Воскресение Христово – Пасха во Тресонче

by | May 2, 2021 | настани, религија, соопштенија

Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им подари!

На ден 01.05.2021, на наше големо радување, по повеќе декади, црковниот одбор на село Тресонче организираше литургија со литија по повод Христовото Воскресение – Велигден.

Во сепразничната и спасителна ноќ, која ни го навестува Празникот над празниците и победата на Животот над смртта, во нашиот соборен храм Св. Апостоли Петар и Павле беше објавено Христовото Воскресение, по што беа отслужени Свети Божествени Златоустови Литургии, на кои верниците се причестија со Светите Христови Тајни. Со прекрасната и незаборавна богослужба чиноначалствуваше отец Благоја Спировски.

Црковниот одбор на Тресонче изрази големо задоволство и благодарност до сите верници од Тресонче и соседните села кои земаа учество и присуствуваа на светиот чин,  посебно најмладите членови, како и оние кои несебично се вложија во подготивките на истото.

Од одборот известуваат дека интенцијата е овој свет настан да прерасне во една убава традиција на одбележување на најголемиот христијански празник со што ќе заживее селото и црквата за овие празнични денови.

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Заврши петтата Малореканска летна школа – „По патеките на Дичо Зограф“

Во периодот од 1 до 6 септември 2024 година, Бигорскиот Манастир беше домаќин на значаен културно-научен настан – петтата Малореканска летна школа. Овој школа посветено се занимава со духот на мијачката уметност и култура и е посветена на истражувањето на делото на еден од најголемите македонски...

Отворена е Петтата „Малореканска летна школа – По патеките на Дичо Зограф“

Во чест на македонскиот зограф Дичо Зограф денеска во неговото родно Тресонче ќе биде отворена петтата по ред Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“. Школата ќе се одржува во црквата „Св. Петар и Павле“ која се наоѓа во селото Тресонче и во Бигорскиот манастир. Под покровителство на...

Чести одрони на патиштата во Дебарско, на Маврово снег

Обилните врнежи од дожд на патните правци во поширокиот дебарски регион предизвикаа чести одрони на патните правци, а утрово на Маврово има и слаби врнежи од снег. Поради одроните, но и влажните коловози од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта...

Трета Малореканска Зографска Школа

Почитувани, Како и минатите години (веќе традиционално) ќе се оддржи малореканската летна школа “По патеките на Дичо Зограф”. Отворањето на школото ќе биде на 03.09.22 со почеток во 11ч во дворот на црковниот храм Св.Ап. Петар и Павле во с.Тресонче. На отворањето најавени се гости од...

Заврши втората малореканска научна конференција

Во периодот од 5 до 9 октомври, Свештената Бигорска Обител беше домаќин на Втората малореканска научна конференција, насловена како: „По патеките на Дичо Зограф“, којашто се одржа со благослов на нашиот надлежен Митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски и со благослов и иницијатива на Епископ г....

Втора малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

  Под покровителство на Министерството за култура и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, на 5 октомври 2021 година, во с. Тресонче свечено ќе биде отворена Втората малореканска школа „По патеките на Дичо Зограф“. На отворањето на Школата, во дворот на...

ЗГБ ве поканува на планинарската прошетка „Тресонечкa Долина“

На ден 10ти Јули по повод Петровден –слава на с.Тресонче, ЗГ Брзовец ја организира втората традиционална планинарската тура , кружна прошетка околу долината на Тресончка река. Патеката ќе се движи низ Тресонечкиот сињор, ќе ги посетиме месностите Рофјосан Камен, Змејовица, Змејово Чардаче, Изворот...

Адети и песни кои се пееле за празникот Св.Ѓорѓија (Ѓурѓовден) во Мијачијата

Автор: Мојсо Поповски/lazaropolee.blogspot Песните се запишани од Васил Икономов Поповски Димкоски, објавени во Солун 1895 година, во “зборник од старо-народни умотворенија од дебарско, кичевско и охридско”. Ѓурѓовденските песни започнуваат од страна 45 до страна 49 од зборникот, со...

Воскресение Христово – Пасха во Тресонче

Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им подари! На ден 01.05.2021, на наше големо радување, по повеќе декади, црковниот одбор на село Тресонче организираше литургија со литија по повод Христовото Воскресение – Велигден. Во сепразничната и...

Годишно обраќање за 2020 – ЗГ Брзовец

Претседателот на Здружението на граѓани за развој на с.Тресонче “БРЗОВЕЦ“, г-дин Јосиф Саржоски денеска излезе со писмено годишно обраќање во кое изнесува краток осврт на 2020 година, каде ги истакнува активностите околу овозможување достапност до водопадите и пештерите кои се составен дел на...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

December 2024
M T W T F S S
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ