ДО СИТЕ ТРЕСОНЧАНИ ОД РОД И ПОТЕКЛО

by | Jun 14, 2021 | Тресонечки Летопис

Текст преземен од списанието „Тресонечки Летопис“
12-16 Јули 1995
Уредник и редактор Мирко Миронски
Преработил во електронска форма Аврам Аврамовски

Соборната црква Св. Апостоли Петар и Павле минатата година (1994) наполни 150 години од изградбата и постоењето. Нејзин ктитор бил Саржо Караџа Брадина кој бил и сели 36 години главатар на селото. За него се раскажуваат чудесни преданија, анегдоти и поговорки, а неговото име живее како што живее и градбата со сите содржини на храмот Св. Апостоли Петар и Павле а сето тоа заедно со Тресонче и Тресончани.

А токму тоа, со цел да се оддаде почит и признание на  нашите предци што го подигнале овој прекрасен храм, на 30ти Октомври 1994 година во домот на Теодосие Саржоски во Скопје, на Ул. Каирска 10 се формира Иницијативниот одбор во кој самоиницијативно влегоа, покрај домаќинот и неговиот брат Саржо, Стефан Дојчиноски, и Мирко Миронски. Оваа четворка најнапред се договори дека ќе ја подготви програмата за одбележување на јубилејот и дека сите активности што ќе произлезат од програмата, членовите на иницијативниот одбор и членовите на другите тела, во чест и благодарност на предците и нивните дела, ќе се трудат да ги сочуваат во нивниот изворен лик и дека, без оглед каде се одвиваат активностите ќе ги извршуваат без паричен надоместок.

Иницијативниот одбор состаноците ги одржуваше по куќи, а потоа кај Стефан Дојчиновски, во општината Гази Баба како најпогодна просторија во која Стефан работеше како секретар. Се Одржаа бројни состаноци. Во принцип, се одржуваа еднаш неделно и тоа секој понеделник од 11 часот претпладне се зацртуваа идеи и теми, се разработуваа, а потоа групата са разидуваше и подготвуваше материјали до следниот состанок. Во самиот почеток една од најтешките задачи беше што Тресончани недоволно се познаваа меѓу себе.  Се правеа списоци по маала со цел никој да не се испушти и изостави. Тоа траеше со недели и речиси постојано списоците се надополнува со нови имиња. Така најнапред се предложи Извршен Одбор а потоа и Почесен Одбор. Во Извршниот Одбор беа предложени 12 членови, а во Почесниот одбор 62 члена.

Меѓутоа, идејата за јубилејот на црквата ги покрена Тресончани. Од сите страни се јавуваа нови идеи и нови имиња. Кај ниту еден не се јави сомнение или некаква резерва.

Особено се бараше бројот на почесниот одбор да е поголем бидејќи низа родовски семејства не беа опфатени со првиот список. Околу ова прашање имаше мислење дека бројот не треба да се шири, туку напротив во него треба да се најдат најистакнатите и најзаслужните на селото. Но, бидејќи пошироките списоци открија дека во многу маала има многу поединци и родови кои имаат длабоки корени во Тресонче, сепак списокот на неколку наврати беше дополнуван и прошируван во ваквите активности, со оглед на брзината на подготвувањето на материјалите, соопштенијата и сл. ,и со оглед дека сите материјали беа работени волонтерски, настанаа и некои технички пропусти за што на Извршниот одбор подоцна му беше сериозно забележано, кој пак од своја страна сите такви инсинуации едногласно и отфрли како тенденциозни и недобронамерни. Во извршниот одбор влегоа Стефан Дојчиноски, Веле Гаврилоски, Душко Кадиевски, Јосе Крстевски, Трајко Мирчевски, Ристе Блажевски, Иван Куновски, Миле Маркоски, Јован Миронски, Мирко Миронски, Саржо Саржоски, Теодосие Саржоски, Мирко Мирчески, Томо Томовски, Мојсо Маркоски.

Секој член од Одборот имаше посебно задолжение. Кон извршниот одбор подоцна речиси редовно се приклучи и групата определена за собирање на парични средства од поединци по маала и тоа: Пеце Саржоски, Кузман Кузманоски, Мержан Мержаноски, Панче Блажевски, Диме Сонески и Спасе Георгиевски. Беше пронајден и стариот црковен печат на кој пишуваше храм Св. Ап. Ап. Петар и Павле с. Тресонче а во средината силуетите на двајцата апостоли, но со оглед на неговата дотрајаност, беше направен нов, бесплатно од вработените во одделението за изработка на печати во НИП Нова Македонија – Скопје.

Во Ноември (08.11.1994) Извршниот одбор веќе го издаде првото соопштение во кое ги соопшти намерите и повика на масовно вклучување на секој Тресончанец во активностите за прославата на црквата, а веќе на 5ти Декември 1994 го издаде и второто соопштение во кое со една поширока информација ја истакна целата организациона структура, упати повик за соработка и ја објави дефинитивната програма на активности, како што се изведување на градежни работи во црквата, обновување на пејалницата, реконструкција на подајатот, реконструкција на попското одајче, реконструкција на камбанаријата, уредување и презиздување на влезната порта на црквата, оградување и расчистување на селските гробишта, реконструкција на задружната зграда, заштита на школото и низа други активности чија вредност изнесуваше околу 657 000 денари.

Во Почесниот одбор за претседател едногласно беше избран Борис Ристески, а за потпретседатели Теодосие Саржоски и Мирко Миронски. Во почесниот одбор влегоа: Аврам Аврамовски, Душко Кадиевски, Софија Тодорова, Драган Арсовски, Душан Арсовски, Ленка и Митре Блажевски, Тофе Блажевски, Божин Божиновски, Веле Гаврилоски, Неделко Дојчиновски, Стефан Дојчиновски, Методија Дуковски, Таска Ѓорѓиева, Филип Ѓурчиноски, Нестор Илиев, Стефан Димков, Јован Јурукоски, Крсте Николоски, Боре Крстевски, Марко Крстевски, Кузе Кузмановски, Славе Кузмановски, Јордан Маркоски, Саве Миронски, Ѓорѓија Мојсоски, Тодорка Нестороска, Ристе Огненоски, Саржо Саржоски, Петар Серафимов, Бранко Смилески, Кузман Смилески, Крсте Смиленски, Мате Маркоски, Мирјана Михајловиќ, Мила Крстеска, Станко Станковски, Боре Кузмановски, Цветко Куновски, Тихон Куновски, Вело Блажески, Томо Манески, Вело Сонески, Спасе Тодороски, Томо Томоски, Киро Кироски, Коле Чашуле, Тофе Здравески, Трене Тренески, Косто Поп Јованов, Велика Митреска-Орманска, Ангеле Блажески, Трајче Петкоски, Косто Караџоски, Косто Мироноски, Блаже Блажески, Дамјан Силјаноски, Русе Огненоски, Љупчо Филипоски, Софка Крстевска, Ристе Макрески, Ацко Мержаноски, Симон Тодороски Шенкакоски, Димитар Глигороски Пачароски, Саве Куновски, Трајко Мирчески, Васе Доневски, Цанде Николовски, Спасе Николовски, Мирко Мирчески, Јован Миронски, Миле Маркоски, Иван Куновски, Јосе Крстески, Евгение Зографски, Љубе Арсоски.

Во меѓувреме се испрати писмо и програмата до Охридскиот Архиепископ Тимотеј, како надлежен за Кичевско-Дебарската Епархија во чиј состав спаѓа и тресонечката црква со молба тој да го запознае неговото блаженство Поглаварот на Македонската Православна Црква Г.Г. Михаил и воедно да го покани и на чинодејствувањето во Тресонче на 16 Јули, во чест на Петровден.

Во контактите за одбележување на јубилејот на црквата и нејзините 150 години, Саржо Саржоски дојде во контакт со некои лица од музејот на град Скопје со кои подоцна се дефинира една нова идеја а таа беше да се отвори изложба на црквата Св. Апостоли Петар и Павле во Скопје, во музејот на град Скопје. Оваа идеја беше шокантна, нашиот прв коментар беше: зарем е можно една селска црква токму така да се истопори во главниот град на Република Македонија. Одржавме повеќе средби и разговори и оценивме дека треба да го прифатиме предизвикот. Го информиравме Извршниот одбор и направивме обраќање за парична помош до Министерството за Култура и Министерството за Образование и Наука каде министер беше Софија Тодорова, од која исто така добивме голема поддршка и помош. Потоа следуваа уште бројни средби, активности и подготовки, преглед на црковниот фонд на икони и фрески и нивно пренесување во музејот на Скопје со асистенција на органите за безбедност при Министерството за Внатрешни Работи на Македонија.

Подготвивме и публикација за црквата, потоа беџ со обрисите на црквата, бајракот на Мијачкото племе и со тоа на 21 Јуни се претставивме пред Македонската јавност.

Во собирањето на паричните средства речиси немавме никакви проблеми. Кој колку можеше толку даваше, не се вршеше никаква принуда. Од организациите, прв на списокот се впиша Томе Здравески кој од името на Националните Паркови ни додели 10.000 денари.

ФБ коментари

Може да ве интересира…

СИТЕ ПРИДОНЕСИ ЗА ПАТОТ ГАРСКА РЕКА-ТРЕСОНЧЕ

Текст преземен од списанието „Тресонечки Летопис“ 12-16 Јули 1995 Уредник и редактор Мирко Миронски Преработил во електронска форма Аврам Аврамовски Жителите од Тресонче, Селце и Росоки отсекогаш најмногу се грижеле за патот и за него биле организирани повеќе акции, а во еден период се собирале...

РЕЗБАРИТЕ – РАСКАЖУВАЧИ ВО ДРВО

Текст преземен од списанието „Тресонечки Летопис“ 12-16 Јули 1995 Уредник и редактор Мирко Миронски Преработил во електронска форма Аврам Аврамовски Мијачките резбари ги исполниле црквите и манастирите со прекрасни резбани иконостаси, владички тронови, амвони, балдахини, царски двери, певници,...

АКЦИИ ЗА ЦЕЛОСНА ПРЕОБРАЗБА

Текст преземен од списанието „Тресонечки Летопис“ 12-16 Јули 1995 Уредник и редактор Мирко Миронски Преработил во електронска форма Аврам Аврамовски На 6 март 1977 година (ден недела) според документацијата на активноста на месната заедница „Дичо Зограф“  е одржано редовното годишно собирање во...

ИЗЛОЖБА НА ИКОНИ ОД ХРАМОТ „СВ. АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕ“

Текст преземен од списанието „Тресонечки Летопис“ 12-16 Јули 1995 Уредник и редактор Мирко Миронски Преработил во електронска форма Аврам Аврамовски   Изложбата ја отвори неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Михаил. На отворањето присуствуваше премиерот на владата на...

ДО СИТЕ ТРЕСОНЧАНИ ОД РОД И ПОТЕКЛО

Текст преземен од списанието „Тресонечки Летопис“ 12-16 Јули 1995 Уредник и редактор Мирко Миронски Преработил во електронска форма Аврам Аврамовски Соборната црква Св. Апостоли Петар и Павле минатата година (1994) наполни 150 години од изградбата и постоењето. Нејзин ктитор бил Саржо Караџа...

ЗАВЕТОТ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА

Текст преземен од списанието „Тресонечки Летопис“ 12-16 Јули 1995 Уредник и редактор Мирко Миронски Преработил во електронска форма Аврам Аврамовски Кон крајот на осумдесеттите години, една група Тресончани почна речиси секоја година еднаш до двапати преку летото да оди в планина, на шетање,...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

January 2025
M T W T F S S
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ