Рускиот конзул во Призрен, Јастребов: Мијаците и Брсјаците не се Бугари ни Срби, тие се македонци, род од посебно племе кое живее во Македонија од древноста

by | Sep 13, 2016 | историја, личности

Во својот извештај, рускиот конзул во Призрен, Јастребов, упатен до министерот за надворешни работи Н.К.Гирс му пишува:

“Како што е извесно, христијаните од Тетовската (Калканделенска) околија, макар што по потекло не се Бугари (тие впрочем не се ни Срби, туку се Македонци, по име Мијаци и Брсјаци), во поголемиорт број се оддалечија од Грчката патријаршија и преминаа на страната на бугарската Егзархија, па до војната имаа и свој митрополит.

Во Тетовската (Калканделенска) околија од моја страна не се прикажани ниту Бугари, ниту Срби, туку се прикажани како Словено-Срби, поради тоа што тамошните жители не и припаѓаат на бугарската народност, како што обично се тврди, но исто така не би било во ред тие исцело да се сметаат меѓу српската народност. Според јазикот, впрочем, тие стојат многу поблиску до Србите, отколку до Бугарите, исто како и речиси сите Словени од целата Скопска губернија. Меѓутоа, во суштина тие претставуваат род од едно посебно племе под името Мијаци и Брсјаци, кои во Македонија живеат од древноста и се имаат нарекувано де Бугари, кога влегувале во составот на Бугарското цар-ство, де Срби, додека со нив владееле српските кралеви и цареви, Турските власти нив ги нарекуваат Бугари, исто како и сите Срби (православни) што живеат по овдешниве краишта, за разлика од Србите во Кнежевството…”

С. Дракул, Руските дипломатско-стратешки контроверзи околу македонското прашање, 100 години . од основањето на ВМРО и 90 години од Илинденското востание, стр. 362;

Превземено од Македонска Нација

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Заврши петтата Малореканска летна школа – „По патеките на Дичо Зограф“

Во периодот од 1 до 6 септември 2024 година, Бигорскиот Манастир беше домаќин на значаен културно-научен настан – петтата Малореканска летна школа. Овој школа посветено се занимава со духот на мијачката уметност и култура и е посветена на истражувањето на делото на еден од најголемите македонски...

Трета Малореканска Зографска Школа

Почитувани, Како и минатите години (веќе традиционално) ќе се оддржи малореканската летна школа “По патеките на Дичо Зограф”. Отворањето на школото ќе биде на 03.09.22 со почеток во 11ч во дворот на црковниот храм Св.Ап. Петар и Павле во с.Тресонче. На отворањето најавени се гости од...

Втора малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

  Под покровителство на Министерството за култура и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, на 5 октомври 2021 година, во с. Тресонче свечено ќе биде отворена Втората малореканска школа „По патеките на Дичо Зограф“. На отворањето на Школата, во дворот на...

Адети и песни кои се пееле за празникот Св.Ѓорѓија (Ѓурѓовден) во Мијачијата

Автор: Мојсо Поповски/lazaropolee.blogspot Песните се запишани од Васил Икономов Поповски Димкоски, објавени во Солун 1895 година, во “зборник од старо-народни умотворенија од дебарско, кичевско и охридско”. Ѓурѓовденските песни започнуваат од страна 45 до страна 49 од зборникот, со...

Нова божикна каланда „Христос се раѓа, на светот радост“

Традиционално, и овој Бадник, Здружението “Бадникови поворки” со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божикен спот како подарок за верниот народ. -Деновиве, на голема радост на сите, во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорската...

БАДНИКОВИ ПЕСНИ И АДЕТИ

Во Дебарско особено во нашите малорекански села, вечерта спроти бадникот се подготвуваат лебови што се викаат колаци, со различни форми. Заедно со овие колаци (или колендари) замесуваат по еден голем леб што се вика чист леб, којшто го јадат на првиот ден на Божикот, кога повозрасните деца варат...

Карактеристики на мијачката куќа

При анализата на градителството и градителските традиции во Македонија, и пошироко на Балканот, сите автори се согласуваат дека Мијачкиот крај е местото од каде што потекнува плеада на мајстори градители. Неколкугодишните истражувања на терен, недвосмислено упатија на нивниот особено различен...

Постарата ерминија на Дичо Зограф е најобемното дело на народен јазик од 19 век во Македонија

Јазикот на кој е напишана допрва ќе биде предмет на научен интерес на лингвистите што ги проучуваат нашите македонски дијалекти. Една од особеностите на оваа ерминија е и билингвалноста, двојазичноста, секоја одредница, сигнатура или наслов на сцена е испишан со црковнословенско писмо, заедно со...

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Мене куршум ме пронижа, на мајка ми да кажете Максима го женивме за црна земја македонска

Мене куршум ме пронижа, ако некој жив остане, на мајка ми да кажете Максима го оженивме за црна земја македонска, се вели во песната за војводата Максим Ненов од Тресонче, кој на денешен ден загинал за слобода на Македонија. На 29 мај 1903 година, на планината Голак, под врвот Чавките во...

Бошкачки, вториот јазик на Мијаците

Скивај, скивај каква манука ни догуруват одозгора. Ама е апсика како десетка. Апсика е вајзана, ама имат и апсик манук. Абре е апсик, ама е многу плак. Не го бидува за такечинење. Жилкај и не боботари. Го скива манукот да ѕверкат како лајаче. Ваков дијалог иако звучи како да е воден на некој...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

January 2025
M T W T F S S
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ