Во организација на Велосипедска Федерација на Македонија, В.К. “ЕНЕРЏИ“ и З.Г. “Брзовец“, како и подршка на Општина Маврово -Ростуше , на 27ми Септември Недела на кружната патека низ Тресонче ќе се одржи Државното Првенство во Планински Велосипедизам ХСО “Тресонче 2020“ Трката е за бодови и пласман на листата на ВФМ и ќе се одржи на веќе познатата патека низ Тресонче кое е веќе е влезено во календарот на Велосипедската Федерација втора година по ред.
Селекторот на македонската репрезентација и велосипедист Љубиша Кондев посочува дека оваа трка е со посебно значање заради титулата ,,државен првак“ која ќе ја добијат најуспешните во секоја категорија на натпреварувачи, а која го претставува највисокото достигнување на еден спортист во текот на годината.
Патеката во Тресонче е специфична заради тоа што се протега низ атарот на селото, низ природни предели кои се исклучително живописни, низ технички искачувања и препреки, карпи и потоци кои бараат подготвеност од страна на велосипедистите, но во исто време пружаат и можност за уживање за време на трката, изјави Кондов.
Победнички медал, ХСО – Тресонче 2019
Со оглед на очекуваните активности , локалниот пристапен пат ќе биде затворен за сообраќај на моторни возила од 12ч до 14ч истиот ден. Се молат локалните жители како и посетителите кои планираат да го посетат селото следниот викенд, да го земат ова во предвид. Возилата ќе може да се паркираат на влезот во Тресонче. Трката е локална и пригодна за гледачи и навивачи и очекуваме да има поголем прилив на посетители.
На крајот на трката, ќе бидат поделени медалите за најдобрите и ќе биде организирана закуска за натпреварувачите.
Поздрав за Тресончани и пријателите и покана да присуствуваат и да го погледаат овој извонреден спортски настан.
За време на настанот ќе бидат применети сите анти-Ковид мерки и заштита во согласност со законските одредби и препораки од Министерството за Здравство .
Прогласување на победници во категорија жени ХСО – Тресонче 2019
Во последниот период имавме неколку инциденти со посети на мечка, при што беше разрушувана заштитната ограда и дел од отпадот завршуваше во долот. Наместо да се помириме со проблемот, заедно најдовме трајно решение. Ново, безбедно место за контејнерите Со финансиска поддршка од АутоГруп, изграден...
Во периодот од 30 август до 4 септември 2025, Мијачкиот крај повторно стана духовно-научно средиште. Ова издание беше и најбројното досега, со учесници и гости од земјата и странство, меѓу кои и професори од Белград и Софија. Школата се одржа под покровителство на Бигорскиот Манастир „Св. Јован...
Со големо задоволство ја најавуваме одржувањето на шестото издание на Малореканската летна школа „По патеките на Дичо Зограф“, кое ќе се одржи на 30 август 2025 година во живописното село Тресонче. Настанот традиционално ќе започне во 11:00 часот, во црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“, како што...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ја информира јавноста дека од 1 јули 2025 година стапува во сила целосна забрана за движење во сите шуми и шумски подрачја низ територијата на Република Северна Македонија. Забраната ќе трае до 31 август 2025 година, како дел од...
Во периодот од 1 до 6 септември 2024 година, Бигорскиот Манастир беше домаќин на значаен културно-научен настан – петтата Малореканска летна школа. Овој школа посветено се занимава со духот на мијачката уметност и култура и е посветена на истражувањето на делото на еден од најголемите македонски...
Во чест на македонскиот зограф Дичо Зограф денеска во неговото родно Тресонче ќе биде отворена петтата по ред Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“. Школата ќе се одржува во црквата „Св. Петар и Павле“ која се наоѓа во селото Тресонче и во Бигорскиот манастир. Под покровителство на...
Обилните врнежи од дожд на патните правци во поширокиот дебарски регион предизвикаа чести одрони на патните правци, а утрово на Маврово има и слаби врнежи од снег. Поради одроните, но и влажните коловози од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта...
Почитувани, Како и минатите години (веќе традиционално) ќе се оддржи малореканската летна школа “По патеките на Дичо Зограф”. Отворањето на школото ќе биде на 03.09.22 со почеток во 11ч во дворот на црковниот храм Св.Ап. Петар и Павле во с.Тресонче. На отворањето најавени се гости од...
Во периодот од 5 до 9 октомври, Свештената Бигорска Обител беше домаќин на Втората малореканска научна конференција, насловена како: „По патеките на Дичо Зограф“, којашто се одржа со благослов на нашиот надлежен Митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски и со благослов и иницијатива на Епископ г....
Под покровителство на Министерството за култура и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, на 5 октомври 2021 година, во с. Тресонче свечено ќе биде отворена Втората малореканска школа „По патеките на Дичо Зограф“. На отворањето на Школата, во дворот на...
0 Comments