Поради зголемена фреквенција на возила која се очекува по повод претстојниот празник Петровден кои би сообраќале на патниот правец Бошков Мост – Тресонче, а посебно по кракот после Осој односно м.в. Врањска Краста кон Тресонче и попатните села, на фејсбук страната “с. Тресонче” се обрати претседателот на селскиот одбор Жан Илиќ со соопштение:
“ВНИМАНИЕ! ВАЖЕН СОВЕТ! до сите посетители, гости во Тресонче ова лето при возење со автомобил кон и од Тресонче НЕ СЕ ВОЗДРЖУВАЈТЕ ОД КОРИСТЕЊЕ НА СИРЕНАТА НА ВАШИОТ АВТОМОБИЛ. Патот е многу обраснат со зеленило, да.. живописен е но и многу непрегледен и опасен Затоа, СВИРЕТЕ на кривините! Возете поспоро од вообичаено и свирнувајте одвреме навреме. Сеуште сме во очекување Општина Маврово – Ростуше да одговори на нашите барања за чистење / отворање на патот.”
Инаку празникот на селото предвидено е да се одбележи на 13.07.2019(Сабота) со организирано присуство на музички ансамбл.
0 Comments