Писмо (биографија) од Дичо Зограф

by | Apr 3, 2016 | дичо зограф

Здравој живо!

По толку годиње зборвање за мене и за моите дела и живописанија по дуњава, се стори и теа… и ја да си кажа лаф-два за моето животописание од моето село Тресанче, па до целава земја балканска. За оније кои не ме зноет, ја су Дичо, велит су бил еден од најголемите животописци, сиреч зографи на земјава во 19 век. Паметува оти дур бев во светот, зографисав и погоре от 2.000 икони. Тије икони сега требет да се вардит како зениците во очите ви, зашчо како големи и важни слуша оти пред година-две беје извадени и во големиот универзитет Сорбона во френската држава.

Сите се тегнет и се кошкает за мене. Србите велит су бил највеликиот српски зограф, Болгарите ме клавает меѓу творците болгарски, а ја можа да реча оти су бил Мијак от Тресанче. Илјадници слики светии зографисаф и ‘и потпишаф со писмо “из руки Дича Зографа”, а моево грешно лице никоде не го насликаф, па денес не ме зноете какво лице су носел на себе.

Нејсе, тога ќа требет да ме погледате во душава и во сликине шчо су ‘и оставил, па од ним да познаете шчо лице су ликувал. А, за нив не берете гајле. Ви оставив една Ерминија, коде ви ‘и запишав сите рабоќе за животов мој, невестата, децата и за мајсторлакот зографски.

Ја су роден во родот от татка ми Крсте и дедо ми Перко во 1819 година во маало Лековци, село Тресанче, Деборска держава. Моите ми го клале името Димитар, па од татка Крсте, су бил Димитар Крстев. Коа беф помал, како еднуш да начуф оти су задоен в Селце, кое е на пол саат одење од Тресанче и оти таму су имал друг татко. Коа тој умрел ја су бил руљче, а мајка ѓова се преможила в маало Лековци в Тресанче. За овеа нешчо не зно, а тресончанецот Томо Смиљаниќ – Брадина, академик по ука, попатно го запишал теа по кажување на постари селани.

Татко ми, Крсте Перков, беше зограф, ама повеќе беше резбар и копаничар. Работее еден до еден со Негрија Фрчкоски и син му Макарие от Галичник.

У нас ф куќи от секогаш се зноело за ред. Се зноело кој шчо правит и коде му е местото. Памета како в Лековци мајчето вардеше на сите нас, на куќата, стоката, коснувањето… не зно како пустата ја вадеше онаа снога од себе. Стоката секогаш беше подалеку од нас, а в куќи никогаш не сме спале на душеме, а на кревети. Коа ќе доеше време да се ручат ќа седнефме на маса, а мајче на сите ќа ни туреше од зготвеното в каленик, ќа ни наредеше лајци и никој не почнувафме да јадеме дур не седнеше и таја на маса. Коа ќа го разделефме јадењето, тате Крсте је велеше: “Ај, почни”. Таа пак, ќа му преречеше: “Е, ти почни прв де, ти си домаќин”. “Не, не, домаќинката е ст’лбот на куќава”, ќа је одговореше тате.

Тој пак, горе ф куќи имаше едно одајче коде работеше. Тамо ‘и чуваше мастрафите, алатките и боите, па не даваше никому од нас да припирисат во него, зашчо мие деца бефме, ќа му префатиме нешчо и ќа му расипеме.

Коа малу потпораснаф тате ме збра со него, во неговата копаничарска тајфа. Работефме многу, ама мене рокава не ми фаќаше со љубов егињата, длетата, чеканите, па сî повеќе се загледуваф во зографите со кои тате често се гледаше и другаруваше. ‘И имаше тога многу во манастирон Бигорски (фото – долу лево), па ја кроце-кроце заминаф от кај татка и појдов коде нив.

Бигорските зографи кои занаетот го печеле на Света Гора Атонска на место ми покажае темелите на зографството. Тога тајфите ‘и водеше мајсторот Михаил од Самрина, Цинцар от кого многу научиф.

Отпрвин мие помладите ‘и цртавме првите слоеви од иконите, а за на крај мајсторот саде ‘и клаваше последните сенки и светијата добиваше невидена убавина, како да сакат да станет и да ти проговорит.

По многу работа, еден ден мајсторот дојде и ме праша дали сака да вода една помала тајфа која се токмела да заминуват по црквите и манастирите во Далека земја, сиреч Долна – Егејска Македонија. Ми се стори голем ќеф и прифатиф. Заминафме и во следните месеци ја поминафме речиси цела таја земја и заедно насликафме многу икони и фрески.

Дур бефме во Драма, се стретифме со мајсторот Михаил и како шчо ми било судено, коде него го насликаф првото мое целосно зографско дело. После теа заминаф в Скопје и за иконостасот на црквата “Света Богородица” насликаф нешчо повеќе от 50 иконостасни икони.

Таке го почнаф ја занаетот зографски.

Теа беше некоде во 1835 година. От туе, па се до смртта, изработиф повеќе од 1.600 икони и фрески, станав мајстор, учител на познатите зографи Максим Ненов – војводата, Блаже Дамјанов, Исаија Мажоски, на син ми Аврам, на Јосиф Радевиќ и на синот на зографот Петре Пачар, Глигорие.

Токо, пред теа ме фтасае годините за женачка. Се ожениф на 20 години. От венчавањето подоцна ми се родије седом синови и едно момале. Синовите ми беје: Аврам, Нестор, Арсение, Евгение, Спиридон, Ефтим и Божин, а ќерката Темјана.

Коа нап’лниф 22 години со тајфата заминафме за в Охрид, а веднаш потоа нî викна лазаровскиот ќеаја, Ѓурчин Кокале за да ја зографисаме новата црква. За теа лично се заложил владиката Анатолиј Зографски, родум од овеа село, коа чул оти ќеајата имат намера да викат зографи дури от Света Гора.

Од 1844 до 1845 година сликаф по црквите и манастирите на Скопска Црна Гора во село Кучевиште. Да спомена само оти дур работефме туека рабоќето ‘и вардеше Михајло, исто така от Тресанче од маалото Јуруковци, кој му беше татко на Јосиф, кој подоцна стана кмет на Скопје и изгради многу чуда за градот.

Во 1844 година појдуваф и в Бигорскиот манастир, коде во следните четири годиње зографисаф неколку престолни икони. Го насликаф Исус Христос, “Света Богородица”, “Свети Јован Крстител” и иконата “Свети Свети Ѓорѓи Димитрија”.

После теа работаф во Бањани, а во таја 1845 година ‘и насликаф и иконите во црквата во Тресанче, во “Свети Петар и Павле” (“Света Богородица Одигитрија”, “Свети Јован Претеча” и “Сабор на светите апостоли”), а во следната година и иконите “Свети Никола Чудотворец”, “Свети Три Јерарси” (“Свети Василие Велики”, “Свети Јован Златоуст” и “Свети Григорие Богослов”), како и иконата “Свети Атанасие”. Во истата година насликаф и други икони за тресанечкиот храм. Теа беа престолните икони на “Света Недела” и на “Света Параскева”, а во 1847 година и иконата на “Свети Архангел Михаил”. Цртањето на оваа икона ја помогна Петре Пачар от нашево село, па му дадоф да се потпишет под неа, како мој ученик.

От 1847 до 1849 година воглавно останаф во Тресанче со мали отсуства, оти по молба на селскиот главатар и ктитор, Саржо Брадина, требеше да се довршит рабоќето. Тога ‘и насликаф следниве икони: “Томино неверство”, “Раѓање Христово”, “Крштевање Христово”, “Преполовување на Педесетницата”, “Раѓање на Света Богородица”, “Свети Свети Пантелејмон и Трифун”, “Свети Свети Кузман и Дамјан”, “Преображение Христово”, “Успение Богородичино”, “Воведение на Пресвета Богородица во храмот”, “Свети Свети Ѓорѓи и Димитрие”, “Свети Свети Константин и Елена”, “Свети Свети Евстахие и Јулијан” и “Слегување на Светиот дух” во 1849 година.

Особено успешно ми беше животописанието на големиот иконостасен крст во големата тресонечка црква кого го завршив во 1854 година.

Зографисувањето на оваа црква траеше сe на сe од 1844 до 1854 година.

Во исто време во 1849 година есента заминаф накусо и во Вевчани коде изработиф една икона, “Света Богородица со Христос”, а следната година беф во горнореканските села Сенце и Кичиница, а потоа и в Охрид коде во црквата “Света Богородица Каменска” нацртаф една иста икона како вевчанската. Годинава во Охридско зографисаф 21 икона, а ушче толку и следната коа ја нацртаф иконата “Свети Врачи Големи” во црквата “Света Богородица” исто таке в Охрид.

Шчо да ви кажа? Овие годиње успеаф најцеловито да ‘и исползува сите мои творечки можности, па во следните годиње ‘и зографисаф следниве позначајни икони: Иконостасот во црквата “Свети Димитрија” во село Волковија (1852 година), иконостасот во црквата “Свети Никола” во манастирот во село Љубанци (1853 година), во храмот “Свети Никола” во Куманово (1856 година), во црквата “Свети Илија” во село Кадино (1857 година), “Света Марина” во село Зубовце (1859 година). На крајот от оваа гомина заминаф во Србија и во Врање зографисуваф во црквите “Света Троица”, во црквата “Света Богородица” во Скопје (1860-1861 година), па потоа пак појдоф в Охрид коде работефме во храмовите “Свети Никола Геракомија”, “Света Богородица Челница”, “Света Богородица Каменска”, “Света Богородица Болничка”, Света Богородица Перивлептос” и во “Свети Димитрија”.

Во овие цркви и годиње нацртаф стотици и стотици икони, а имаше и многу луѓе кои сакае да им црта светии, па ниф не ги пишаф една по една.

Работејќи на сенките на моите икони вардеф на обликувањето на животоносниот израз на иконата. Нејзе је клаваф голем контраст и ‘и смалуваф пасажите. Иконите ‘и сликаф на златоносна основа, шчо на ликовите на светиите им дават посебна духовност. Вардеф коа зографисуваф мали икончиња да не им се губит от изразувањето и обликот кој го имает поголемите, да реча, да не се стопит ликот од личниот светител. Многу е важно да зноете оти не требет да се користит вештачки бои, а коа имате на ум нешчо да сликате, вардете готовите боите да не ‘и клавате веднаш на даската или платното, ами оставете ‘и да тифнет барем два дена за от нив да излезет лошотиите кои ‘и гризет дрвата и платната. Кој сакат да зноет повеќе за рабоќето кои сам ‘и научиф, најдете ја мојата Ерменија, а во неа на 201 страница напишаф с# шчо зно за зографисувањето.

Годишно работеф по околу педесети големи дела, а некоаш саде дваесетина, па затеа сеа некои велит оти во некои годиње коа су работал на многу икони и рабоќе воеднуш, малу су ја губел убавината.

Во нашиве краишта го донесоф барокот кои у нас идеше преку Света Гора и Солун, преку нашите мијачки зографи и разбари кои го учее занаетот во манастирот “Зограф” на Атос.

Ама, како Господ, никој не е.

Коа ‘и нап’лнив 54 години во 1873-та ме фати некоја треска или настинка, некои велит пневмонија била.

Памета како дента у нас ф Лековци дојдое да ме видит учителот Мино Брадиноски и попот Мартин. Полафифме малу и коа се кренае да си одит, потстанав и ја. ‘И испратиф до портиче и је реков на домаќинката да ми сварит еден чај и во него да ми капнет малу ракиица. Дур се попраќафме со двајцата, чајот беше сварен. Коа се прибраф в сопче, се напиф од него и наеднуш ми се стори како лошо и почнав да ја губа светлинава од пред очи. Оттога саде паметува како домаќинката викаше по Мартина и попот кои покроце слагае по потичето кон Брадиновци. Коа дојдое, ја веќе беф тргнат на умирање.

Слуша, денес велит оти невестата ме отрула и дека не било случајно теа шчо наместо ракија, таа во чајот ми турила от отровот со кој ‘и мешав златните бои за иконите. Други пак велит, случајно се сторила несреќата. Теа веќе не го зно…

Како шчо велеле постарите, сакале да ме закопает в моето маало Лековци под стариот костен, на гробишчата кои ја ‘и напраиф. Арно ама, попот и учителот рекле оти требет да ме закопает во дворот на црквата сред село оти многу нешчо су сторил за неа. Споменувае нешчо оти теа ќа го стореле одма зад олтарот.

Некои рекое на крај ме клале на Долни Ленишча коде речишчето, ама и оти можеби пак, на малите гробишча сред село, от коде после коскиве ми ‘и префрлиле во костурницата во “Свети Николче”.

Право да ви кажа, не зно шчо сторије на крај. Саде едно е јасно. Денеска в Тресанче од мојата куќа в Лековци останае саде ушче неколку камена, а местото је беше десетина метра северно от куќата на Гавриловци.

Сеа саде на едно мисла…

Шчо ќа беше со мене и колку ушче икони ќа зографисаф да не ме наеше умирачката? Ал ќа ‘и покриеф сите цркви во Македонија со моиве роце, а луѓево денеска малу повеќе ќа зноеја за животописната умешност у нас. Се мисла, да не не сторив доволно за црквата и за вас?

Вардете ми ги оние рабоќе шчо ‘и остаиф да ‘и красит црквите у нас и у другите земји, зашчо за да го дозноеме светот надвор од нас, требет првин самите себе си да се научиме.

Да сте ми живи и здрави!

Aвтор Иван Блажевски

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Заврши петтата Малореканска летна школа – „По патеките на Дичо Зограф“

Во периодот од 1 до 6 септември 2024 година, Бигорскиот Манастир беше домаќин на значаен културно-научен настан – петтата Малореканска летна школа. Овој школа посветено се занимава со духот на мијачката уметност и култура и е посветена на истражувањето на делото на еден од најголемите македонски...

Трета Малореканска Зографска Школа

Почитувани, Како и минатите години (веќе традиционално) ќе се оддржи малореканската летна школа “По патеките на Дичо Зограф”. Отворањето на школото ќе биде на 03.09.22 со почеток во 11ч во дворот на црковниот храм Св.Ап. Петар и Павле во с.Тресонче. На отворањето најавени се гости од...

Втора малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

  Под покровителство на Министерството за култура и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, на 5 октомври 2021 година, во с. Тресонче свечено ќе биде отворена Втората малореканска школа „По патеките на Дичо Зограф“. На отворањето на Школата, во дворот на...

Постарата ерминија на Дичо Зограф е најобемното дело на народен јазик од 19 век во Македонија

Јазикот на кој е напишана допрва ќе биде предмет на научен интерес на лингвистите што ги проучуваат нашите македонски дијалекти. Една од особеностите на оваа ерминија е и билингвалноста, двојазичноста, секоја одредница, сигнатура или наслов на сцена е испишан со црковнословенско писмо, заедно со...

Животот и Делото на Дичо Зограф

Димитар (Дичо) Крстев (Крстеви) Дичов, познат како Дичо Зограф, е македонски иконописец, истакнат претставник на Дебарската уметничка школа. Дичо Зограф е еден од најплодните сликари на македонската ренесанса – огромна количина прекрасни икони и мурали се расфрлани низ целиот регион, Охрид,...

Сведоштва и претпоставки: Каде е гробот на Дичо Зограф, најголемиот црковен сликар на Балканот во 19 век!

Средниот од трите стари камени гробови во дворот на црквата „Свети Петар и Павле“ во мијачкото село Тресонче се верува дека е вечното почивалиште на Димитар Крстев, попознат како Дичо Зограф (1819-1872) Пишува: Блаже Миневски Големиот македонски црковен сликар Дичо Зограф, роден во село Тресонче...

Дичо Зограф и неговото дело заслужуваат музеј

Автор: Катерина Богоева Фото: Маја Јаневска-Илиева Сашо Цветковски, историчар на уметноста Сашо Цветковски, научниот советник во истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, вели дека сѐ уште не е целосно истражен големиот опус на Дичо Зограф, нашиот најзначаен зограф...

† Парастос по повод 200 години од раѓањето на Дичо Зограф

Оваа година се навршуваат 200 години од раѓањето на големиот зограф Димитрија Дичо Зограф од Тресонче, кој со својот опус и со својата продуктивност се издигнува во средишна фигура на уметноста во Преродбата

Иконите на Дичо Зограф на изложба во МАНУ

Дичо Зограф за нецели три децении, помеѓу 1840 и 1868 година, остварува импозантно дело со приближно две илјади икони и десетина фрескоансамбли, облагородено со автентична креативност, симбиоза на традиционалното и новото, традиционалното поствизантиско и новото, современото барокно сликарство

Великанот на иконописот од Тресонче

Утре и во недела во селото Тресонче ќе се одржи чествување во чест на 200 годишнината од раѓањето на Дичо Зограф. Во рамките на прославата, овие два дена, предвидено е да има чествување на Дичо Зограф во храмот „Св.Петар и Павле“, пригодна прослава со отварање на Меморијален парк „Дичо Зограф“,...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

January 2025
M T W T F S S
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ