Годинава се бележи уште еден јубилеј поврзан со најпознатиот македонски иконописец на 19-тиот век, Дичо Зографот: двесте-годишнина од неговото раѓање (1819-1872/3). Еден од настаните се одржува на крајот на август во неговото родно село во мијачкиот крај, Тресонче [1]. Го организираат волонтери со потекло од тоа место, кои што со свои донации имаат изградено спомен чешма во негова чест. Истовремено, ги привршуваат и работите околу спомен собата во непосредна близина на црквата Свети Петар и Павле – во која што овој зограф има создадено неколку десетици икони во периодот меѓу 1845 и 1854 [2].
Иронијата на оваа прослава е што во тоа здание веќе нема не може да се види речиси ниту една од тие икони.Иронијата на оваа прослава е што во тоа здание веќе нема не може да се види речиси ниту една од тие икони. Причината за ова е една од многуте кражби на црковни објекти што се извршија во земјава, посебно последнава деценија. Конкретно, оваа Тресонечка црква беше пробиена на 26-ти февруари 2013-та, при што беа отстранети петте најголеми икони од иконостасот, како и дваесет и седум помали – со други зборови, речиси сите негови дела во ова здание. Неколку други останаа, оштетени при обидот да се извадат од иконостасот [3].
Кон крајот на истата година се појавија вести за криминална мрежа во соседна Албанија наводно поврзана со оваа и други кражби на уметнички дела. Со помош на Интерпол, беа лоцирани над илјада украдени икони и други артефакти, уапсени неколку клучни лица и покренати судски процеси против истите во Албанија. Во соработка со албанската полиција, македонски експерти утврдија дека дваесеттина од тие икони потекнуваат и од нашата земја[4]. Иако разоткривањето на оваа криминална мрежа доби голем публицитет во македонските медиуми, шест години подоцна немам целосни информации за разврската на овој случај, ниту пак за тоа колку од украдените икони се вратени во земјава [5].
Според вестите објавени во врска со полициската акција во Албанија, украдените артефакти најверојатно беа наменети за продажба на приватни лица во трети земји, односно станаа дел од глобалниот илегален пазар на уметнички дела и антиквитети, чија годишна вредност во моментов достигнува една фрапантна сума од 23 милијарди долари[6].
Иконите на Дичо Зографот украдени од црквата посветена на Свети Петар и Павле се можеби една од најголемите загуби на уметнички дела во земјава последнава деценија. Но речиси е сигурно дека кражбите на уметнички дела продолжуваат и ќе продолжат, и тоа не само во рурални средини, туку и во институциите од највисок музеолошки карактер[7].
дали стручните лица и институции во нашата земја прават доволно за спречување, оневозможување, следење, или барем соодветно евидентирање на загуби на уметнички дела, како оние во црквата во Тресонче?Иако се работи за глобален проблем, борбата со него мора да почне на локално ниво. Токму затоа се наметнува прашањето: дали стручните лица и институции во нашата земја прават доволно за спречување, оневозможување, следење, или барем соодветно евидентирање на загуби на уметнички дела, како оние во црквата во Тресонче?
За почеток, дали овие институции имаат воспоставено контакт и редовно проследуваат податоци за вакви инциденти до релевантни меѓународни институции?
Да почнеме од Интерпол. Во оваа организација постои посебна единица за културно наследство, каде што може да се пребаруваат или доставуваат информации потребни за истраги поврзани со оваа проблематика. Секој поединец може да пополни апликација достапна преку нивната веб страница за да ги истражи информациите за секое дело или автор внесени во базата на податоци[8]. Процедурата за добивање пристап е сигурно уште полесна за службеници на културни институци на земја што ги бара своите украдени уметнички дела. Слична база на податоци за украдени уметнички дела се одржува и при Федералното биро за истраги на САД (FBI)[9].
Вон полицискиот контекст, најпознатата од овие бази на податоци е регистарот на изгубени уметнички дела (Art Loss Register) на Меѓународната фондација за истражувања во уметноста (IFAR)[10]. На веб страната на оваа организација се наведува дека целта е да документира кражби и загуби, да овозможи пребарувања, но и разни други услуги потребни за пронаоѓање, па дури и враќање на уметнички дела до нивните правни сопственици. Оваа база на податоци може да се консултира и без посебна дозвола за регистрација. За жал, при пребарувањето не најдов ниту една референца поврзана со Дичо Зографот[11]. Истото го констатирав и при првично пребарување на уште една, понова база на податоци, формирана од непрофитната организација Art Recovery International[12].
Јасно е дека овие бази на податоци не се доволни сами по себе за справување со овој огромен глобален проблем. Освен тоа, услугите што ги нудат некои од овие меѓународни организации се поврзани со разни дополнителни трошоци. Но дали не можат да послужат како пример и поттик за создавање домашен регистер на исчезнати, уништени, или украдени артефакти: со фотографии и основни податоци за датумот или периодот на создавање на делото, неговото авторство, последна позната локација и датумот на исчезнување.
Доколку некоја икона на Дичо, на пример, се продава преку галерист во Њујорк, со овој регистер би можела да се изврши брза проверка на потеклото на тој артефактКориста од ваква иницијатива би била повеќекратна и е повеќе од очигледна. Со создавање и одржување на ваков регистер ќе се стекне поголема прегледност за обемот на овие загуби, а со тоа и можност да се сфатат можни врски меѓу поединечни инциденти, односно да се утврдат трендови. Истовремено, ваква база на податоци може да помогне и во борбата против илегалната трговија со уметнички дела и антиквитети на меѓународно ниво.Доколку некоја икона на Дичо, на пример, се продава преку галерист во Њујорк, со овој регистер би можела да се изврши брза проверка на потеклото на тој артефакт, а со тоа и да се помогне во разоткривање на можни криминални мрежи на овие простори. Конечно, секоја ваква иницијатива би ја зголемила и свесноста за значењето на културното наследство, а со самото тоа и чувството на одговорност што секој од нас треба да го има во поглед на негово сочувување.
Во оваа ера на глобална поврзаност и меѓусебна зависност, нема оправдување за недоволна активност на овој план – а камо ли за изјави како оние што беа дадени по кражбата на иконите на Дичо, 2013-та од страна на претставници на македонската православна црква, дека било сторено сè да се заштитат и дека нивното исчезнување било „виша сила.” [13]
Иако иконите на Дичо Зографот можеби немаат „цена” во светски рамки, нивната вредност за тоа нашето културно наследство е неизмерна. Кога зборуваме за византиските слоеви на нашето културно наследство, пред отоманскиот период, ние всушност зборуваме за дела создавани од најчесто непознати мајстори, но во најголем број на случаи „увезени” од поголемите културни центри на тогашната империја. Тука влегуваат сите попознати дела, од монументалните фреско циклуси во Пантелејмон, Курбиново, Перивлепта, до средновековните икони во галериите во Охрид и Скопје. Многу од овие творби се од светско значење по својот квалитет и реткост, но сепак не се „наши” во вистинска смисла на зборот.
За разлика од нив, иконите и фрескописот создавани во отоманскиот, или пост-византискиот период, најчесто во поизолирани места, позаштитени од туѓи влијанија, изразуваат уметнички идиом од многу поавтентичен карактер. Таков е случајот и со делото на Дичо[14]. Од една страна е полно со стилски и иконографски архаизми кои го одразуваат континуитетот на византиските теолошки и културолошки кодови. Од друга страна, покажува тежнеење кон натурализам и дескриптивност, желба да им се доближи на обичните луѓе, да им го пренесе и суштинското во христијанското учење, но и она што им е најпрепознатливо како „нивно”, од цртите на лицата, до кириличните натписи, често пати обележани со локален дијалект.
За жал, при прославата на двесте-годишнината од неговото раѓање на крајот на месецов, единствените „икони” за посетителите на црквата Свети Петар и Павле во Тресонче ќе бидат фотографии вметнати во дупките на иконостасот по кражбата од 2013-та. Дури и тие „претстави на претстави” почнуваат да бледнеат. За некоја година веројатно и нив полека ќе ги снема.
Автор:
Анета Георгиевска-Шајн,
историчар на уметност во Вашингтон, САД. Иако предава и објавува трудови главно за европската ренесанса и барок, ги има проучувано и византиската култура и традиции.
[1] https://opserver.mk/makedonija/tresonche-se-podgotvuva-za-memorijalot-dicho-zograf/
Преземено од okno.mk
0 Comments