Успешно завршена ХСО Тресонче 2020

by | Sep 29, 2020 | велосипедизам, настани, соопштенија, спорт и рекреација

Тресонче  Недела 27ми Септември 2020г.

Автор: Жан Илиќ

 

Денес во нашето Тресонче за прв пат успешно се одржа трката за Државното Првенство на Македонија во Планински Велосипедизам  „ХСО Тресонче 2020“.

Трката се возеше по кружна патека долга 3.2км  трасирана во атарот на Тресонче и поминуваше низ сите негови маала. Стартно-целната линија беше на Леништа. Патеката е со Олимписка Квалификација и ги има сите атрибути на професионална ХСО МТБ патека за Ранг Листа.

На државното Првенство учествуваа 56 натпреварувачи од сите професионални македонски велосипедски клубови и помина во најдобар ред на општо задоволство на учесниците и присутната публика.  Натпреварувачите   беа поделени по  категоризацијата на Велосипедската Федерација на Македонија (ВФМ) и тоа во 6 категории, и соодветно во нив беа прогласени државните прваци за оваа 2020 година  и беа доделени медалите на победниците во сите пропишани категории.

Организатор и домаќин беше нашето Здружение на Граѓани „Брзовец“, со стручно-спортска асистенција од Велосипедскиот Клуб „Енерџи“ и ВФМ .

Во согласност со препораките на Министерството за Здравство трката беше спроведена според Протоколот за Спроведување Превентивни Мерки за Заштита од „Ковид-19“ при организација на велосипедски натпревари.

Со оваа извонредна  организација на овој настан од голема спортска важност , како и со минатогодишната  редовна трка за Ранг Листа на 31.08.2019г , Тресонче веќе е  стандардна локација со патека  на Годишниот Календар на Натпревари на ВФМ.

Ова е голема чест но и обврска за Тресончани кои предводени од З.Г. „Брзовец“ веќе се на високо место во велосипедизмот во нашата држава. Искуствата и рутината  од организацијата на велосипедските маратони по Биста кои се одржуваа минатите години ,како и професионалните трки последниве две години , веќе даваат резултати .

За велосипедските патеки на Тресонче веќе се слуша низ целата држава, учесниците ги прераскажуваат .

Овие активности со сигурност не водат кон целта ,  Тресонче во иднина дефинитивно да се востанови како најголем и највреден центар на велосипедизмот во Македонија . Тоа му го овозможуваат прекрасните терени кои се идеални за таа намена, прекрасната и еколошка средина и несекојдневната убавина на природата која ги освои срцата на натпреварувачите, рекреативците и сите љубители на овој прекрасен спорт.

Планинскиот масив на Бистра Планина со својата питома конфигурација и блага клима и со Тресонче лоцирано во средината на целиот планински масив , како и во центарот на Националниот Парк Маврово, тоа и му го овозможува.

Главната движечка сила е неуморната екипа на  З.Г. „Брзовец“ која  со години волонтерски вложува многу труд и напори  и конечно успева саканото Тресонче  да го стави на врвот во овој рапидно растечки спорт во нашата држава.

Насмевката на изморените лица на учесниците на маратоните и трките кои со љубов ги организираме  , се нашата најголема награда.

 

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Седмата Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“ започна во Тресонче

Од 30 август до 4 септември 2026 година се одржа седмото издание на Малореканската летна школа „По патеките на Дичо Зограф“, која и годинава собра научници и истражувачи посветени на проучувањето и зачувувањето на богатото црковно, уметничко, историско, книжевно и јазично наследство на Мијачијата....

Тресонче и Бигорскиот манастир домаќини на седмата Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

Тресонче и Бигорскиот манастир од 30 август повторно ќе бидат средиште на науката, уметноста и културното наследство на Мијачкиот крај. Започнува седмото издание на Малореканската летна школа „По патеките на Дичо Зограф“, настан кој низ годините прерасна во значајна традиција посветена на...

Тресонче бара подобар пристап: на средба со градоначалникот отворени клучни инфраструктурни прашања

Лошата состојба на патниот правец до селото беше посочена како сериозен инфраструктурен проблем што влијае врз секојдневниот живот, туризмот и пристапот на итните служби На 24.03.2026 година, членовите на Извршниот одбор на Здружението на граѓани „Брзовец“ остварија официјална работна средба со...

Подвиг на Бистра: Спасени двајца вработени на мобилен оператор по цела ноќ во снежно „заложништво“

Зимата на планината Бистра уште еднаш ја покажа својата сурова страна. Изминатиов викенд, во атарот на нашето соседство, се одвиваше вистинска спасувачка драма која траеше повеќе од девет часа. Главни актери беа двајца теренски работници кои, извршувајќи ги своите работни обврски во екстремни...

Тресонче отсечено – паднати бандери ја исклучија струјата, патот од Гарски мост е премногу ризичен!

Од раните утрински часови, поточно од 05:00 часот по полноќ, жителите на село Тресонче, Селце, Росоки и околните населени места се соочуваат со целосен прекин во снабдувањето со електрична енергија. 🛠 Локација на дефектот и работа на ЕВН По контактирање на дежурните служби во ЕВН, добивме потврда...

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Невреме и тешко проодни патишта во западна Македонија

⚠️ Критична состојба на патиштата: Скопје-Тетово, Кичево-Охрид и Маврово-Дебар се тешко проодни поради невремето. Прочитајте ги деталите и советите за безбедно возење.

Известување за корекција на придонесот за вода и комуналии

Почитувани Тресончани, сопственици на имот и љубители на нашето село, Сакаме да ве информираме дека на последниот состанок на Извршниот одбор на Здружението на граѓани „Брзовец“, по детална анализа на состојбите и трошоците, донесена е неопходна одлука за корекција на износот на годишниот придонес...

Од инцидент до решение: нов објект за контејнерите во Тресонче

Во последниот период имавме неколку инциденти со посети на мечка, при што беше разрушувана заштитната ограда и дел од отпадот завршуваше во долот. Наместо да се помириме со проблемот, заедно најдовме трајно решение. Ново, безбедно место за контејнерите Со финансиска поддршка од АутоГруп, изграден...

Заврши шестата Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“ (30 август – 4 септември 2025)

Во периодот од 30 август до 4 септември 2025, Мијачкиот крај повторно стана духовно-научно средиште. Ова издание беше и најбројното досега, со учесници и гости од земјата и странство, меѓу кои и професори од Белград и Софија. Школата се одржа под покровителство на Бигорскиот Манастир „Св. Јован...

Шестата Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“ во Тресонче

Со големо задоволство ја најавуваме одржувањето на шестото издание на Малореканската летна школа „По патеките на Дичо Зограф“, кое ќе се одржи на 30 август 2025 година во живописното село Тресонче. Настанот традиционално ќе започне во 11:00 часот, во црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“, како што...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

September 2026
M T W T F S S
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ