Тресонче ја организира првата 11 Октомвриска Тура – Тресонечка Долина

by | Sep 20, 2020 | настани, планинарење, соопштенија, спорт и рекреација

Автор: Жан Илиќ

На ден 10ти Октомври по повод државниот празник 11ти Октомври за прв пат ја организираме планинарската тура , кружна прошетка околу долината на Тресонче. Се надеваме дека од оваа година ќе прерасне во убава Октомвриска традиција на нашето село Тресонче. Патеката ќе се движи по шумските патеки на нашите предци, патишта по кои тие работеле, живееле и се движеле секојдневно. Ќе ги посетиме месностите Сечен Камен, Змејовица, Змејово Чардаче, Изворот на Тресонечка Река, Гуменце, Брзовец и преку Присој ќе се вратиме во Тресонче на Леништа. Овие за нас, од кажувања топоними и локации, беа до скоро обраснати , непроодни и препуштени на забот на времето, но еве, денес ги имаме сите патеки до нив исчистени, маркирани, проодни и ни ја прикажуваат убавината на нашата Тресонечка Долина во полн сјај.

11 октомвриска тура – Жан

Патеката на движење е безбедна и спаѓа во класата на Средна тежина и се надеваме дека Тресончани и драгите пријатели и љубители на планинарењето ќе дојдат на незаборавна прошетка во голем број. ДЕТАЛИ за турата: почеток : 09ч на Леништа (собирот е во 08:45!) должина : 17км вкупна висинска разлика : 1390м (uphill) максимална нмв : 1590м (Гуменце) минимална нмв : 1006м (Леништа) Вкупно времетраење: околу 6.5 ч (со пауза за оброк) ОСНОВНИ ПРЕПОРАКИ: . планинарски обувки . еден лесен оброк по учесник . сад/термос за вода . соодветна облека /види метео прогноза . препорачано е за деца над 14г. Турата ќе има т.н. познавачи на теренот – водичи, 2 до 3 лица представници на З.Г. Брзовец кои ќе се грижат за правецот и тајмингот како и за почитување на препораките . Мерките за заштита од Ковид 19 ќе бидат истакнати на видно место. Ве очекуваме на 10ти Октомври на Леништа! Здружение на Граѓани “Брзовец“

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Подвиг на Бистра: Спасени двајца вработени на мобилен оператор по цела ноќ во снежно „заложништво“

Зимата на планината Бистра уште еднаш ја покажа својата сурова страна. Изминатиов викенд, во атарот на нашето соседство, се одвиваше вистинска спасувачка драма која траеше повеќе од девет часа. Главни актери беа двајца теренски работници кои, извршувајќи ги своите работни обврски во екстремни...

Тресонче отсечено – паднати бандери ја исклучија струјата, патот од Гарски мост е премногу ризичен!

Од раните утрински часови, поточно од 05:00 часот по полноќ, жителите на село Тресонче, Селце, Росоки и околните населени места се соочуваат со целосен прекин во снабдувањето со електрична енергија. 🛠 Локација на дефектот и работа на ЕВН По контактирање на дежурните служби во ЕВН, добивме потврда...

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Невреме и тешко проодни патишта во западна Македонија

⚠️ Критична состојба на патиштата: Скопје-Тетово, Кичево-Охрид и Маврово-Дебар се тешко проодни поради невремето. Прочитајте ги деталите и советите за безбедно возење.

Известување за корекција на придонесот за вода и комуналии

Почитувани Тресончани, сопственици на имот и љубители на нашето село, Сакаме да ве информираме дека на последниот состанок на Извршниот одбор на Здружението на граѓани „Брзовец“, по детална анализа на состојбите и трошоците, донесена е неопходна одлука за корекција на износот на годишниот придонес...

Од инцидент до решение: нов објект за контејнерите во Тресонче

Во последниот период имавме неколку инциденти со посети на мечка, при што беше разрушувана заштитната ограда и дел од отпадот завршуваше во долот. Наместо да се помириме со проблемот, заедно најдовме трајно решение. Ново, безбедно место за контејнерите Со финансиска поддршка од АутоГруп, изграден...

Заврши шестата Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“ (30 август – 4 септември 2025)

Во периодот од 30 август до 4 септември 2025, Мијачкиот крај повторно стана духовно-научно средиште. Ова издание беше и најбројното досега, со учесници и гости од земјата и странство, меѓу кои и професори од Белград и Софија. Школата се одржа под покровителство на Бигорскиот Манастир „Св. Јован...

Шестата Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“ во Тресонче

Со големо задоволство ја најавуваме одржувањето на шестото издание на Малореканската летна школа „По патеките на Дичо Зограф“, кое ќе се одржи на 30 август 2025 година во живописното село Тресонче. Настанот традиционално ќе започне во 11:00 часот, во црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“, како што...

Забрана за движење во шумите од 1 јули до 31 август поради зголемен ризик од пожари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ја информира јавноста дека од 1 јули 2025 година стапува во сила целосна забрана за движење во сите шуми и шумски подрачја низ територијата на Република Северна Македонија. Забраната ќе трае до 31 август 2025 година, како дел од...

Заврши петтата Малореканска летна школа – „По патеките на Дичо Зограф“

Во периодот од 1 до 6 септември 2024 година, Бигорскиот Манастир беше домаќин на значаен културно-научен настан – петтата Малореканска летна школа. Овој школа посветено се занимава со духот на мијачката уметност и култура и е посветена на истражувањето на делото на еден од најголемите македонски...

Отворена е Петтата „Малореканска летна школа – По патеките на Дичо Зограф“

Во чест на македонскиот зограф Дичо Зограф денеска во неговото родно Тресонче ќе биде отворена петтата по ред Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“. Школата ќе се одржува во црквата „Св. Петар и Павле“ која се наоѓа во селото Тресонче и во Бигорскиот манастир. Под покровителство на...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

March 2026
M T W T F S S
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ