Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски и Директорот на Центарот за Развој на Полошкиот Плански Регион, Фатмир Саити, извршија примопредавање на две машини – трактори и други додатни елементи.
Проектот за Набавка на Машините беше реализирана преку Центарот за Развој на Полошкиот Плански Регион, додека срествата беа обезбедени од МЛС/БРР (Биро за Регионален Развој).
Од овој проект, Општина Маврово и Ростуше доби два трактори од марка Махиндра 9200ЦХ со кабина, две предни даски за чистење на снег Т345 Х, две Соларки Н 065 и еден Тракторски Мулчер во вредност од околу 4.2 милиони денари.
Со реализација на овој проект ќе се подобри одржувањето на јавната чистота во сите населени места од општината, воедно ќе се подобрат и условите за живот на граѓаните и посетителите, посебно во пресрет на зимата за расчистување од снежните наноси на делниците до селата и викенд населбите.
Пристигна донацијата од Биро за Регионален Развој
ФБ коментари
0 Comments