За Мијаците 2 дел

by | Apr 29, 2016 | историја, мијаци

Истражувајќи го минатото, прилепчанецот Георги Трајчев (1869 – 1945) во својата „Книгата за Мијаците (Македонска библиотека No 12, Софија, 1941) ќе забележи интересен податок дека Мијаците се древно племе. Тој посочува дека Благоја Димитров, публицист и општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, вели дека „во градот Битола бил откриен гроб од римско време на кој имало натпис „Тука почива војсководец, по потекло Мијак“.

Уште во предговорот на својата книга за Мијаците, за кој веќе пишувавме, Трајчев  ќе посочи дека  „Во својот живот како егзархиски училишен инспектор во Дебарската епархија, во чиј реон припаѓа и Реканскиот, имал доволно можност да го проучи минатото…“  За да може да ја разјасни мистеријата за потеклото на таинствените и талентирани Мијаци, тој првично во својата книга се навраќа на нивната територија и нивниот начин на живот на тој дел.

Опишувајќи ја Мала Река, Трајчев вели: „Волшебна е земјата која ја населуваат Мијаците. Затворена меѓу Шар, Кораб, Бистра, Стогово, и поврзана со раскошни долини, напоени од бистрите води на река Радика и нејзините притоки – Река е рајско катче. Нејзините населби, распослани по врвовите, огранците и полите од тој Балкан, со своите солидни куќи и убави чардаци, се богати со раскази за четката на прочуените сликари и перото на надарените писатели. Во текот на 1838 година, кога патувал Гризбах за да ја проучува месната флора, набљудувајќи останал запрепастен од впечатокот кој го оставиле раскошните пејсажи кои блескаа пред неговите очи. На овие природни убавини, се должи можеби, и талентот, природната интелигенција и високи духовни квалитети на ова мијачко население“.

Всушност, како што вели авторот, „зарем не гледаме дека прочуените мајстори уметници (сликари и резбари), ненадминати досега по својата уметност, потомци на т.н. „Дебарска школа“, произлегуваат токму од тој крај (рекански) и од мијачкиот род. Чедата на мијачкото племе, одгледани, исхранети и израснати во тој волшебен земен рај, без секаква наука и школување, творат со својата четка и длето слики и резби какви ретко се сретнуваат на друго место во нашата земја. Наместо разни земјоделски култури и други градинарски производи, какви се раѓаат на други места, тука, во реканско, во недостаток од плодна земја, се раѓаат надарени луѓе: уметници (сликари и резбари), архитекти и мајстори (градежници), творци на прочуените македонски везови (Смилевска носија); сите израснати дома – воспитаници на домашната школа, не виделе изложба и музеј, ниту поука и раководство на странска рака“.

Сосема е нормално човек да се запраша кој е овој таинствен народ со толку многу надарени луѓе? Дали Мијаците се првобитни поселници во тој крај или тука се појавиле подоцна од други краеви на Македонија – ќе се запраша и Георги Трајчев, кој одговорот првично се обидува да го најде во Мала Река, која по својата местоположба е тешко достапна.

Меѓутоа, правејќи споредба со друго месно население, Трајчев пишува: „Мијаците се премногу интелигентни, а главното занимање им е сточарството (овчарството). Ако им беа корените на денешното место на живеење, тие би биле… некултурни, слабо интелигентни, дури под нивото на секоја култура“. Оттука тој претпоставува дека Мијаците се населиле од некој друг крај. Во своето истражување за потеклото на Мијаците тој го бележи тврдењето на Галичани кои говорат дека „тие се доселеници од околината на Солунско…“ и дека  „старите Мијаци првично биле населени во солунската област, во соседство со Брсјаците“.

Мијаците во Солунско, како што го пренесува Трајчев тврдењето на Галичани, „првично биле земјоделци и сточари и биле доста имотни. А бидејќи во блиско соседство со Солун, имале близок контакт со урбаното население, тргувале таму и станале доста богати“. Причините за преселбите настанала „откако сточарството кое било подоходовно, тие го прифатиле, а го оставиле земјоделието. Така тие зиме си останувале во Солунско поле, со своите стада, а во пролет и лете се прибирале на разграноците на планината Бистра“ – ќе забележи авторот.

Врз основа тврдењата на самите Мијаци, Трајчев го објаснува и создавањето на населените места и вели: „Првично тие живееле тука номадски, иако со себе ги воделе и своите деца со стадата. Подоцна, сепак, почнале да ја населуваат областа, притоа неправејќи избор на местото за нивното производство, бидејќи како сточари ниту саделе, ниту пак имале можност да ја обработуваат земјата. Тие гледале да има добро засолниште за стоката, да има вода, добри пасишта, дрва и заштитено место од ветровите. Сите тие услови ги имале во тој крај. Така тие стануваат од скитници постојани жители, додека само овците презимувале на друго место“.

Така, како што пишува авторот „се објаснува првичното населување на Мијаците по Реканско, а после поради размножување се создаваат една по друга нови населби“.  Меѓутоа, Трајчев сеуште го нема вистинскиот одговор од каде води потеклото на Мијаците. Оттука, за да го објасни нивното потекло се користи со дотогашните достапни историски сознанија. Користејќи се со овие податоци, кои често се пишувани во контекст на пропагандната војна за завојување на Македонија, Георги Трајчев се обидува да ја докаже посебноста на Мијаците, а на индиректен начин и на Македонците, па во тој контекст за мијачкото племе пишува:

„Ако тоа е остаток од Аспаруховите прабугари, немаше да ја има таа особеност, ако пак Самуилов потомок, ќе личеше на Брсјак, од кое племе, според нашите научници, потекнува Самоиловиот род. Брсјаци се денешните: кичевчани, прилепчани, охриѓани и други кои ја населуваат Западна Македонија, но ретка и некомпатибилна е разликата меѓу Брсјакот и Мијакот. Толку е очевидна разликата меѓу едните и другите така да е абсурд да се дозволи еднакво потекло. Има автори кои претпочитаат дека Мијаците потекнуваат од Самуиловиот род. Добро, но историјата го посочува Самуил како дел од брсјачкото племе, или од ерменското. Тогаш треба да се допушти теоријата дека или Самуил не е Брсјак, или Мијаците не се Сауилови потомци. Ако доста верно и историски е докажано дека родот на Самуил е брсјачки или ерменски, тогаш нема зошто да ги посочиме Мијаците за негови роднини. Нивното потекло треба да го бараме на друго место. Каде на друго место, сепак, рековме дека ниту еден бугарски клон, од денешното суштествено племе, нема одлики и карактерни црти на Мијаците.  Тогаш треба да се обрнеме во далечното минато, подалеку од Самуиловото време, уште при формирањето на нашата нација и државна самостојност. Познато е, дека нашите претци наишле на Балканот на многу славјански племиња на кои им го дале своето им (Бугари), а од нив го презеле јазикот, навиките и обичаите. Ете тука, јас мислам дека токму меѓу тие славјански племиња треба да се бара потеклото на нашите Мијаци, штом тој недостасува накаде меѓу племињата“.

Видливо е дека авторот, со оглед на времето кога и каде ја издава книгата (1941, Софија) го прикрива своето потекло, но недвосмислено прави јасна дистинкција меѓу дојдените Бугари и славјанските племиња кои живееле на Балканот, односно во Македонија, а со тоа и на Мијаците како дел од нив.

Во тој контекст Трајчев продолжува да трага по потеклото на Мијаците. Бидејќи „историјата, сепак, не посочува директно такво славјанско племе – Мијаци, тој се насочува на тврдењето на мијачкото население од Галичник, кое вели дека: „Потекнува од Солунско, од околината на река Галик“, дека „таму нивните прадедовци живееле  со номадски живот, со многубројните стада овци и коњи“, како и тоа дека „пред илјада години се раселени оттука, а за време на турскиот режим слегуваа со своите стада пак накај солунскиот крај, за презимување (на кшла)“.

Врз основа на ова тврдење Трајчев се навратува илјада години во минатото кое авторот го води до преданието во кое се говори дека Првиот Охридски архиепископ Јован бил Мијак. Според ова предание, Трајчев ќе напише: „тој како монах и пустиножител, се подвизувал во околината на Галичник. Галичани му носеле храна во пештерата, спроти секој петок. И денес, по стар обичај, даваат од секоја куќа по едно лепче (просфора)  дар за манастирот св. Јован Бигорски спроти празникот св. Патка (14 октомври ст. ст.) за спомен. Јован е избран за архиепископскиот престол во 1018 година. Значи, во таа година веќе имаме Мијаци (денешни Галичани) во овој крај – рекански. А населбата Галичник изгледа е основана во многу постаро време од 1018, кога се дарвал Јован со храна. Враќајки се така назад, доаѓаме до ерата кога прабугарите навалиле на славјанските племиња околу Солунско. На овој начин се доближуваме до веројатноста дека Галичани всушност потекнуваат од Солунско и дека се иселуваат многу време пред Самуил и Јован (1018 година)“.

Врз основа на ова предание авторот заклучува дека „денешните Мијаци треба да се остаток од некое славјанско племе, кое го населувало солунскиот крај. Меѓутоа, цитирајќи ги Антон Страшимиров и Благоја Димитров (двајцата со потекло од Македонија), се добива други димензии за древноста на Мијаците. Така, како што пишува Трајчев: „Антон Страшимиров ги нарекува Мијаците и Брсјаците за древни  колена, во својата „Книга за Бугарите“ од 1918 година стр. 52“, а „стариот наш учител Благоја Димитров, публицист и општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, вели дека во градот Битола бил откриен гроб од римско време на кој имало натпис „Тука почива војсководец, по потекло Мијак“.

Појавата на името Мијак на надгробната стела уште од римско време за авторот претставува уште еден доказ дека Мијаците се древно племе.

Извор: mn.mk

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Заврши петтата Малореканска летна школа – „По патеките на Дичо Зограф“

Во периодот од 1 до 6 септември 2024 година, Бигорскиот Манастир беше домаќин на значаен културно-научен настан – петтата Малореканска летна школа. Овој школа посветено се занимава со духот на мијачката уметност и култура и е посветена на истражувањето на делото на еден од најголемите македонски...

Трета Малореканска Зографска Школа

Почитувани, Како и минатите години (веќе традиционално) ќе се оддржи малореканската летна школа “По патеките на Дичо Зограф”. Отворањето на школото ќе биде на 03.09.22 со почеток во 11ч во дворот на црковниот храм Св.Ап. Петар и Павле во с.Тресонче. На отворањето најавени се гости од...

Втора малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

  Под покровителство на Министерството за култура и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, на 5 октомври 2021 година, во с. Тресонче свечено ќе биде отворена Втората малореканска школа „По патеките на Дичо Зограф“. На отворањето на Школата, во дворот на...

Адети и песни кои се пееле за празникот Св.Ѓорѓија (Ѓурѓовден) во Мијачијата

Автор: Мојсо Поповски/lazaropolee.blogspot Песните се запишани од Васил Икономов Поповски Димкоски, објавени во Солун 1895 година, во “зборник од старо-народни умотворенија од дебарско, кичевско и охридско”. Ѓурѓовденските песни започнуваат од страна 45 до страна 49 од зборникот, со...

Нова божикна каланда „Христос се раѓа, на светот радост“

Традиционално, и овој Бадник, Здружението “Бадникови поворки” со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божикен спот како подарок за верниот народ. -Деновиве, на голема радост на сите, во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорската...

БАДНИКОВИ ПЕСНИ И АДЕТИ

Во Дебарско особено во нашите малорекански села, вечерта спроти бадникот се подготвуваат лебови што се викаат колаци, со различни форми. Заедно со овие колаци (или колендари) замесуваат по еден голем леб што се вика чист леб, којшто го јадат на првиот ден на Божикот, кога повозрасните деца варат...

Карактеристики на мијачката куќа

При анализата на градителството и градителските традиции во Македонија, и пошироко на Балканот, сите автори се согласуваат дека Мијачкиот крај е местото од каде што потекнува плеада на мајстори градители. Неколкугодишните истражувања на терен, недвосмислено упатија на нивниот особено различен...

Постарата ерминија на Дичо Зограф е најобемното дело на народен јазик од 19 век во Македонија

Јазикот на кој е напишана допрва ќе биде предмет на научен интерес на лингвистите што ги проучуваат нашите македонски дијалекти. Една од особеностите на оваа ерминија е и билингвалноста, двојазичноста, секоја одредница, сигнатура или наслов на сцена е испишан со црковнословенско писмо, заедно со...

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Мене куршум ме пронижа, на мајка ми да кажете Максима го женивме за црна земја македонска

Мене куршум ме пронижа, ако некој жив остане, на мајка ми да кажете Максима го оженивме за црна земја македонска, се вели во песната за војводата Максим Ненов од Тресонче, кој на денешен ден загинал за слобода на Македонија. На 29 мај 1903 година, на планината Голак, под врвот Чавките во...

Бошкачки, вториот јазик на Мијаците

Скивај, скивај каква манука ни догуруват одозгора. Ама е апсика како десетка. Апсика е вајзана, ама имат и апсик манук. Абре е апсик, ама е многу плак. Не го бидува за такечинење. Жилкај и не боботари. Го скива манукот да ѕверкат како лајаче. Ваков дијалог иако звучи како да е воден на некој...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

October 2024
M T W T F S S
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ