Известување за корекција на придонесот за вода и комуналии

by | Dec 26, 2025 | соопштенија

Почитувани Тресончани, сопственици на имот и љубители на нашето село,

Сакаме да ве информираме дека на последниот состанок на Извршниот одбор на Здружението на граѓани „Брзовец“, по детална анализа на состојбите и трошоците, донесена е неопходна одлука за корекција на износот на годишниот придонес за вода и комунални услуги со цел да се обезбеди континуитет во одржувањето на комуналниот ред и функционалноста на водоводниот систем во Тресонче.

Оваа одлука не е донесена лесно, но е единствениот начин да обезбедиме непречено функционирање на селото, чиста вода и уредена околина за сите нас.

Зошто е потребна оваа промена?

Износот на придонесот не е променет од самото воспоставување на водоводот. Во меѓувреме, економската реалност е драстично променета. Главните причини за оваа корекција се:

  • Драстично покачување на комуналните услуги, особено трошокот за подигање/празнење смет – 1.000 денари по контејнер. Практично, само за отпад – 10 контејнери = 10.000 денари, се празнат 4 пати годишно поради неодговорното одлагање на шут и кабаст отпад;

  • Повеќектратно се зголемени трошоците за делови, репроматеријали и тековни интервенции за одржување на водоводот (вентили, спојки, цевки, поправки по дефекти, сезонски интервенции и сл.). Водоводот е жив систем кој активно се одржува;

  • Инфлација и раст на цените на услуги и материјали;

  • Нередовно подмирување на обврските од страна на дел од граѓаните и сопствениците на имот;

  • Потреба од минимален фонд за итни поправки и непланирани дефекти, за да се реагира навремено без прекини во снабдувањето;

  • Одржување на заедничките јавни површини и инфраструктура (чистење, ситни поправки, логистика);

Нови износи

Одлуката ги предвидува следните ставки:

  • Комуналии: 1.000 денари

  • Комуналии + вода: 1.900 денари

  • Членови со членарина во З.Г. „Брзовец“: 2.500 денари

Напомена: Износот 1.900 денари (комуналии + вода) изнесува приближно 158 денари месечно, што е симболичен износ во однос на реалните трошоци. Поради тоа, недолично е и неодговорно доколку некој се обиде да го заобиколи како обврска, бидејќи товарот потоа паѓа на оние што редовно плаќаат.

Инструкции за плаќање

Ве молиме вашите обврски за тековната година да ги подмирите најдоцна до 31.04.2026, со цел навремена подготовка на системот за претстојната летна сезона.

  • Жиро-сметка: 200002432817707

  • Банка: Стопанска Банка – Скопје

  • Примач: З.Г. „Брзовец“

  • Цел на дознака (МНОГУ ВАЖНО): „Комуналии/Вода – за имот: [локација/куќен број/име на сопственик]

Напомена: Задолжително наведете за кој имот се однесува плаќањето.

По уплатата, испратете слика од уплатницата на info@tresonce.mk за побрза евиденција.

Ажурирање на списокот и стари долгови

Во нашата евиденција постојат имоти за кои сопствениците не ги подмириле своите обврски, најчесто затоа што немаме контакт информации за да ги известиме или да им доставиме сметка. Не сакаме да веруваме дека некој намерно одбива да придонесе за селото.

Со цел да ја подобриме комуникацијата и навременото информирање, во тек е ревидирање и ажурирање на евиденцијата со уплати, така да во периодот кој следи ќе биде истакнат информативен список на должници, за да може имотите да се препознаат и сопствениците (или нивни блиски лица/соседи) да ни достават точен контакт, со што ќе можеме директно да ги контактираме и известуваме.

Важно појаснување

Износите на придонесите не беа корегирани од воспоставувањето на водоводот, а истиот во континуитет активно се одржува за да остане функционален и безбеден за користење.

Сите собрани средства се користат исклучиво за потребите на селото Тресонче. Здружението работи на волонтерска основа, а секој денар се враќа назад преку одржување на инфраструктурата која инаку би останала запоставена.

Ви благодариме на разбирањето и на поддршката!

З.Г. Брзовец – Тресонче


Одлуката за подигнување на смет:

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Подвиг на Бистра: Спасени двајца вработени на мобилен оператор по цела ноќ во снежно „заложништво“

Зимата на планината Бистра уште еднаш ја покажа својата сурова страна. Изминатиов викенд, во атарот на нашето соседство, се одвиваше вистинска спасувачка драма која траеше повеќе од девет часа. Главни актери беа двајца теренски работници кои, извршувајќи ги своите работни обврски во екстремни...

Тресонче отсечено – паднати бандери ја исклучија струјата, патот од Гарски мост е премногу ризичен!

Од раните утрински часови, поточно од 05:00 часот по полноќ, жителите на село Тресонче, Селце, Росоки и околните населени места се соочуваат со целосен прекин во снабдувањето со електрична енергија. 🛠 Локација на дефектот и работа на ЕВН По контактирање на дежурните служби во ЕВН, добивме потврда...

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Невреме и тешко проодни патишта во западна Македонија

⚠️ Критична состојба на патиштата: Скопје-Тетово, Кичево-Охрид и Маврово-Дебар се тешко проодни поради невремето. Прочитајте ги деталите и советите за безбедно возење.

Известување за корекција на придонесот за вода и комуналии

Почитувани Тресончани, сопственици на имот и љубители на нашето село, Сакаме да ве информираме дека на последниот состанок на Извршниот одбор на Здружението на граѓани „Брзовец“, по детална анализа на состојбите и трошоците, донесена е неопходна одлука за корекција на износот на годишниот придонес...

Од инцидент до решение: нов објект за контејнерите во Тресонче

Во последниот период имавме неколку инциденти со посети на мечка, при што беше разрушувана заштитната ограда и дел од отпадот завршуваше во долот. Наместо да се помириме со проблемот, заедно најдовме трајно решение. Ново, безбедно место за контејнерите Со финансиска поддршка од АутоГруп, изграден...

Забрана за движење во шумите од 1 јули до 31 август поради зголемен ризик од пожари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ја информира јавноста дека од 1 јули 2025 година стапува во сила целосна забрана за движење во сите шуми и шумски подрачја низ територијата на Република Северна Македонија. Забраната ќе трае до 31 август 2025 година, како дел од...

Отворена е Петтата „Малореканска летна школа – По патеките на Дичо Зограф“

Во чест на македонскиот зограф Дичо Зограф денеска во неговото родно Тресонче ќе биде отворена петтата по ред Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“. Школата ќе се одржува во црквата „Св. Петар и Павле“ која се наоѓа во селото Тресонче и во Бигорскиот манастир. Под покровителство на...

Чести одрони на патиштата во Дебарско, на Маврово снег

Обилните врнежи од дожд на патните правци во поширокиот дебарски регион предизвикаа чести одрони на патните правци, а утрово на Маврово има и слаби врнежи од снег. Поради одроните, но и влажните коловози од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта...

Трета Малореканска Зографска Школа

Почитувани, Како и минатите години (веќе традиционално) ќе се оддржи малореканската летна школа “По патеките на Дичо Зограф”. Отворањето на школото ќе биде на 03.09.22 со почеток во 11ч во дворот на црковниот храм Св.Ап. Петар и Павле во с.Тресонче. На отворањето најавени се гости од...

Заврши втората малореканска научна конференција

Во периодот од 5 до 9 октомври, Свештената Бигорска Обител беше домаќин на Втората малореканска научна конференција, насловена како: „По патеките на Дичо Зограф“, којашто се одржа со благослов на нашиот надлежен Митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски и со благослов и иницијатива на Епископ г....

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

January 2026
M T W T F S S
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ