Забрана за движење во шумите од 1 јули до 31 август поради зголемен ризик од пожари

by | Jun 30, 2025 | соопштенија, спорт и рекреација

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ја информира јавноста дека од 1 јули 2025 година стапува во сила целосна забрана за движење во сите шуми и шумски подрачја низ територијата на Република Северна Македонија. Забраната ќе трае до 31 август 2025 година, како дел од мерките за заштита од шумски пожари во текот на летниот, високо ризичен период.

Оваа одлука е донесена врз основа на насоките од Владата и по барање на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, како управувачи со шумските ресурси и заштитените природни подрачја. Причината за ваквата одлука е зголемената опасност од настанување и ширење на пожари на отворен простор, особено во услови на високи температури, суша и засилен ветер.

Министерството напоменува дека движење низ шумите ќе биде дозволено исклучиво со претходно писмено одобрение, издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ или од соодветниот Национален парк, во зависност од тоа кој управува со конкретното подрачје. Сите други посети, вклучувајќи рекреативни прошетки, собирање на шумски плодови или планинарење, се строго забранети во наведениот период.

Секое непочитување на оваа забрана се смета за прекршок согласно член 106 од Законот за шумите, и ќе биде санкционирано со парична казна од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност за физички лица кои ќе бидат затекнати во шума или шумско земјиште без дозвола.

МЗШВ упатува апел до сите граѓани да покажат свест и одговорност, да ги почитуваат воведените мерки и да придонесат во заштитата на шумите – еден од највредните природни ресурси на нашата земја. Само со заеднички ангажман можеме да го намалиме ризикот од катастрофални последици кои може да ги предизвикаат шумските пожари.

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Од инцидент до решение: нов објект за контејнерите во Тресонче

Во последниот период имавме неколку инциденти со посети на мечка, при што беше разрушувана заштитната ограда и дел од отпадот завршуваше во долот. Наместо да се помириме со проблемот, заедно најдовме трајно решение. Ново, безбедно место за контејнерите Со финансиска поддршка од АутоГруп, изграден...

Забрана за движење во шумите од 1 јули до 31 август поради зголемен ризик од пожари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ја информира јавноста дека од 1 јули 2025 година стапува во сила целосна забрана за движење во сите шуми и шумски подрачја низ територијата на Република Северна Македонија. Забраната ќе трае до 31 август 2025 година, како дел од...

Отворена е Петтата „Малореканска летна школа – По патеките на Дичо Зограф“

Во чест на македонскиот зограф Дичо Зограф денеска во неговото родно Тресонче ќе биде отворена петтата по ред Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“. Школата ќе се одржува во црквата „Св. Петар и Павле“ која се наоѓа во селото Тресонче и во Бигорскиот манастир. Под покровителство на...

Чести одрони на патиштата во Дебарско, на Маврово снег

Обилните врнежи од дожд на патните правци во поширокиот дебарски регион предизвикаа чести одрони на патните правци, а утрово на Маврово има и слаби врнежи од снег. Поради одроните, но и влажните коловози од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта...

Трета Малореканска Зографска Школа

Почитувани, Како и минатите години (веќе традиционално) ќе се оддржи малореканската летна школа “По патеките на Дичо Зограф”. Отворањето на школото ќе биде на 03.09.22 со почеток во 11ч во дворот на црковниот храм Св.Ап. Петар и Павле во с.Тресонче. На отворањето најавени се гости од...

Заврши втората малореканска научна конференција

Во периодот од 5 до 9 октомври, Свештената Бигорска Обител беше домаќин на Втората малореканска научна конференција, насловена како: „По патеките на Дичо Зограф“, којашто се одржа со благослов на нашиот надлежен Митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски и со благослов и иницијатива на Епископ г....

Втора малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

  Под покровителство на Министерството за култура и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, на 5 октомври 2021 година, во с. Тресонче свечено ќе биде отворена Втората малореканска школа „По патеките на Дичо Зограф“. На отворањето на Школата, во дворот на...

ЗГБ ве поканува на планинарската прошетка „Тресонечкa Долина“

На ден 10ти Јули по повод Петровден –слава на с.Тресонче, ЗГ Брзовец ја организира втората традиционална планинарската тура , кружна прошетка околу долината на Тресончка река. Патеката ќе се движи низ Тресонечкиот сињор, ќе ги посетиме месностите Рофјосан Камен, Змејовица, Змејово Чардаче, Изворот...

Воскресение Христово – Пасха во Тресонче

Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им подари! На ден 01.05.2021, на наше големо радување, по повеќе декади, црковниот одбор на село Тресонче организираше литургија со литија по повод Христовото Воскресение – Велигден. Во сепразничната и...

Годишно обраќање за 2020 – ЗГ Брзовец

Претседателот на Здружението на граѓани за развој на с.Тресонче “БРЗОВЕЦ“, г-дин Јосиф Саржоски денеска излезе со писмено годишно обраќање во кое изнесува краток осврт на 2020 година, каде ги истакнува активностите околу овозможување достапност до водопадите и пештерите кои се составен дел на...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

December 2025
M T W T F S S
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ