Deprecated: Function wp_make_content_images_responsive is deprecated since version 5.5.0! Use wp_filter_content_tags() instead. in /home/tresonce/public_html/wp-includes/functions.php on line 6078

Чести одрони на патиштата во Дебарско, на Маврово снег

by | Apr 26, 2023 | соопштенија

Обилните врнежи од дожд на патните правци во поширокиот дебарски регион предизвикаа чести одрони на патните правци, а утрово на Маврово има и слаби врнежи од снег.

Поради одроните, но и влажните коловози од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта препорачуваат многу внимателно возење.

Вообичаено најчести се одроните кај селата Рајчица, Косоврасти и Јанче, месноста Ростушки Мост, потоа во близина на Бигорски манастир и месноста „Сенечки ливади“, на патниот правец Дебар – Маврово, како и кај месноста „Три чешми“ на патот кон Струга, и месноста „Кокошкина краста“ на патот Мелнички Мост-Центар Жупа.

Под надлежност на оваа секција се делниците Дебар – Жировница (патен правец Дебар – Маврово), Дебар – Глобочица (патен правец Дебар – Струга), патот кон граничниот премин „Блато“, потоа кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост – Центар Жупа или над 110 километри.

Благодарение на искажаната иницијатива и добра воља на градоначалникот Медат Куртовски и челниците на засегнатите институции кои се заложија за расчистување и санација, патниот крак Гарска Река-Тресонче е веќе расчитен од вегетација и одрони, и мимо постоечките оштетувања за кои се очекува во брзо време санација, патот е генерално во добра кондиција и е безбеден за возење во пресрет на пролетните празници.

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Чести одрони на патиштата во Дебарско, на Маврово снег

Обилните врнежи од дожд на патните правци во поширокиот дебарски регион предизвикаа чести одрони на патните правци, а утрово на Маврово има и слаби врнежи од снег. Поради одроните, но и влажните коловози од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта...

Трета Малореканска Зографска Школа

Почитувани, Како и минатите години (веќе традиционално) ќе се оддржи малореканската летна школа “По патеките на Дичо Зограф”. Отворањето на школото ќе биде на 03.09.22 со почеток во 11ч во дворот на црковниот храм Св.Ап. Петар и Павле во с.Тресонче. На отворањето најавени се гости од...

Заврши втората малореканска научна конференција

Во периодот од 5 до 9 октомври, Свештената Бигорска Обител беше домаќин на Втората малореканска научна конференција, насловена како: „По патеките на Дичо Зограф“, којашто се одржа со благослов на нашиот надлежен Митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски и со благослов и иницијатива на Епископ г....

Втора малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

  Под покровителство на Министерството за култура и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, на 5 октомври 2021 година, во с. Тресонче свечено ќе биде отворена Втората малореканска школа „По патеките на Дичо Зограф“. На отворањето на Школата, во дворот на...

ЗГБ ве поканува на планинарската прошетка „Тресонечкa Долина“

На ден 10ти Јули по повод Петровден –слава на с.Тресонче, ЗГ Брзовец ја организира втората традиционална планинарската тура , кружна прошетка околу долината на Тресончка река. Патеката ќе се движи низ Тресонечкиот сињор, ќе ги посетиме месностите Рофјосан Камен, Змејовица, Змејово Чардаче, Изворот...

Воскресение Христово – Пасха во Тресонче

Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им подари! На ден 01.05.2021, на наше големо радување, по повеќе декади, црковниот одбор на село Тресонче организираше литургија со литија по повод Христовото Воскресение – Велигден. Во сепразничната и...

Годишно обраќање за 2020 – ЗГ Брзовец

Претседателот на Здружението на граѓани за развој на с.Тресонче “БРЗОВЕЦ“, г-дин Јосиф Саржоски денеска излезе со писмено годишно обраќање во кое изнесува краток осврт на 2020 година, каде ги истакнува активностите околу овозможување достапност до водопадите и пештерите кои се составен дел на...

Пролетниот снег донесе лавини и забрана за движење

Поради големи врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар, соопштија од АМСМ. Забраната почнува да важи од 10:15 часот, и ќе важи додека не се расчисти ситуацијата. „Од 10:15часот поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на...

Одржана работилница на тема „Изработка на 10 годишна програма за зголемување на популацијата на дивокоза“

Дивата коза (Rupicapra rupicapra) е еден од најзастапените животински видови во околијата на Тресонче која со својата грациозност ги краси околните ридови, и не случајно покрај водопадот и врвот Брзовец е заштитен симбол на логото на селото и ЗГ Брзовец.   Во периодот кој следи ќе отпочне...

Целосна забрана за сообраќај на патот Маврово-Дебар

Од 18.30 часот на патниот правец крак Маврово-Дебар воведена е забрана на движење за сите моторни возила, во двата правци.Од полицијата објаснуват дека забраната е поради сложените временски услови во регионот, паднати смрзнати дрвја и гранки на коловозите, како и потенцијалната опасност од паѓање...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

April 2024
M T W T F S S
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ