Адети за Летник -Пролетник кај Мијаците

by | Apr 1, 2017 | историја, мијаци, религија, фолклор

*Запишано од Панајот Гиноски (1842-1882)
Летник го наречуваме првиот ден од треќи месец – од мартов месец. Во цела година се зноет за четири годишни времиња… А март је најпрви месец пролетен. Затеа нашите стари најпрвиот ден од месецот пролетен го нарекле летник односно пролетник. Тој не је црковен, туку природен празник. Природата која зиме била спала и огрдела, одтуе од овја ден зафаќат кроце по кроце да се разбудуват и разубавуват.
Вечерта спроти ЛЕТНИК-ПРОЛЕТНИК, а едни пак утрината на летник, жените им клавает на децата млници-низалчиња кои што и носит од ЛЕТНИК-ПРОЛЕТНИК до ЃУРЃОВДЕН. Колку мошки (можи, момчиња, деца) се во секоја куќа толку млници-низалки клавает. Децата и носит своите низалки и низалките на другите мошка челат од куќата, затеа едно детуле моет да носит по две, три и четири млници-низалки. Сполај му на Бога за повеќе!
А шо се млници? Млници наречуваме низалче, низалче од неколку старицела-стребрени пари и жлтици, нанижани на еден конец бел и ленен, а другиот конец је од црвена коприна. Двата конци усукани се заедно и сторен је еден конец црвено-бел. Млниците и носит за здравје. Млница имат значение по самото име за млн`а (млња – МОЛЊА) за да и не удирила рофија (гром) пред лето.
Кога излагает и израстувает пролетни нови коприни децата велит: “на сува дрва и камење нека одит треска и огон, а на мене нека доет здравје и весеље!”. Ко ќа доет ЃУРЃОВДЕН жените им и соневает-симнуваат млниците, старицелата-париците, и клавает во кофшежиња, а млниците и клавает на трондафил, за да бидет како него црвен и бел и никаква лошотија да не и фатит да се пишманит од убоцувањето.
Обработил Мојсо Поповски
ФБ коментари

Може да ве интересира…

Заврши петтата Малореканска летна школа – „По патеките на Дичо Зограф“

Во периодот од 1 до 6 септември 2024 година, Бигорскиот Манастир беше домаќин на значаен културно-научен настан – петтата Малореканска летна школа. Овој школа посветено се занимава со духот на мијачката уметност и култура и е посветена на истражувањето на делото на еден од најголемите македонски...

Трета Малореканска Зографска Школа

Почитувани, Како и минатите години (веќе традиционално) ќе се оддржи малореканската летна школа “По патеките на Дичо Зограф”. Отворањето на школото ќе биде на 03.09.22 со почеток во 11ч во дворот на црковниот храм Св.Ап. Петар и Павле во с.Тресонче. На отворањето најавени се гости од...

Втора малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

  Под покровителство на Министерството за култура и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, на 5 октомври 2021 година, во с. Тресонче свечено ќе биде отворена Втората малореканска школа „По патеките на Дичо Зограф“. На отворањето на Школата, во дворот на...

Адети и песни кои се пееле за празникот Св.Ѓорѓија (Ѓурѓовден) во Мијачијата

Автор: Мојсо Поповски/lazaropolee.blogspot Песните се запишани од Васил Икономов Поповски Димкоски, објавени во Солун 1895 година, во “зборник од старо-народни умотворенија од дебарско, кичевско и охридско”. Ѓурѓовденските песни започнуваат од страна 45 до страна 49 од зборникот, со...

Воскресение Христово – Пасха во Тресонче

Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им подари! На ден 01.05.2021, на наше големо радување, по повеќе декади, црковниот одбор на село Тресонче организираше литургија со литија по повод Христовото Воскресение – Велигден. Во сепразничната и...

Нова божикна каланда „Христос се раѓа, на светот радост“

Традиционално, и овој Бадник, Здружението “Бадникови поворки” со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божикен спот како подарок за верниот народ. -Деновиве, на голема радост на сите, во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорската...

БАДНИКОВИ ПЕСНИ И АДЕТИ

Во Дебарско особено во нашите малорекански села, вечерта спроти бадникот се подготвуваат лебови што се викаат колаци, со различни форми. Заедно со овие колаци (или колендари) замесуваат по еден голем леб што се вика чист леб, којшто го јадат на првиот ден на Божикот, кога повозрасните деца варат...

Карактеристики на мијачката куќа

При анализата на градителството и градителските традиции во Македонија, и пошироко на Балканот, сите автори се согласуваат дека Мијачкиот крај е местото од каде што потекнува плеада на мајстори градители. Неколкугодишните истражувања на терен, недвосмислено упатија на нивниот особено различен...

Милениумски јубилеј: Бигорски манастир денеска слави 1000 години од основањето

Централната прослава на големиот јубилеј 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир ќе се одржи денеска со почеток во 9 часот со Божествена архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите...

Учеството на Тресончани под строги протоколи, викендов хиротонија на Отец Партениј за епископ Антаниски

Под строги контроли, со заштитни маски и дистанца викендов ќе се случи хиротонијата на Игуменот на Бигорскиот манастир, Отец Партениј за епископ Антаниски, каде на наше големо задоволство, како специјални гости ќе земат учество и претставници од Тресонче. Назначените од одборот претставници ќе...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

January 2025
M T W T F S S
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ