† Парастос по повод 200 години од раѓањето на Дичо Зограф

by | Oct 23, 2019 | дичо зограф, настани, религија

Оваа година се навршуваат 200 години од раѓањето на големиот зограф Димитрија Дичо Зограф од Тресонче, кој со својот опус и со својата продуктивност се издигнува во средишна фигура на уметноста во Преродбата. Како еден од највлијателните зографи на XIX век на Балканот, како и со опус од приближно две илјади икони и десетина фрескоансамбли, Дичо заслужува да биде величан и славен како оригинален автор со автентична уметничка креативност. По повод големиот јубилеј од неговото раѓање, во организација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ, овие денови, во периодот од 16 до 18 октомври, беше организирано свечено одбележување, кое во просториите на МАНУ започна со изложба на неколку Дичови импозантни дела, а потоа продолжи со научен симпозиум, на којшто учество зедоа повеќе еминентни научници од земјава и странство. Свеченото одбележување заврши со парастос во храмот „Св. Петар и Павле“ во родното село на Дичо – Тресонче, на којшто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Ефросиниј, свештеникот Ѓорѓи Блажевски и ероѓаконот Анатолиј. На Парастосот присуствуваа и учесниците на Симпозиумот, кои потоа го посетија манастирот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Рајчица, како и манастирот „Св. Јован Крстител – Бигорски“.

 

parastosdico2019 1parastosdico2019 2parastosdico2019 3parastosdico2019 4FB_IMG_1571842399225FB_IMG_1571842387747FB_IMG_1571842341476FB_IMG_1571842349554.jpg

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Заврши петтата Малореканска летна школа – „По патеките на Дичо Зограф“

Во периодот од 1 до 6 септември 2024 година, Бигорскиот Манастир беше домаќин на значаен културно-научен настан – петтата Малореканска летна школа. Овој школа посветено се занимава со духот на мијачката уметност и култура и е посветена на истражувањето на делото на еден од најголемите македонски...

Отворена е Петтата „Малореканска летна школа – По патеките на Дичо Зограф“

Во чест на македонскиот зограф Дичо Зограф денеска во неговото родно Тресонче ќе биде отворена петтата по ред Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“. Школата ќе се одржува во црквата „Св. Петар и Павле“ која се наоѓа во селото Тресонче и во Бигорскиот манастир. Под покровителство на...

Трета Малореканска Зографска Школа

Почитувани, Како и минатите години (веќе традиционално) ќе се оддржи малореканската летна школа “По патеките на Дичо Зограф”. Отворањето на школото ќе биде на 03.09.22 со почеток во 11ч во дворот на црковниот храм Св.Ап. Петар и Павле во с.Тресонче. На отворањето најавени се гости од...

Заврши втората малореканска научна конференција

Во периодот од 5 до 9 октомври, Свештената Бигорска Обител беше домаќин на Втората малореканска научна конференција, насловена како: „По патеките на Дичо Зограф“, којашто се одржа со благослов на нашиот надлежен Митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски и со благослов и иницијатива на Епископ г....

Втора малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

  Под покровителство на Министерството за култура и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, на 5 октомври 2021 година, во с. Тресонче свечено ќе биде отворена Втората малореканска школа „По патеките на Дичо Зограф“. На отворањето на Школата, во дворот на...

ЗГБ ве поканува на планинарската прошетка „Тресонечкa Долина“

На ден 10ти Јули по повод Петровден –слава на с.Тресонче, ЗГ Брзовец ја организира втората традиционална планинарската тура , кружна прошетка околу долината на Тресончка река. Патеката ќе се движи низ Тресонечкиот сињор, ќе ги посетиме месностите Рофјосан Камен, Змејовица, Змејово Чардаче, Изворот...

Адети и песни кои се пееле за празникот Св.Ѓорѓија (Ѓурѓовден) во Мијачијата

Автор: Мојсо Поповски/lazaropolee.blogspot Песните се запишани од Васил Икономов Поповски Димкоски, објавени во Солун 1895 година, во “зборник од старо-народни умотворенија од дебарско, кичевско и охридско”. Ѓурѓовденските песни започнуваат од страна 45 до страна 49 од зборникот, со...

Воскресение Христово – Пасха во Тресонче

Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им подари! На ден 01.05.2021, на наше големо радување, по повеќе декади, црковниот одбор на село Тресонче организираше литургија со литија по повод Христовото Воскресение – Велигден. Во сепразничната и...

Нова божикна каланда „Христос се раѓа, на светот радост“

Традиционално, и овој Бадник, Здружението “Бадникови поворки” со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божикен спот како подарок за верниот народ. -Деновиве, на голема радост на сите, во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорската...

БАДНИКОВИ ПЕСНИ И АДЕТИ

Во Дебарско особено во нашите малорекански села, вечерта спроти бадникот се подготвуваат лебови што се викаат колаци, со различни форми. Заедно со овие колаци (или колендари) замесуваат по еден голем леб што се вика чист леб, којшто го јадат на првиот ден на Божикот, кога повозрасните деца варат...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

October 2024
M T W T F S S
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ