ЗГБ ве поканува на планинарската прошетка „Тресонечкa Долина“

by | Jun 29, 2021 | настани, планинарење, соопштенија

На ден 10ти Јули по повод Петровден –слава на с.Тресонче, ЗГ Брзовец ја организира втората традиционална планинарската тура , кружна прошетка околу долината на Тресончка река. Патеката ќе се движи низ Тресонечкиот сињор, ќе ги посетиме месностите Рофјосан Камен, Змејовица, Змејово Чардаче, Изворот на Тресонечка Река, Гуменце, Брзовец и преку Присој ќе се вратиме во Тресонче на Леништа.

За Љубителите на кампување во природа, има подготвено соодветно место за поставување шатори.

Објектот “Стара Задруга” лоциран на местостото викано Лениште, средсело, непосредно до самиот камп ќе работи целиот викенд и во истиот ќе се служат ладни пијалоци, одлично кафе и сл.

Вечерта на 10.06.2021 ќе се организира и мала забава со логорски оган и музика .

Поканети се сите Тресонче ни, пријатели и секако сите учесници на прошетката.

Патеката на движење е безбедна и спаѓа во класата на средна тежина и се надеваме дека Тресончани и драгите пријатели и љубители на планинарењето ќе дојдат на незаборавна прошетка во голем број.

ДЕТАЛИ за турата: почеток : 09ч на Леништа (собирот е во 08:45!) должина : 17км вкупна висинска разлика : 1390м (uphill) максимална нмв : 1590м (Гуменце) минимална нмв : 1006м (Леништа) Вкупно времетраење: околу 6.5 ч (со пауза за оброк)

ОСНОВНИ ПРЕПОРАКИ:

  • планинарски обувки
  • еден лесен оброк по учесник
  • сад/термос за вода
  • соодветна облека /види метео прогноза
  • препорачано е за деца над 14г.

Турата ќе има т.н. познавачи на теренот, 2 до 3 лица представници на З.Г. Брзовец кои ќе се грижат за правецот и тајмингот како и за почитување на препораките .

За секоја подетална информација контактирајте не на 071-314-606 – Стефан.

Мерките за заштита од Ковид 19 ќе бидат истакнати на видно место. Ве очекуваме на 10ти Јули на Леништа!

Подолу споделуваме дел од моментите од минатата година:

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Заврши петтата Малореканска летна школа – „По патеките на Дичо Зограф“

Во периодот од 1 до 6 септември 2024 година, Бигорскиот Манастир беше домаќин на значаен културно-научен настан – петтата Малореканска летна школа. Овој школа посветено се занимава со духот на мијачката уметност и култура и е посветена на истражувањето на делото на еден од најголемите македонски...

Отворена е Петтата „Малореканска летна школа – По патеките на Дичо Зограф“

Во чест на македонскиот зограф Дичо Зограф денеска во неговото родно Тресонче ќе биде отворена петтата по ред Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“. Школата ќе се одржува во црквата „Св. Петар и Павле“ која се наоѓа во селото Тресонче и во Бигорскиот манастир. Под покровителство на...

Чести одрони на патиштата во Дебарско, на Маврово снег

Обилните врнежи од дожд на патните правци во поширокиот дебарски регион предизвикаа чести одрони на патните правци, а утрово на Маврово има и слаби врнежи од снег. Поради одроните, но и влажните коловози од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта...

Трета Малореканска Зографска Школа

Почитувани, Како и минатите години (веќе традиционално) ќе се оддржи малореканската летна школа “По патеките на Дичо Зограф”. Отворањето на школото ќе биде на 03.09.22 со почеток во 11ч во дворот на црковниот храм Св.Ап. Петар и Павле во с.Тресонче. На отворањето најавени се гости од...

Заврши втората малореканска научна конференција

Во периодот од 5 до 9 октомври, Свештената Бигорска Обител беше домаќин на Втората малореканска научна конференција, насловена како: „По патеките на Дичо Зограф“, којашто се одржа со благослов на нашиот надлежен Митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски и со благослов и иницијатива на Епископ г....

Втора малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

  Под покровителство на Министерството за култура и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, на 5 октомври 2021 година, во с. Тресонче свечено ќе биде отворена Втората малореканска школа „По патеките на Дичо Зограф“. На отворањето на Школата, во дворот на...

ЗГБ ве поканува на планинарската прошетка „Тресонечкa Долина“

На ден 10ти Јули по повод Петровден –слава на с.Тресонче, ЗГ Брзовец ја организира втората традиционална планинарската тура , кружна прошетка околу долината на Тресончка река. Патеката ќе се движи низ Тресонечкиот сињор, ќе ги посетиме месностите Рофјосан Камен, Змејовица, Змејово Чардаче, Изворот...

Воскресение Христово – Пасха во Тресонче

Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им подари! На ден 01.05.2021, на наше големо радување, по повеќе декади, црковниот одбор на село Тресонче организираше литургија со литија по повод Христовото Воскресение – Велигден. Во сепразничната и...

Годишно обраќање за 2020 – ЗГ Брзовец

Претседателот на Здружението на граѓани за развој на с.Тресонче “БРЗОВЕЦ“, г-дин Јосиф Саржоски денеска излезе со писмено годишно обраќање во кое изнесува краток осврт на 2020 година, каде ги истакнува активностите околу овозможување достапност до водопадите и пештерите кои се составен дел на...

Пролетниот снег донесе лавини и забрана за движење

Поради големи врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар, соопштија од АМСМ. Забраната почнува да важи од 10:15 часот, и ќе важи додека не се расчисти ситуацијата. „Од 10:15часот поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

December 2024
M T W T F S S
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ