Дивата коза (Rupicapra rupicapra) е еден од најзастапените животински видови во околијата на Тресонче која со својата грациозност ги краси околните ридови, и не случајно покрај водопадот и врвот Брзовец е заштитен симбол на логото на селото и ЗГ Брзовец.
Во периодот кој следи ќе отпочне изработката на 10 годишна програма за зголемување на популацијата на дивокозата на територијата на Националниот парк „Маврово“ во која спаѓа и село Тресонче. Со таа цел денес во НП се одржа координативна работилница на која присуствуваа дел од вработените и директорот на Ј.У.Н.П. Маврово Самир Ајдини, Диме Мелоски како претставник на МЕД и Костадин Велчев, експерт за дивокоза од Република Бугарија.
Програмата е последна активност која произлегува од проектот “Конзервациски акционен план за заштита на Балканскиот Рис во НП Маврово“ кој заеднички го реализираат Националниот парк Маврово и Македонското Еколошко Друштво.
Сите вклучени страни се обврзаа да учествуваат во поддршка и имплементирање на 10 годишната програма.
Повеќе на gostivarpres.mk
0 Comments