Нова божикна каланда „Христос се раѓа, на светот радост“

by | Jan 6, 2021 | мијаци, религија, соопштенија, фолклор

Традиционално, и овој Бадник, Здружението “Бадникови поворки” со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божикен спот како подарок за верниот народ.

-Деновиве, на голема радост на сите, во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорската обител, со благослов на нашиот Старец, епископот Антаниски Партениј, а во соработка со здружението „Бадникови поворки”, се подготвуваше уште еден видео запис за новата божикна каланда “Христос се раѓа,на светот радост,вели сестра Ефимија.

Додава дека оваа музичка творба потекнува од широките балкански простори од времето на Ромејското Царство, Византија и се пеела меѓу мијачкото население, заради што и сегашната верзија е отпеана токму на познатиот мијачки дијалект.

-Нејзиниот народен мелос, пак, е карактеристичен за нашите простори, како и за богатата традиција која сме ја сочувале како наследници на ромејската култура и духовност. Коледарските песни, каландите, се пееле во периодот од Бадник до Василица, односно со нив се прославувал и почетокот на Новото лето Господово, кој е, секако, поврзан со Раѓањето на Спасителот Христос, додава таа.

Со голема радост соопшуваме, дека и покрај строгите протоколи за работа и отежнатите околности што ги создаде пандемија на ковид-19, успеавме да ја исполниме нашата света должност и да оставиме за навек уште едно музичко дело. Најголема благодарност упатуваме до Еписокопот Антаниски и Игумен Бигорски Партениј, за неговата безрезервна духовна поддршка за целиот тим, во текот на целиот процес на создавање на делото.

Видео записот за ново-возобновената Божикна песна (каланда) “Христос се раѓат, на светот радост” е снимен во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорскиот манастир.

Оваа музичка творба потекнува од широките балкански простори од времето на Ромејското Царство, Византија и се пеела меѓу мијачкото население, заради што и сегашната верзија е отпеана токму на познатиот мијачки дијалект. Нејзиниот народен мелос, пак, е карактеристичен за нашите простори, како и за богатата традиција која сме ја сочувале како наследници на ромејската култура и духовност.

Екипата, која со огромна љубов, радост и посветеност го оствари овој историски потфат во чест и спомен на богатиот творечки дух на Мијаците, на нивната вера и ревносна борба за зачувување на православната вера и традиција и во најтешките времиња, е во состав на:

Режија – Дејан Пројковски

Директор на фотографија – Горан Наумовски

Монтажа и камера оператор – Стојан Стојановски, Кристијана Ангелоска

Продукција – 2С Студио: Јасмина Колоска, Стојан Стојановски

Изведба: „Љубојна“ во соработка со Традицискиот оддел при ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”;

Пејачи: Анастасија Илиевска, Матеј Тушевски и Стојанче Костов;

Инструменталисти: Благојче Трајковски – кларинет, Тимко Чичаковски – канон, Петар Христов – кларинет и византиска лира, Оливер Настовски – ут, Игор Милевски – виолина, Оливер Јосифовски – византиски контрабас, џумбуш, византиска лаута, перкусии, контрабас.

Снимање, миксање и мастеринг: Студио „Подрумот“

Музички инжинер: Ангел Ќосев

Аранжман: Оливер Јосифовски

Учесници: Љубојна, актер – Мето Јовановски, голем број на музичари и статисти.

Голема благодарност до:

Стручен соработник – Антонио Стојчески, Хотел Неда – Галичник, Ансамбл Орце Николов – Сашо Кузаревски, Ансамбл Етнос – Ване Наков, Ансамбл Македонија – Владо Јаневски, Александар Костиќ – Претседател на месна заедница Галичник, шминка Марга Миновски.

Во продолжение, и текстот на песната:

ХРИСТОС СЕ РАЃАТ, НА СВЕТОТ РАДОСТ!

Христос се раѓат – на светот радост,

на светот радост, на сите луѓе.

Четириесет дни и толку ноќи

Дева бдееше, топло молеше.

На крај е дојде време да родит,

та бргу барат баби да дојдет.

Баби да дојдет, миро да носет,

миро да носет, да е послужет.

Дури се најдет, дури да дојдет,

Марија Дева Христа Го роди.

Христа Го роди, Господ на сите,

Господ на сите – в пештера бедна.

В пештера бедна, ширна полјана,

ширна полјана, ко сонце блесна.

Ко сонце блесна, ко сјајна луна,

ко сјајна луна, на светот светлит.

Нек’ светлит така и в’ оваа куќа

и в’ оваа куќа, на сета рода.

На сета рода мир да е дават,

мир да е дават, да множит љубов.

Да множит љубов за добри дела,

за добри дела, за сите ближни.

Христос се раѓат – на светот радост,

на светот радост, на сите луѓе.

Текст и фото преземени од bigorski.org.mk

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Подвиг на Бистра: Спасени двајца вработени на мобилен оператор по цела ноќ во снежно „заложништво“

Зимата на планината Бистра уште еднаш ја покажа својата сурова страна. Изминатиов викенд, во атарот на нашето соседство, се одвиваше вистинска спасувачка драма која траеше повеќе од девет часа. Главни актери беа двајца теренски работници кои, извршувајќи ги своите работни обврски во екстремни...

Тресонче отсечено – паднати бандери ја исклучија струјата, патот од Гарски мост е премногу ризичен!

Од раните утрински часови, поточно од 05:00 часот по полноќ, жителите на село Тресонче, Селце, Росоки и околните населени места се соочуваат со целосен прекин во снабдувањето со електрична енергија. 🛠 Локација на дефектот и работа на ЕВН По контактирање на дежурните служби во ЕВН, добивме потврда...

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Невреме и тешко проодни патишта во западна Македонија

⚠️ Критична состојба на патиштата: Скопје-Тетово, Кичево-Охрид и Маврово-Дебар се тешко проодни поради невремето. Прочитајте ги деталите и советите за безбедно возење.

Известување за корекција на придонесот за вода и комуналии

Почитувани Тресончани, сопственици на имот и љубители на нашето село, Сакаме да ве информираме дека на последниот состанок на Извршниот одбор на Здружението на граѓани „Брзовец“, по детална анализа на состојбите и трошоците, донесена е неопходна одлука за корекција на износот на годишниот придонес...

Од инцидент до решение: нов објект за контејнерите во Тресонче

Во последниот период имавме неколку инциденти со посети на мечка, при што беше разрушувана заштитната ограда и дел од отпадот завршуваше во долот. Наместо да се помириме со проблемот, заедно најдовме трајно решение. Ново, безбедно место за контејнерите Со финансиска поддршка од АутоГруп, изграден...

Забрана за движење во шумите од 1 јули до 31 август поради зголемен ризик од пожари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ја информира јавноста дека од 1 јули 2025 година стапува во сила целосна забрана за движење во сите шуми и шумски подрачја низ територијата на Република Северна Македонија. Забраната ќе трае до 31 август 2025 година, како дел од...

Мијаците се чисто македонско племе, кое било на удар на соседните пропаганди уште од XIX век

Двете пропаганди ќе се истиснуваат една со друга, во зависност од општествено-економските интереси на Мијаците, односно која пропаганда-партија ќе „стави повеќе пиљави на кантарот“, кажано на локалниот дијалект, а што значи – кој ќе даде повеќе пари. Поедноставно кажано, изнудувањето големи суми...

Отворена е Петтата „Малореканска летна школа – По патеките на Дичо Зограф“

Во чест на македонскиот зограф Дичо Зограф денеска во неговото родно Тресонче ќе биде отворена петтата по ред Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“. Школата ќе се одржува во црквата „Св. Петар и Павле“ која се наоѓа во селото Тресонче и во Бигорскиот манастир. Под покровителство на...

Чести одрони на патиштата во Дебарско, на Маврово снег

Обилните врнежи од дожд на патните правци во поширокиот дебарски регион предизвикаа чести одрони на патните правци, а утрово на Маврово има и слаби врнежи од снег. Поради одроните, но и влажните коловози од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта...

Трета Малореканска Зографска Школа

Почитувани, Како и минатите години (веќе традиционално) ќе се оддржи малореканската летна школа “По патеките на Дичо Зограф”. Отворањето на школото ќе биде на 03.09.22 со почеток во 11ч во дворот на црковниот храм Св.Ап. Петар и Павле во с.Тресонче. На отворањето најавени се гости од...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

January 2026
M T W T F S S
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ