Прекрасен и апсолутно незаборавен спортски настан кој што и годинаава се одржа по втор пат во Тресонче со почеток од 01 па се до 03 Септември 2017, со повеќе од 400 посетители, врвна организација и одлична забава и дружење. Настанот беше организиран од спортското здружение Прв до Врв, во координација со селскиот одбор на Тресонче, и со несебичен труд и заложба на дел од Тресончаните, а посебно на идеалистот и иницијаторот на овој прекрасен настан – Жан Илич.
Главното случување беше на 03 Септември кога се возеше една голема тура со должина од ~55км, потоа кратка тура, како и планинарска тура односно организирана посета на пештерата Алилица. На тоа му претходеа два дена забава и дружење со гостување на диџеи и перформанс изведби.
0 Comments