичо Зограф, беше најавено и објавувањето на неговата постара ерминија од 1844 година. Фототипното издание на овој зографски прирачник, чиј оригинал се чува во Софија, веќе е објавено во Македонија.

Како негов приредувач ќе сакате ли да објасните што сѐ беше потребно за да биде достапно сега ова дело на мајсторот од Тресонче и во неговата родна земја?
– Двестегодишнината од раѓањето на Дичо Зограф се одбележа со повеќе настани, меѓу кои како позначајни ги издвојувам големата изложба на оригинални икони на Дичо Зограф во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), како и во неа одржаната Меѓународна научна конференција на која учествуваа дваесетина истражувачи од Македонија и од соседните балкански земји. И двата настана предизвикаа голем интерес во јавноста и поттикнаа зголемен интерес кон делото на овој наш најпознат зограф од 19 век. Во пресрет на оваа годишнина, истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ (ИЦКН) при МАНУ, од 2014 до 2018 година презеде повеќе активности и реализира неколку истражувачки проекти, за поцелосно да се проучи и согледа творечкиот опус на Дичо Зограф. Во таа смисла, во повеќе наврати имав можност да престојувам во центарот за словенско-византиски студии „Проф Иван Дујчев“ во Софија и непосредно, во најповолни услови, да работам со оригиналниот ракопис на ерминијата и да стекнам целосен увид во содржината и особеностите на овој значаен зографски прирачник. Благодарение на љубезноста и разбирањето за нашите настојувања за објавување на ерминијата во Македонија, добивме дигитална копија од ракописот и права за негово објавување. Изминатите две години се работеше на целосна транскрипција и превод на текстот на ерминијата со расчитување на содржината и упатствата за технолошките постапки и одредниците за иконографијата, заедно со воведниот текст и научната анализа на содржината на ерминијата.

„Ерминија“ (1844 г.) е пишувана на мијачки дијалект, но како што и укажувате во неа, „писмото е кирилско, но застапено е и грчкото полууставно писмо со елементи на брзопис“. Истакнувате дека таа ги надминува вредностите на еден сликарски прирачник и претставува ликовно и книжевно дело само за себе. Од што најмногу бевте изненаден додека ја проучувавте и како би ги опишале нејзините ликовни и книжевни вредности?

– Меѓу зографските прирачници, ерминии, настанати во времето на 19 век, според своето значење, целосноста, содржината и декоративната минијатурна орнаментика се издвојува ерминијата на Дичо Зограф од 1844 година. Таа е пишувана на народен јазик и мијачки дијалект. По својот обем, приближно 800 страници, ерминијата е и најобемно дело настанато на народен јазик од времето на 19 век во Македонија. Јазикот на кој е напишана допрва ќе биде предмет на научен интерес на лингвистите што ги проучуваат нашите македонски дијалекти. Една од особеностите на ова ерминија е и билингвалноста, двојазичноста, секоја одредница, сигнатура или наслов на сцена е испишан со црковнословенско писмо, заедно со превод на грчки јазик, со особености на писмото од 19 век. Сликаната орнаментика, иницијалите и колоритноста во смисла на постојано користење црно и црвено мастило го даваат тој раскошен визуелен впечаток кога ерминијата се зема во раце и се чита нејзината содржина.

ERMINIJA-DICO-ZOGRAF-korica

Каде ќе барате одговори на дел од прашањата што ги отворате во „Ерминија“ (1844 г.) и, според вас, колкава е нивната важност? На пример, како оваа, но и ерминијата на Дичо Зограф од 1851 година доспеале во Бугарија и зошто неговиот внук Крсто Аврамов во 1885 година составил свој зографски прирачник?
– Околностите влијаеле и двете ерминии на Дичо Зограф денес да се чуваат во ракописните и музејски збирки во Бугарија. Како стигнале тие во Бугарија засега многу малку се знае. Постарата ерминија од 1844 година, до пред Втората светска војна се чувала во Видин, а потоа станува сопственост на Асен Василиев, кој во 1976 година ја објавува на современ бугарски јазик. Подоцна, таа е откупена од центарот „Проф. Иван Дујчев“ и денес е дел од нивната ракописна збирка. Останува отворено прашањето зошто внукот на Дичо, Крсто Аврамов, составува своја ерминија, трета во семејството на Дичо Крстевич и дали тоа е препис од постарите Дичови прирачници?

Долгогодишен проучувач сте на животот и творештвото на Дичо Зограф, планирате ли и во пандемичнава година како научен советник во истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ да продолжите со истражувања и со публикување на добиените сознанија од оваа, но и од другите области во кои работите?
– Нашите истражувања не завршуваат со објавувањето на постарата ерминија на Дичо Зограф, тие со нови импулси продолжуваат. Ние како истражувачки центар за културно наследство продолжуваме со истражувањата и објавувањето на втората негова ерминија од 1851 година, која, морам да нагласам, во многу нешта се разликува од постарата, како и на неговите, сѐ уште необјавени, и за истражувачите непознати дела од Грција. Истражувањата на уметноста од 19 век и времето на преродбата се една од важните програмски определби на Истражувачкиот центар. Особено внимание на овој период од нашата културна историја посветуваше и акад. Цветан Грозданов, неговиот основач. Ние помладите истражувачи продолжуваме и интензивно работиме на подготовка на еден обемен материјал, кој ќе биде прв систематизиран преглед на спомениците и уметноста од времето на 19 век во Македонија. Во него средишно место зазема Дебарско-мијачката зографска школа и, се разбира, монументалниот опус на Дичо Зограф.

Го стави ли корона-кризата под прашање одржувањето на годинашната, петта во низа, меѓународна летна слепченска школа во демирхисарското село Слепче, планирана за есенва? Што предвиде програмата?
– ИЦКН „Цветан Грозданов“ и покрај актуелната состојба со корона-кризата ги почна подготвителните активности за реализирање на предвидената програма во рамките на петтата Демирхисарско-слепченска летна школа. Дел од активностите, продолжување на археолошките истражувања на манастирскиот комплекс, се предвидени за крајот на јули и за првата половина на август, а преостанатите, меѓу кои посебно ја издвојувам третата меѓународна научна конференција „Манастирот Слепче, духовен, книжевен и уметнички центар“ е поместена за крајот на септември. На наше големо задоволство во печат е книгата за црквата „Св. Никола“ во Слепче како прво издание во едицијата на посебни изданија, монографии од летната школа. Во печат е предаден и Зборникот на трудови од Втората меѓународна научна конференција, кој ќе биде промовиран на отворањето на годинашната конференција во септември. Сакам да најавам дека оваа година Истражувачкиот центар за културно наследство учествува во организација на првата малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“, која ќе се одржува на почетокот на септември во Тресонче, родното место на Дичо и во манастирот Бигорски. Таа ќе биде од меѓународен карактер за што веќе имаме потврди од учесници од странство, а непосредниот поттик го даде позитивниот одзив на одбележувањето на 200-годишнината од раѓањето на Дичо Зограф.

Извор: Нова Македонија

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Втора малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

  Под покровителство на Министерството за култура и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, на 5 октомври 2021 година, во с. Тресонче свечено ќе биде отворена Втората малореканска школа „По патеките на Дичо Зограф“. На отворањето на Школата, во дворот на...

Адети и песни кои се пееле за празникот Св.Ѓорѓија (Ѓурѓовден) во Мијачијата

Автор: Мојсо Поповски/lazaropolee.blogspot Песните се запишани од Васил Икономов Поповски Димкоски, објавени во Солун 1895 година, во “зборник од старо-народни умотворенија од дебарско, кичевско и охридско”. Ѓурѓовденските песни започнуваат од страна 45 до страна 49 од зборникот, со...

Нова божикна каланда „Христос се раѓа, на светот радост“

Традиционално, и овој Бадник, Здружението “Бадникови поворки” со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божикен спот како подарок за верниот народ. -Деновиве, на голема радост на сите, во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорската...

БАДНИКОВИ ПЕСНИ И АДЕТИ

Во Дебарско особено во нашите малорекански села, вечерта спроти бадникот се подготвуваат лебови што се викаат колаци, со различни форми. Заедно со овие колаци (или колендари) замесуваат по еден голем леб што се вика чист леб, којшто го јадат на првиот ден на Божикот, кога повозрасните деца варат...

Карактеристики на мијачката куќа

При анализата на градителството и градителските традиции во Македонија, и пошироко на Балканот, сите автори се согласуваат дека Мијачкиот крај е местото од каде што потекнува плеада на мајстори градители. Неколкугодишните истражувања на терен, недвосмислено упатија на нивниот особено различен...

Постарата ерминија на Дичо Зограф е најобемното дело на народен јазик од 19 век во Македонија

Јазикот на кој е напишана допрва ќе биде предмет на научен интерес на лингвистите што ги проучуваат нашите македонски дијалекти. Една од особеностите на оваа ерминија е и билингвалноста, двојазичноста, секоја одредница, сигнатура или наслов на сцена е испишан со црковнословенско писмо, заедно со...

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Мене куршум ме пронижа, на мајка ми да кажете Максима го женивме за црна земја македонска

Мене куршум ме пронижа, ако некој жив остане, на мајка ми да кажете Максима го оженивме за црна земја македонска, се вели во песната за војводата Максим Ненов од Тресонче, кој на денешен ден загинал за слобода на Македонија. На 29 мај 1903 година, на планината Голак, под врвот Чавките во...

Бошкачки, вториот јазик на Мијаците

Скивај, скивај каква манука ни догуруват одозгора. Ама е апсика како десетка. Апсика е вајзана, ама имат и апсик манук. Абре е апсик, ама е многу плак. Не го бидува за такечинење. Жилкај и не боботари. Го скива манукот да ѕверкат како лајаче. Ваков дијалог иако звучи како да е воден на некој...

Димитар Аврамовски Пандилов

Потекнува од фамилијата Дичовци, една од најстарите зографски фамилии што ги дала областа Дебар со Галичник и околните села во XVIII и XIX век. Селото Тресонче е татковина на прочуените резбарски, зографски и градителски фамилии. Оттука се Рензовци – Зографски, Печаровци и Дичовци. Според...

Водици во Битуше – обичај кој заслужува да биде заштитен од УНЕСКО

Автентичноста на празнувањето Водици во Битуше е изразена преку висок степен на присутност на изворното негување на верувањата, сродството, традиционалните носии, обредните песни, ора и зачуваноста на обредните реквизити кои се користат, пред сѐ литискиот крст во секое од кумствата”, се вели во...

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

December 2021
M T W T F S S
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ