Велосипедска тура од 56 км по прекрасната Бистра со старт и цел во Тресонче, преку Селце, Галичник, Царевец и Лазарополе.
Детали за турата
Локација за старт и цел на турата: Тресонче
Датум: Недела, 4 септември 2016
Време на пристигнување: 9 часот
Време на старт на турата: 10 часот
Должина на турата: 56 км
Цената за учество изнесува 299 денари за пријавување и уплата до 3 септември, а на денот на турата пријавувањето е можно само на стартот во Тресонче по цена од 499 денари.
Секој учесник добива:
– организирано планинско возење велосипед по маркирана патека во придружба на водичи на турата (на челото и на крајот на групата)
– логистичка поддршка за време на турата (прва медицинска помош, основен сервис, евакуација во случај на неможност да се доврши турата заради замор или повреда)
– станици за вода и освежување (комбинација од природни извори и пунктови со доставена вода)
– оброк по завршувањето на турата на целта во Тресонче
– сувенир маица Bistra Tour 2016
Регистрација на пријавените учесници во турата ќе се изврши на местото на стартот во периодот меѓу 8:30 и 9:30 часот. Секој пријавен учесник пред турата ќе добие нумериран идентификациски приврзок со кој ќе ги оствари своите бенефиции во текот на турата (се закачува на велосипедот). Оброкот и маицата се даваат при пристигнувањето на целта.
Правила за учество
– Во турата може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед на планина.
– Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед за возење по планина и off-road, кацига, резервна внатрешна гума, облека според најавените временски услови, шише за вода, неопходна храна за ден поминат во природа
– Учесниците кои ќе возат пред или побргу од водичот на турата или самоиницијативно ќе истапат од групата и предвидената патека за возење, тоа го прават на сопствен ризик
– Патните трошоци до Тресонче се на товар на учесниците
– Секој учесник во турата вози на сопствена одговорност и според своите можности, и е лично одговорен за евентуалните несакани последици
– Организаторот го задржува правото за измени на турата предизвикани од објективни новонастанати фактори, како и предвремено затворање на пријавувањето доколку бројноста на групата го достигне планираниот максимум.
ПРИЈАВА ТУКА!!!
Како да пристигнам во Тресонче https://goo.gl/maps/uB2JZLPWHTJ2
Превземено од организаторот „Прв До Врв“
0 Comments