АКЦИИ ЗА ЦЕЛОСНА ПРЕОБРАЗБА

by | Jun 14, 2021 | Тресонечки Летопис

Текст преземен од списанието „Тресонечки Летопис“
12-16 Јули 1995
Уредник и редактор Мирко Миронски
Преработил во електронска форма Аврам Аврамовски

На 6 март 1977 година (ден недела) според документацијата на активноста на месната заедница „Дичо Зограф“  е одржано редовното годишно собирање во домот на градежните работници (плоштад Слобода) во Скопје во 10 часот, на кое покрај изборот на работните тела, е поднесен извештај за работата на одборот од  25 члена со претседател, двајца потпретседатели и секретар на одборот. За претседател е одново избран Душко Арсовски, а за потпретседатели се избрани Глигор Тодорски (Росоки) и Арсо Арсовски (Селце) а за секретар на одборот Мирко Миронски. Записничар бил Киро Јанески (Селце) а оверувачи биле Миле Михајловски (Росоки) и Спасе Тодоровски (Тресонче).

Еве како текла работата на ова собрание, најнапред било избрано работно претседателство во кое влегле: Мирко Миронски, Арсо Арсовски, Д-р Глигор Тодороски, Д-р Саве Миронски и Душко Арсовски.

Претседателот Душко Арсовски поднел извештај за работата на Одборот во времето од 23 февруари 1973 година до денот на одржувањето 6 март 1977 или равно четири години. Во овој период, ќе соопшти Душко, биле одржани седумнаесет седници на одборот на кој главно биле разгледувани следните прашања и проблеми:

– поттикнување на иницијативи за заживување, стопанско, активирање и рационално користење на природните ресурси и создавање предуслови за економско-туристички зафати

– обнова на станбениот фонд и создавање услови за изградба на нови живеалишта (тогаш викенд куќички)

– поправка и одржување на постојаната хидро централа и редовно обезбедување со електрична енергија

– оживување на патот Гарски Мост – Тресонче и интервенции на мостовите за Росоки и Селце.

Биле направени и посети до општинските собранија во Гостивар и Дебар, потоа посети на низа работни организации и институции со цел за прибирање на средства  за активностите што биле преземени или што ќе се преземат. Слоганот со кој се раководело тогашното раководство на одборот бил:

Целосна преобразба на Мијачкиот крај.

Во рамките на ова била направена и посета на Мијачкиот Крај од страна на тогашниот претседател на извршниот совет (владата) Никола Минчев и на командантот на Скопската воена област Генерал – Полковник Васко Караангелески со група републички и воени функционери.

 

Возобновување на традициите

Било расправано и за организирани викенд посети, за приредби, за користење на дел од годишниот одбор во селата со цел да се создаде традиција кон обичаите и фолклорот и да се всади кај младите луѓе љубов кон родниот крај. Меѓутоа, како што ќе рече претседателот во својот реферат полека треба да се ослободуваме дека „нема друг“ однадвор да ни ги решава прашањата.

Според оценката, секоја година се поголем е бројот на посетители на родниот крај. Во рефератот е потенцирано како приоритетно прашање за редовната хидроцентрала или поврзување со далновод преку Лазарополе. На крајот од рефератот претседателот Душко Арсоски јавно се заблагодари особено на работната организација „Механизација“ при ГП „Бетон“ , Електро-Маврово и Електро-Скопје, „Македонија-Турист“ , Национални Паркови-Маврово и Собрание на општина Гостивар. Благодарност беше јавно упатена и до поединци од одборот, но Душко Арсовски посебно благодарност искажа кон починатиот член на одборот и на секретаријатот д-р Иван Несторовски за кого рече „со својата активност и ангажираност тој постојано инспирираше нови акции, на нови зафати, тој беше човек кој се радуваше на секој успех, тој беше човек кој сакаше неговото родно Тресонче, и нашиот крај да го види препороден, убав и среќен, таков беше – таков и замина, затоа ние му должиме уште една искрена благодарност за се што стори и сакаше да направи“.

 

Родољубието ги поттикна активностите

По рефератот се развила мошне жива дискусија. За збор се јавиле Симон Штерјоски, Митре Блажески, Вело Арсоски, Перо Стојаноски, проф.д-р Саве Миронски, Крсте Смилески, Александар Исијаноски, Душко Маџоски, Васил Мојсоски, Марко Кузманоски, д-р Глигор Тодороски, Миле Михајлоски, Томо Томоски и Коле Стрезоски. Еве накусо за што се залагале во дискусиите: Симон Штерјоски, тогаш беше претседател на мијачката родољубива фондација која ги опфаќаше сите мијачки села, а по селата одделно имаше одбори и секретаријати. Тогаш сеуште немаше месни заедници во нашите села. Затоа Симон настапи во такво својство, го поздрави собранието и му посака успех а за одборот за нашите села оцени дека ги извршил сите задачи. – Почетокот – рече Симон – започна пред девет години (имено во 1968 год. беше формирана фондација) а веќе се гледаат резултатите од обовата речиси во сите села, освен Селце кое сеуште не е поврзано со патот и е тешко пристапно.

 

Патот и струјата – неопходни

По него збор зеде Митре Блажески, кој рече дека на секретаријатот е формирана комисија за собирање пари, по 100,00 динари по семејство. Средствата биле наменети за одржување на патот. Митре кажал дека идејата е прифатена од сите и дека само од Тресонче се собрани 11.000,00 динари. По него дискутирал Вело Арсоски, кој исто рака рекол дека се радува дека слуша убави работи за нашиот крај. Предложил повеќе мерки за обезбедување на финансиски средства, како такса од шумскиот етат. Во својата дискусија Перо Стојаноски критички се осврнал зошто досега не е формирана месна заедница и ја подржал идејата за фаќање на средства од шумскиот етат. Професорот Саве Миронски зборувал дека во дискусиите се зборува дека некој нешто „треба да направи“ , „да се стори“ а нема лична ангажираност. Саве рекол дека нашиот крај се напуштил за кусо време, за триесетина години, а за да се обнови треба исто години! Јавно упатил критика дека „сите сме затворени во клопчето на своите интереси“. Повикал на сопствено ангажирање на секој поединец. Крсте Смилески информира од името на работната група дека е направена пресметка и дека далноводот од Лазарополе до Тресонче е многу скап  ќе чини 60 000 000 тогашни динари. Тој сметал дека тоа е невозможно, па затоа се залагал за реконструкција на постојаната со акција за чистење на каналот за вода, со изградба на трафостаници и слично, и дека треба секое семејство да даде прилог по 50 000 стари динари за да се обезбеди поредовно снабдување со струја. Александар Исијановски рекол дека нашите три  села секогаш живееле заедно и дека и во иднина со солидарност и заеднички можат да постигнат добри резултати. Душко Маџоски претставник од општинското собрание – Гостивар, го поздравил собранието и рекол дека сите заложби на жителите од трите села ќе ги пренесе на првата седница на собранието во Гостивар. Васил Мојсоски веднаш по ова изјавил дека се вклучува за работа во економската комисија за развој на крајот. Марко Кузманоски сметал дека не треба да се залагаме за струјата и слично, зошто без неа сме живееле и порано, ама без пат нема живот, зашто, додал: „јас сум возач и знам што значи пат и слично“.

 

Струјата за заедништво

Професорот Глигор Тодороски во дискусијата рекол дека се радува кога слуша убави резултати. Според него е изградена стратегија за регионот: Прво, нема поделба меѓу селата, торо поттикнат е духот на луѓето да мислат аз својот крај и трето, младите луѓе целосно ги прифатија идеите за заживување и развој на крајот. Се заложил за формирање на месна заедница, гледајќи во неа како организација која ќе врши многу пошироко опфаќање и олеснување за луѓето. Упатил критика дека нема доволно координација со одборите на Галичник и Лазарополе, а исто така е недоволна соработката со Гостивар. Миле Михајлоски критика упатил и на НП Маврово, Бидејќи премногу се однесувал „чифлик-сајбиски“ кон целокупниот регион.  Томо Томовски зеде обврска дека од својот домен ќе придонесе некои работи да ги реализира војската (тогашна ЈНА) а Никола Стрезоски апелираше за собирање средства за електрификација на селата. По дискусијата се избра одбор од трите села од 25 члена и надзорен одбор од 5члена. Во одборот од Тресонче влегле Душко Арсовски, Мирко Миронски, Крсте Смилески, Веле Гавриловски, Саве Миронски, Саре Саржоски, Томо Томоски, Васко Доневски и Југослав Тодоровски. Од Селце Арсо Арсоски, Саржо Нестороски, Милан Јанески, Киро Јанески, Блаже Јанески, Миле Стаматоски, Јане Јанески и Симон Штерјоски.

Од Росоки Глигор Тодороски, Димитар Димитроски, Митко Стојаноски, Кузман Кузманоски, Миле Михајлоски, Спасе Авросиески, Јован Вељаноски и Никола Стефаноски. Во надзорниот одбор биле избрани Велимир Михајлоски и Ристо Трпкоски од Росоки, Ѓоко Николоски и Саве Крстески од Тресонче и Цонка Џибукоска од Селце. За одговорен по финансиски прашања на новоизбраниот одбор бил избран Велимир Гаврилоски.

 

Критика

„…Треба да се нагласи отсутноста на една наша со години и векови негувана традиција при градењето на куќа да учествува и старо и младо и со своето учество да придонесе во вкупната солидарност. Сегашниот момент ова го бара од нас, да им помогнеме на оние кои градат, да им пружиме помош во земјените работи, дотур и подготовка на материјалите и сл… сето ова ќе овозможи побрза обнова, ќе не зближи и ќе придонесе одново нашите села да доживеат нова ренесанса…“

„…Изнесувајќи ги резултатите не сакаме да ги потцениме слабостите , ниту пропустите во работата на одборот, секретаријатот или под одборите, кои произлегуваат од разни објективни но и субјективни причини, како и од неодговорен однос на поединци во извршувањето на задолженијата. Во практиката имаше и отсутност од состаноците на одделни другари, а од време навреме од поединци или група се појавуваа и критики кои не упатуваа на разрешување на прашањата, туку има сосема спротивни ефекти. Ако сакаме да имаме натамошни успеси, тогаш обврските, правата и одговорностите и за успесите и за пропустите ќе мораме заеднички да ги поднесуваме…„

ФБ коментари

Може да ве интересира…

СИТЕ ПРИДОНЕСИ ЗА ПАТОТ ГАРСКА РЕКА-ТРЕСОНЧЕ

Текст преземен од списанието „Тресонечки Летопис“ 12-16 Јули 1995 Уредник и редактор Мирко Миронски Преработил во електронска форма Аврам Аврамовски Жителите од Тресонче, Селце и Росоки отсекогаш најмногу се грижеле за патот и за него биле организирани повеќе акции, а во еден период се собирале...

РЕЗБАРИТЕ – РАСКАЖУВАЧИ ВО ДРВО

Текст преземен од списанието „Тресонечки Летопис“ 12-16 Јули 1995 Уредник и редактор Мирко Миронски Преработил во електронска форма Аврам Аврамовски Мијачките резбари ги исполниле црквите и манастирите со прекрасни резбани иконостаси, владички тронови, амвони, балдахини, царски двери, певници,...

АКЦИИ ЗА ЦЕЛОСНА ПРЕОБРАЗБА

Текст преземен од списанието „Тресонечки Летопис“ 12-16 Јули 1995 Уредник и редактор Мирко Миронски Преработил во електронска форма Аврам Аврамовски На 6 март 1977 година (ден недела) според документацијата на активноста на месната заедница „Дичо Зограф“  е одржано редовното годишно собирање во...

ИЗЛОЖБА НА ИКОНИ ОД ХРАМОТ „СВ. АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕ“

Текст преземен од списанието „Тресонечки Летопис“ 12-16 Јули 1995 Уредник и редактор Мирко Миронски Преработил во електронска форма Аврам Аврамовски   Изложбата ја отвори неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Михаил. На отворањето присуствуваше премиерот на владата на...

ДО СИТЕ ТРЕСОНЧАНИ ОД РОД И ПОТЕКЛО

Текст преземен од списанието „Тресонечки Летопис“ 12-16 Јули 1995 Уредник и редактор Мирко Миронски Преработил во електронска форма Аврам Аврамовски Соборната црква Св. Апостоли Петар и Павле минатата година (1994) наполни 150 години од изградбата и постоењето. Нејзин ктитор бил Саржо Караџа...

ЗАВЕТОТ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА

Текст преземен од списанието „Тресонечки Летопис“ 12-16 Јули 1995 Уредник и редактор Мирко Миронски Преработил во електронска форма Аврам Аврамовски Кон крајот на осумдесеттите години, една група Тресончани почна речиси секоја година еднаш до двапати преку летото да оди в планина, на шетање,...

1 Comment

  1. angele krstevski

    ova e prekrasno za naseto ubavo selo Tresonce i okolinata. kade i da ziveeme niz svetot, nie Tresoncani i od drugite Mijacki sela, da ne zaboravime kade se rodivme, kade porasnavme, da gi pamtime preubavite secavanja. toa e golema radost za site nas i melem za dusata. pozdrav od Kalifornija.

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

January 2025
M T W T F S S
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ