Контроли кај Маврови Анови и Бошков Мост и прекин на автобускиот сообраќај Гостивар – Дебар

by | Mar 14, 2020 | соопштенија

Автобуските линии од Гостивар кон Дебар привремено се укинати, а угостителите доследно го почитуваат новото работното време. Кон препорачаните мерки се приклучи гостиварската локална самоуправа, која синоќа отпочна со дезинфекција на градските улици.

Според информациите од гостиварската автобуска станица, од денеска автобускиот превоз од Гостивар кон Дебар е во прекин како дел од мерките кои Владата ги спроведува за спречување на ширењето на коронавирусот. Контроли за почитување на мерките има во близина на Маврови Анови, кај браната и месноста Бошков Мост.

Градоначалникот на Маврово Ростуше, Медат Куртовски во неговото обраќање преку социјалните мрежи упати апел за разбирање и максимално почитување на препораките.

-Поради состојбата со коронавирусот и мерките кои важат за општините Дебар и Центар Жупа поставена е полициска контролна барикада пред Бошков Мост, што значи дека не смее да се оди за Дебар, како и за селата Лазарополе, Гари, Тресонче и другите села од тоа место.

Со дезинфекција на јавните површини и улиците за намалување на ризикот од ширење на вирусот се приклучи локалната самоуправа. Екипи на ЈП „Комуналец“ синоќа ги миеја улиците, а претходно беа дезинфицирани и контејнерите за отпад. Како дел од мерките од денеска не работи Ски центарот Маврово.

Преземено од infovesti.mk

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Подвиг на Бистра: Спасени двајца вработени на мобилен оператор по цела ноќ во снежно „заложништво“

Зимата на планината Бистра уште еднаш ја покажа својата сурова страна. Изминатиов викенд, во атарот на нашето соседство, се одвиваше вистинска спасувачка драма која траеше повеќе од девет часа. Главни актери беа двајца теренски работници кои, извршувајќи ги своите работни обврски во екстремни...

Тресонче отсечено – паднати бандери ја исклучија струјата, патот од Гарски мост е премногу ризичен!

Од раните утрински часови, поточно од 05:00 часот по полноќ, жителите на село Тресонче, Селце, Росоки и околните населени места се соочуваат со целосен прекин во снабдувањето со електрична енергија. 🛠 Локација на дефектот и работа на ЕВН По контактирање на дежурните служби во ЕВН, добивме потврда...

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Невреме и тешко проодни патишта во западна Македонија

⚠️ Критична состојба на патиштата: Скопје-Тетово, Кичево-Охрид и Маврово-Дебар се тешко проодни поради невремето. Прочитајте ги деталите и советите за безбедно возење.

Известување за корекција на придонесот за вода и комуналии

Почитувани Тресончани, сопственици на имот и љубители на нашето село, Сакаме да ве информираме дека на последниот состанок на Извршниот одбор на Здружението на граѓани „Брзовец“, по детална анализа на состојбите и трошоците, донесена е неопходна одлука за корекција на износот на годишниот придонес...

Од инцидент до решение: нов објект за контејнерите во Тресонче

Во последниот период имавме неколку инциденти со посети на мечка, при што беше разрушувана заштитната ограда и дел од отпадот завршуваше во долот. Наместо да се помириме со проблемот, заедно најдовме трајно решение. Ново, безбедно место за контејнерите Со финансиска поддршка од АутоГруп, изграден...

Забрана за движење во шумите од 1 јули до 31 август поради зголемен ризик од пожари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ја информира јавноста дека од 1 јули 2025 година стапува во сила целосна забрана за движење во сите шуми и шумски подрачја низ територијата на Република Северна Македонија. Забраната ќе трае до 31 август 2025 година, како дел од...

Отворена е Петтата „Малореканска летна школа – По патеките на Дичо Зограф“

Во чест на македонскиот зограф Дичо Зограф денеска во неговото родно Тресонче ќе биде отворена петтата по ред Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“. Школата ќе се одржува во црквата „Св. Петар и Павле“ која се наоѓа во селото Тресонче и во Бигорскиот манастир. Под покровителство на...

Чести одрони на патиштата во Дебарско, на Маврово снег

Обилните врнежи од дожд на патните правци во поширокиот дебарски регион предизвикаа чести одрони на патните правци, а утрово на Маврово има и слаби врнежи од снег. Поради одроните, но и влажните коловози од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта...

Трета Малореканска Зографска Школа

Почитувани, Како и минатите години (веќе традиционално) ќе се оддржи малореканската летна школа “По патеките на Дичо Зограф”. Отворањето на школото ќе биде на 03.09.22 со почеток во 11ч во дворот на црковниот храм Св.Ап. Петар и Павле во с.Тресонче. На отворањето најавени се гости од...

Заврши втората малореканска научна конференција

Во периодот од 5 до 9 октомври, Свештената Бигорска Обител беше домаќин на Втората малореканска научна конференција, насловена како: „По патеките на Дичо Зограф“, којашто се одржа со благослов на нашиот надлежен Митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски и со благослов и иницијатива на Епископ г....

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

February 2026
M T W T F S S
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
232425262728  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ